Собирам пари за...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од SexyLady, 19 јуни 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Не секогаш имаме готов кеш за да си купиме се што ќе посакаме...
    Честопати ни се случило (барем мене :$ ) да се лишам еден-два дена од јадење во школо за да присоберам пари за да си купам нешто.
    За што собираш пари моментално? За што би собирала пари - што вреди за да се лишиш од едно нешто за да го добиеш посакуваното? На кој начин собираш пари?
    Напишете што сакате следно да си купите и за што собирате пари, безразлика дали е нешто големо или мало, евтино или скапо... безразлика дали ќе ви биде потребно 2 дена, недели или години за да ги соберете тие пари... :D

    Јас почнав да собирам пари за ваков убавец:
    [​IMG]

    (сметам дека темава е добра, доколку нема активност - клуч)
     
    На Osamena devojka, Samomarija.056, doiwannaknow и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    184
    И јас како тебе, често не јадам и си собира пари, најчесто кога не сум гладна. Ретко кога собирам конкретно за нешто, секогаш собирам пр за маички фармерки шминки накит. Собирам пари секогаш но без конкретна цел. :wasntme:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    123
    Гитарче, акустично. Ако ми ги вратат долговите ќе имам доволно и три да купам, ама знам дека не се во добра финансиска состојба, па не барам.
     
    На Hayley, senza.parole, Nevermore и 2 други им се допаѓа ова.
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.526
    Обчино низ школската година не јадам во школо и така собирам пари. Со тие пари излегувам и купувам нешто како облека, подарок за некој од домашните, некоја добра книга и сл.
    Секогаш си велам дека ќе собеам пари за добра акустична гитара, но некако слабо иде.
    Моментално собирам пари за роденденот на татко ми. :)
     
    На Buterfly-girl и SexyLady им се допаѓа ова.
  5. Maria.cupcake

    Maria.cupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Моментално за роденденот на татко ми :) Уште да знаев што да му купам :D Инаку обично собирам пари за „покрупни“ т.е. поскапи работи како на пример нов телефон, iPod и сл. :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Слаба страна ми е некако собирањето пари. Доколку ми дадат повеќе, вишокот го тргам настрана. Но некогаш и тој исчезне :lol: . Ај за ова, ај за она, помалце и отидоа. Нај не ми се трошат тие во касата. :lol:

    Туку за што собирам. Еве сега имам присоберено за римјанки. А собирав за гитара, телефон, новчаник, некоја блуза, фармерка...и сл. Некогаш за едно собирам трето купам и така.
     
    На Mai-Shu-meng и SexyLady им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Никогаш не сум рекла сега ќе собирам пари за да си купам нешто,никогаш. Но, пред некое време земав едно пластично шише од сок, го пресеков само да влегуваат ситни пари во него, и секогаш кога имам ситни пари ги ставам во шишето.Вадење нема, бидејќи па и нема од каде.Ќе собирам додека не се наполни,ако треба и 2 години нека поминат не го отварам.
     
    На gochhe и SexyLady им се допаѓа ова.
  8. AliceVanNacht

    AliceVanNacht Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пари за концерт ми требат...собрав еднаш и малце потрошив :?: :D и сега пак треба да збирам....... :D
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.764
    А каде ги собирате ?
    И јас да појдам таму , да присоберам. :worried: :sweat:
     
    На LittleFairy, unconditionally, united и 9 други им се допаѓа ова.
  10. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    929
    Неможам да заштедам пари..сите ги трошам :D :D :D :D позз :*
     
    На KidCudi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Да ви кажам искрено почнав да штедам за иднината која е неизвесна,и на добар пат сум,не вадам ни ден.од на картичка :D засега добро ми оди па ќе видиме...ако не ме фркне филм за нешто па да потрошам се наеднаш :D
     
  12. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    59
    Собирам пари за факултет,скромно од моја страна :lol: ,ма не, стварно почнав и да работам за тој факултет,едноставно треба да се жртвуваме за да постигниме нешто во нашиот скапоцен живот ;)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    45
    офф јас и штедење тоа иде некако мноогу тешко :lol: кога сакам нешто стварно многу без разлика што, знам да заштедам малце, а сега конкретно почнав да собирам пари за на одмор, а кога ќе се вработам понатака планирам дел од парите да ги штедам за стан во кој ќе се вселам со другарките ( ова ќе биде еден ден се надевам) :D :lol:
     
  14. MaciMiay

    MaciMiay Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    За обилен шопинг :D
     
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Секогаш собирам пари и на крај ги трошам за прости работи или ги позајмував и никогаш повеќе не ги гледам. Моментално собирам пари не знам за што, не знам каде ке ги дадам ама битно собирам пари.
     
    На esperanca и SexyLady им се допаѓа ова.
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Собирам пари за одмор! Всушност преку цела година си собирам пари за одмор и супер ми доаѓа во лето кога си имам веќе присоберено околу 400 евра и плус парите што ме следуват од дома пред одмор :P јухууу, уживанција! Многу ми е значајно во летната сезона пред одмор да располагам со доволно голема сума пари за да си купам се што ми треба! Затоа преку цела година од секоја плата заштедувам околу 1000,2000 денари и потоа ги менувам во евра ;) за да ми бидат сигурно заштедени!
    А за облека, накит, шминки, чевли не собирам пари,кога ќе си ја земам платата си купувам што ми треба!
     
    На Elinora, Ance-to, Jojoba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    О боже, јас 9 години собирам пари. Половина од просечната плата на еден македонец! :clap:
    Ама што да си купам неам појма. Ич не ми се трошат! :D
    Ќе испланирам нешто поголемо да биде. :)
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Ваш стан? Аууу ова е најоптимистички од сите, мислам дека си една од ретките млади што за тоа штедат. Зашто останатите знаат дека е невозможно. Без мама, тато и кредит да купиш стан во денешно време. ЈОК.
    Кога ќе собереш само за себе најмалку 20 илјади евра јави :D

    Јас не штедам. Неможам. Порано кога учев и студирав штедев многу и си купував некои работи кои ми требаа, си бев еднаш со мои пари на одмор. Сеа кога работам со најмалата плата (тоа е искористувањето на млада работна сила :devil: ) добро е и задоволна сум што си ги покривам месечно сите мои трошоци и работни и приватни и што не барам пари од моите. Сериозно сум среќна што тоа успевам да го направам :)
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    618
    Јас секогаш собирам пари.Лоша навика ми е што кога ќе излезам се што имам треба да потрошам.Затоа,моите почнаа да ме учат на штедење.Не ми купуваа нешто што сакав наеднаш туку секој месец ми даваа одредена сума да си ги собирам.И ми велеа,кога ќе собереш купи си,ако ги трошиш парите нема да собериш.Така јас со собирање си купив мобилен,лап топ,дигитален апарат,мп3,пегла за коса..Сакаа да ме научат малку да собирам пари и успеаа.Сега секогаш штедам покрупни пари за вака покрупни нешта,ама пуста навика се што имам во мене ситно трошам :sweat:
    Патем,моментално собирам пари за нешто..ама не знам што.Напредувам со собирањето така да сигурно наскоро ќе се подновам со нешто убаво,ќе ве известам што ќе биде кога ќе се одлучам! :)
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Искрено со мојата плата не стигам до крај на месец да иам пари а не па да заштедам ... тргам пари на страна да можам да идам до кај деЧкоми (зборам за карта за воз 3000 ден летаат ) :( :(