незнам како што знам со трчење најубаво се тргаат маснотиите ././/па затоа ве прашувам вас ... на форумов
Да не знаете како можам да го стишам точаков? Се утепав од барање на интернет, ама решение не најдов. Сите работи што ги прочитав ги применувам. Не дека бучи силно, се слуша лизгањето на лентата, ама најверојатно ни се тенки ѕидовиве на куќите, па го слушаат комшиите Особено затоа што вежбам претежно навечер, за после одма да се истуширам и да легнувам. Не можам денски да вежбам... А навечер па тивко е и уште толку се слуша Од прееска го студирам точаков, ама ако фатам да изигравам механичар, гарант ќе го зезнам или броењето на километражата или брзините...
Мене ме интересира дали има некој што има резултати од редовно вежбање на статичниов велосипед?Се мислам дали да земам, ама доколку не би било ефектно за џабе да не ги давам парите и да земам друга справа.
Јас никогаш го немам користено чудово,ниту го имаме дома...но еден мој роднина за месец дена,или помалку не знам точно ослабна 10 кила со возење на велосипедов...а за исхраната се исто јадеше освен што обичниот леб го замени со црниот
Идам тука за совети, се што најдов се демотивирачки пораки хахаах решив да собирам пари и лично си купам еден точак за дома дека не смеам да трчам од повредата на ногата а за точак за надвор секогаш имам изговор ако врне или паѓа снег овака дома ти е и секогаш го гледаш те потсетува да вежбаш, но сите пишувате како со тек на времеви се здосадува... Ако има барем еден што сеуште го користи пишувајте за малку мотивација!
^ Еве јас сум тука Последнава година ипол редовно го користам, обично вртам по 10 километри. Не вежбам секој ден, најчесто преку еден ден. Пуштам серии или филмови на лап топ и така полесно ми поминува времето. Најголема мотивација ми се изгубените калории, бидејќи користам myfitnesspal, па убаво ми доаѓа кога ќе видам минусирани калории Само внимавај на која брзина и колку вртиш, затоа што јас минатата зима еден период вртев секој ден по 20 километри и почнав да набивам големи мускули на нозете. Па стагнирав ете период и вежбав само пилатес.
Има ли некоја феминка на која и е здосадено од бришење прашина од статичниот велосипед кој не го користи, да се пазариме зошто ептен си имам мерак за еден точак? Ако има такви, пишете ми ЛП Фала ви
Девoјки дa ве прaшaм. Целулит се тoпи нa пoлеснo вртење или нa пoтешкo? Пoчнaв нa пoтешкo aмa ми е стрaв дa не нaбијaм мускули нa нoзете.
@SunshineYo подобро врти повеќе километри во прва брзина, отколку помалку на потешка. Јас една зима така се зезнав, нозеве ми станаа како на Серена Вилијамс
Ја дојдов да ја соберам пајажинава на темава Почнав да возам по 5-10км на собен точак , убаво се чувствувам Прашањето е дали е тоа малку или многу ? Ајде кој вози ,нека сподели и заедно ќе патуваме