Собирам пари за еден трактор да си купам. Така, по можност зелен и да го фурам по улициве на Скопје. Еве на пример овој има и покрив: Спојлер Има избор имаа, не велам не. И собирам пари за зимување, жал ми е моите до толку да ги изгребам со пари па ајде малку и јас да жртвувам од моите залихи
Собирам пари за кола...Се надевам до Нова Година да си купим веќе. Парите за таксита, кои сме потрошили, до сега да бевме си купили, ама кога не се ни били на куп парите...
За што не? Спојлер * да се разбериме, не мора Лобутинки да бидат; тоа би било веќе премногу - вакви слични; Њујоркер ...
За сестричка на Ј Ама пред тоа има други трошоци. Кола во најбрзо време. Тераса да си направиме гооооооолема, дворот да го досредиме иииииии потоа може сестричка на малиот.
За свадби кои ме чекат во следните 2-3 месеци ! До Нова Година ќе работам за свадбарски фустани и подароци во плико... Ох мори мајко,ќе мора да искористам џокер ,,повикај родител,,
Од кај збирате и јас да дојдам да соберам ?! Онака тргаме настрана пари, за црни денови, за ништо посебно..
Собирам пари за аплицирање за работа во Германија за следното лето. Нема шанси да го пропуштам и ова.
Од денес ќе почнам да собирам пари за дигитален фото апарат... да не знае некој цена од прилика да ми каже ?
За да си купам рипчиња и тоа од оние златните +една албино(истиот вид само белка). Си го гледав аквариумот така празен, ми недостасуваат, па нови ќе си купам
Собирам пари за се што е лилјаково! Ми припадна со оваа боја, сакам лилјакови фармерки, лилјаково фустанче и палто!!!
Има и за околу 4000 Инаку јас собирам пари за Нова Година. Сакам некаде да му ја здувнам надвор од државичкава!
Имаш и поефтини јас мојот си го купив 4000 со се вклучено (батерии, полнач за батерии, мемориска карпичка и футрола ) од АМЦ