1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собен велосипед (предности и мани)

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 6 март 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ја отворам темава за да споделиме искуства со овој тип на справа.
    Што мислите поубаво е возење со вистинкси велосипед или вртење во место?
    Првото би било поубаво ама кога се нема врема добра замена е собниот или статичниот велосипед.
    Сте имале искуство со ваков тип на справа? и ако да кажете нешто повеќе.
    Ги слабее нозете и колку време треба да се вежба?
    Можеби некој ја испробал во теретана ако нема дома, па кажете нешто повеќе.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Собен велосипед(предности и мани)

    Имав дома собен велосипед и искрено, слабо го користев. На почеток кога го купивме ми беше многу интересно, ама со тек на време го баталив. Инаку, ако си упорен мислам дека има ефект. Сепак вршиш некаква активност, се движиш, губиш калории и сл. Единствена негативна страна е што зафаќа простор и е доста гломазен и тежок.
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Собен велосипед(предности и мани)

    Немам дома ама го користам во теретана за загревање или после вежбање на крај, кардио, АМА само ако сум многу уморна. Па нали ќе си седнам, ако не друго, си гледам ТВ или си читам весник :D Најмалку е напорен, но и најмалку калории се трошат.
    И да, не е исто со обичен велосипед. Возењето велосипед во природа, покрај кеј или било каде е уживање. А овој другиот и не баш. Барем за мене.
    Сума сумарум, не сум воодушевена од статичниот велосипед, најмалку го користам во теретана. Предност давам на орбитрек или трака за трчање, па дури и на степер ;)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ене го, ми стои на тераса, повремено го бришам од прашина... |(
    Или маливе кога ќе ми дојдат на гости, им е интересно, па се качуваат на него и вртат.
    Ретко го користам, ама обожавам да возам точак, па штом се затопли времето го вадам од гаража.
    Го користам како превоз цело лето, каде и да одам.
    Не би купувала било каква справа за вежбање за дома, затоа што знам дека нема да вежбам. Затоа си уплаќам месечно за пилатес, па си одам 3 пати неделно. А вака дома, никако да се наканам.
    Освен тоа, возењето точак во природа е многу поубаво.
     
  5. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Имав собен велосипед и искрено вежбав често по 30 минути на ден и имаше резултати.
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јас и мојата бицикла на која што извозив 30 минути ве поздравуваме :hai:
    Морав да ја опнам сликава од лепотанов кој повторно го активирав
     

    Прикачени фајлови:

    • 20.06.12.jpg
      20.06.12.jpg
      Големина на фајлот:
      128,5 KB
      Прегледи:
      1.375
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    хаха добра си и овде со сликиве одлично ....... јас на мојот му одвојувам по 1час дневно последниве 10дена и одлично е ако не се слабее бар се затегнува
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    Здраво женски, ајде едно прашање... :) Сакам да купам справа за вежбање дома, но се двоумам меѓу точак и степер. Што би ми препорачале, дали имате поубаво искуство со некој од овие :) Ви благодарам многу :inlove:
     
  9. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Јас мислам дека ти е подобро велосипед затоа што јас имам степер 2-3 год некаде и го користев 1-2 недели и многу ми е безвезе не ми дава инспирација да вежбам.Сега стои во ходникот и искрено најубава закачалка за чанти е :D
     
    На Name и Arianna им се допаѓа ова.
  10. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Е јас дома имам цела теретана абе се имам и никако да вежбамм ко че ми текнит самоомалку че повежбам :(
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    мана што со тек на врееме станува здодевно на некои
    А предности сладее,зацврстува,итн
     
  12. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Неодамна имав операција на колено и поради ризичноста на било каков спорт, докторите ми препорачаа возење велосипед и пливање како единствено нешто што би било без ризик. Арно ама сега е ладно и за велосипед не е така добро. Се опоравувам од операцијата и барам за недела две да си купам статичен велосипед, кој искрено не можам да го платам повеќе од 4000 ден. Да не знаете каде можам да најдам поефтин или некој што продава - сакав да си купам еден од техномаркет (3000 ден.), ама немаат на лагер или сите што ги имаат се оштетени :(
     
  13. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    http://www.najevtino.mk/p/neo-bk-131-ex ... bike/31029

    http://www.najevtino.mk/p/neo-bk-230-ex ... bike/31031

    Еве повели, можеш на оваа страна да си разгледаш :) Ти посакувам среќа во опоравувањето :)
     
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Јас се двоумам помеѓу собен велосипед и степер.
    Сакам да си ги затегнам задникот и стомакот, па не знам која варијанта ми е подобра.. Можеби некоја трета? :)
    Туку муабетот ми беше цени да не знае некој да ми каже, да знам колку треба да си заштедам?
    Оние што веќе си имаат купено велосипед или степер сигурно знаат како се движат цените.
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јагода јас мојот собен велосипед го купив за 3000 ден. ама ене го дома ми фаќа прашина.
    Ако купуваш некоја справа поисплатливо ти е степер или некоја поскапа од велосипедот како на пример Орбитрек, навистина ќе дадеш малку повеќе пари, ама барем имаш вежба за цело тело, а не за посебен дел. Ако бираш измеѓу велосипед и степер, јас би ти препорачала степер, од причина што знам дека јас не вежбам на мојот велосипед(зошто немав никаков ефект, многу слаб напор, како играчка ми е) и кога би бирала т.е би имала можност да купам пак и да бирам меѓу нив две би одбрала степер.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Како што веќе напоменав горе, тие велосипеди ги има во техномаркет, ама ги немало и немало да донасаат повеќе. Нивната веб страница е за жалење со погрешните информации кои ги дава, а со тоа се лажни и податоците на Најевтино.мк

    Во секој случај ти благодарам.

    Поздрав

    ПС ако некој од вас не користи статичен велосипед, а има дома и му служи како закачалка за алишта, нека ми пише ЛП да се договориме за цена, ако случајно сака да го продава.
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Јас имам степер и искрено мислам дека повеќе калории се трошат со степер отколку со собен велосипед,од причина што со степерот го вежбаш цело тело бидејќи самата даваш отпор,како кога се движиш,а со точакот се тренираат само мускулите на нозете.
     
    На london-girl и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  18. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Колку често вежбате?

    http://www.topshop.com.mk/soben_velosip ... 57-mm.html ај ве молам за хелп...сакам да почнам да ослабеам малце имам сало не е многу големо но сакам да го земам овој точок од топ шоп дали е добр незнам некој има ли искуство точокот ке ми помогне ли да си ги зацврстам мускулите и да ги изгубам маснотиите што ги имам над стомакот СЕГА МИ Е ЛАДНО ДА ТРЧАМ НАДВОР ОД МАРТ КОГА КЕ СЕ СТОПЛИ КЕ ПОЧНАМ ДА ТРЧАМ....ај за хелп... :*
     
  19. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    ве молам за одговор??? :/
     
  20. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Јас го земав тој од биди фит (топ шоп) 6290 ден. Немој да очекуваш премногу од него, јас го земав за рехабилитирање на ногата, ама во глобала ги зацврстуваш само бутините...маснотиите над стомакот ссе тргаат само со диета (читај нејадење глупости) и со стомачни вежби.

    Поздрав :)