Имам речиси две шишиња полни со метални парички и уште ќе си собирам ќе се најдат за нешто сакам гардероба да си подновам а и ми се шета
За црне дане . Од денес почнав да собирам пари за поклон (иако може нема да успеам никако да го набавам)
сега си ги пребројав ситните парички, си имам 98, 2 денарчиња ми фалат за членската картичка во библиотека хахахах шала, сеа брзо почнав да собирам за да соберам некоја одредена сума и да си речам, е сеа ќе живеам ко господин и да ги испотрошам одма. знам, нешто не е во ред со мене, хахаха.
Сега собирам пари за подароци за 8ми Март. Точно знам на кого што да купам,имам некои идеи,и се надевам дека ќе им се допаднат.
Собирам пари за лап-топ и моментално имам собрано 102 денари Па добро е, со оглед на тоа дека само од џепарлакот за викендов кратев, многу кратев..
Иако многу тешко ми оди штедењето морам да се стегнам малку и да соберам некој денар Прва цел ми е на мама да и купам некој убав подарок за 8 ми март зошто смачено ми е секоја година ружи да купувам После тоа јас сум на ред и планирам да си направам еден убав пролетен шопинг
Јас овој пат решив заедно со ханито да штедам.Си зедовме пластично шише и ги ставаме сите метални пари.За еден месец собравме 1900 ден. а ги собираме за нафта и патарини за да шетаме во Април кога ќе го земе одморот
Собирам пари ама за што не знам, ке одам негде до кај 5 000 после ке видам што ми е најнеопходно ке си купам.. па кај да е сега имам 1 200 ке стигнам до 5 000
Собирам пари за едно новчаниче,за обновување на гардеробата и едно поефтинко парфемче... Тешка работа да соберам толку парички,ама нека ми е со среќа еве и тука да пишам,за официјално да биде