За кола, 50 евра имам и уште 11 650евра ми фалат... За на одмор, сакам да одморам 1 месец и за тоа ќе ми требаат повеќе од обично.
Хахахаха ме насмеа со колава и јас го иамм истиот проблем ... Инаку почнав да собирам за годишнината па мм сакам да го изненадам со златен ланец и крст.
за ламба во мојата нова соба,за огледало и за ланче едно што го бендисав а иначе и собирам друго за кога ќе идам на одмор еден убав шопинг да си направам
За факултет, главно, па в банка одат. Ако некогаш ми потреба нешто под итно, секогаш имам доволно пари да го купам. Кога ќе одам Скопје или Охрид нон стоп многу трошам. Иначе собрав 200 евра за гитара откако татко ми ми ја “одзеде’’ таа што ми ја купи за роденден затоа што сум ја носела по ливади и сум им давала на неодговорни да свират Ама се премислив, посекако барем една од 3те гитари ќе успеам да ја извлечам од дома кога друштвото ќе посака свирка..
најчесто собирам пари за некоја добра книга,накит,шминка.... моментално собирам за 8март да имам по нешто да купам за мајка ми , баба ми , другата баба , стрина mi.......