НИКОГАШ НЕ СОБИРАМ ПАРИ! не дека не сакам туку ете така неможам... Ме чешаат парите во џеб (што би рекле моите) и веднаш ги трошам... И верувале ил не функционирам така. Ако имам моментален прилив, излегувам, шопингувам, купувам шо ќе ми ќефне. Кога нема -нема- си седам дома. Бидејќи и работам како хонорарец, немам фиксна плата, плус некогаш додатно излегуваат таканаречените `тезги` кои ние уметниците ги мрзиме, но без кои не можеме да преживееме. И така си се навикнав. таква е мојата работа... НЕКОГАШ ИМАМ МНОГУ, НЕКОГАШ НЕМАМ ИЧ. СЕ ТРУДАМ ШТО ПОВЕЌЕ ДА ОСТАНАМ НА ОНА ПРВОТО!
моментално за пудра. мама прво не ми дозволуваше да ставам, а кога ја намолив ми купуваше само Miss Sporty. А сега сум повозрасна, и сакам некоја поубава пудра, како Seventeen или нешто така (ми ја препорача продавачката у Cosmo)
Jaс до сега имам собрано пристојна сума на пари!! Имам список што сакам да си купам така да не е една работа.. и неможам да кажам дека собирам само за едно нешто! ..
Јас не сум толку амбициозна да собирам пари за крупни ствари како гитари или фотоапарати, најчесто од заштедата купувам облека, чевли или козметика. За другото тато е тука
Јас досега не сум собирала пари за ништо, освен порано ко ептен малечка за роденден на мајка ми или татко ми, неколку пати и на сестра ми да ги изненадам Инаку, моите ми даваат пари секогаш и се така постојано. Сега решив да собирам пари од тоа што ќе ми дадат да си тргам настрана за фустан, за мобилен би сакала ама скап е не верувам да соберам, нема шанси, за специјалниот ми магичен шампон ииииии за љубовта моја оваа година ќе собирам пари што ќе ми даваат за да му купам убави подароци