пари од секогаш сум успевала,сум сакала, и сум знаела да заштедам... бидејќи знам како е и да се нема а во последниве години да се има многу,никогаш не сум престанала,и кога си имам мои заштедени пари сум си по самоуверена,мада летово тешко штедам ама затоа коа учиме и здравје од септември за на фах охохохо пуна од заштеда
не собирам пари на книшка ми стојат парите што ги добив за матурска од блиските и сега од праксата што ке си ги земам и тие ке ги ставам да стојат мои се и не планирам да ги потрошам сега за сега....
За гооолем шопинг во Грчка ако предтоа не успеам да ги потрошам овде ретко кога штедам пари за нешто (пример: Ќе штедам за телефон, апарат, патики) тие работи ги оставам мама и тато да ми ги купат. Јас ќе присоберам малку пари и веднаш ги трошам на козметика или нешто слично. Дури и за алишта ретко јас да си купам од заштедени пари. Имам другарки за патики си штедат пари и потоа си купуваат. Мене три години ќе ми требаат за да заштедам 3000 денари . Сега имам некој денар (среќа ми останаа од едно патување), ќе се потрудам да ги зачувам уште еден месец за шопинг
Не собирам, сами ми се собираат Озбилно ми остануваат секогаш од тоа што дневно ми даваат, коа ќе видам дека имам нешо собрано, а притоа не ги бројам нонстоп така стуткани ми стојат и коа ќе видам дека се присобрале влагам у првата продавница Понекогаш собирам за да платам Орифлејм или Авон... за друго не Треба да почнам со собирање
погреб се шалам не собирам пари за ништо, јас само е**м пари, кај мене пари повеќе од 2 дена не стојат
Собирам за мемориска картичка веќе откако го купив мобилниот, значи јуни минатата година и еве уште ги собирам. Заклучокот е дека не можам да собирам пари колку и да сакам. Имам некој денар присобрано од полу матура и најверојатно ќе си купам микрофон. Не сакам сите да пропаднат на шминки и лакови.
Их, темава само за мене, голем штедач сум, посебно на пари. Се случува да штедам и да соберам одприлика 6000 денари месечно ко ќе е месец на родендени и празници, па што да правам кога секое одење кај баба и дедо в село добивам по стотка ? Доволно за во месецот од кај нив да соберам 400 денари, па и плус од сестра ми ете ти 800 денари. Од кусур често знам да тргнам настрана, тие денарките обавезно мене ми се оставаат, сите ги терам да ми ги оставаат на едно место, ја од таму во мојта касичка ги префрлам, не дека се собираат којзнае колку, ама онака интересно ми е да имам заштедено пари, си се радувам макар и стотка да најдам на некое место ако сум ја заборавила, ќе ми користи. Еднаш братучед ми чуваше во едно шише полно беше со ситни парички ко бевме помали До сега имам многу пати заштедедно многу пари од родендени, слави, онака што ми давале баби, дедовци итн, ама или ќе ми ги земат моите демек ќе ми ги вратат и многу пати не ми ги вратиле или ќе ми купат нешто со парите или ќе ми ги вратат со камата Ама најчесто ко ќе ми побараат на заем од заштеденото ми враќаат, поштени се Имам некаде 400 евра заштеда моментално, сосе парите од екскуризја што ги заштедив и пари што ми ги дале моите за да купам нешто што ќе вреди, ама уште не знам на што да ги потрошам, т.е правам планови, од повеќе глава не боли, ама морам убаво да пресметам, не ми се трошат мене така лесно пари, инаку пара ко пара, и милиони да имаш за еден ден можеш сите да ги потрошиш Ќеф ќе ми биде сама ко ќе ги заработувам, знам дека тешко се заработуваат, па уште потешко се трошат сам ко ќе ги заработиш, ама барем ко ќе заработувам сама онака милина ќе ми биде да си приуштам нешто за кое што сум дала труд за да заработам па да го купам .
Ова ми е трет ден на работа па до крајот на летото се надевам дека ќе успеам да соберам доволно за да им вратам на моите што вложија, а здравје ако остане сакам да имам back up за во мкд, за концерти (секогаш ги пропуштам поради тоа што немам пари ), да не барам од моите за поклони, да си купам мартинки, екстерен хард диск и фотоапарат, и онака да има за кризни времиња
Моментално собирам пари за една ташничка што си ја меркам некое време и едно lingerie комплетче не се некои големи пари ама не сакам на моите и за такви ситници да им барам пари затоа што не работам а од мојот студентски џепарлак може да се зачува барем за по некоја ситница
Леле кога ќе слушнам од постариве баби дедовци дека собираат пари за УМИРАЧКА ми е не знам... Мислам реално и треба да се собираат затоа што стварно е трошок ама многу морбидно ми звучи Јас моментално и последниве 6 месеци си собирам пари за одмор Собрав 250 евра барем за смештајот и патот, а за таму ќе ми дадат моите, за целосно да ми платат оваа година немаше можност па морав. Најмногу од се мразам да штедам пари, едноставно ме прави нервозна тоа, ама мислам дека вреди за одморче Инаку штедам на такси(особено од кога го поскапеа), на искачања на пример ќе излеземе со дечко ми во парк место на кафе, или ако излагаме со друштво после кафе/кафана нема да отидам секогаш во диско и така, не ми е баш убаво ама сега... Исто на храна, не да останам гладна туку на пример после доручек не мора да купам кока кола или чоколадце и така, иако ова најтешко ми иде Значи во глобала штедам само кога морам, а најголемиот штедач што го знам е братучедка ми Такви луѓе не можам да сфатам, штедат и на ништо не трошат пари и тоа огромни суми пари собирани со години и години, ок е, не мора во еден ден сите ама барем нешто да си купиш од време на време... Како и да е во гроб никој нема да однесе, така да кога имам си ги трошам и ич не и е гајле
Собирам железни 50ки и 10ки. Зошто? -Не знам , така си ги купчам . Ништо не им бев смислила ама сум собрала на кај илјадарче па планирам да си купам топка за пилатес , најпаметно ќе ми биде.
На одмор , ако даде Господ . А бај д веј , железаријата планирам да ја истурам одручек во едно бутиче и да си купам морнарско блузиче . Па држете срека да не ми го купи некој !
Јас да собирам пари ??? Ќе биде чудно и пречудно, јас ја земам платата и ја трошам за една недела и после им се гребам на моите A сега се подразмислив оваа плата што ќе ја земам да си заштедам некој денар за на одморче со бојфрендо така на 5-6 дена до кај јужниве соседи зошто немам одмор целосен со работава, 6 месеци не смеам да земам одмор ааааахххх
Јас бесцелно собирам пари и ги трошам после некое време за онака нешто, што да е, се нашло за трошење. Toa ми е ко собирам пари за црни денови... мада поима немам кога, ни дали ќе дојдат. Штедлив човек сум по природа, не дека се стегам да не трошам, него од секоја плата морам да тргнам некоја сумичка што не ја чепкам и која се лепи за некоја друга сумичка од некоја претходна плата.... мада не за многу паметни работи ги имам фукнато сите до сега заштедени пари ма никој не е совршен . Освен мама... увек ми наоѓа начини како попаметно можело да се изарчат пари, мада тие веќе ошле курбан.
Пари не можам да штедам, можеби утре ќе ни ја сменат валутата, па сакате да ми пропаднат сите ?!! Се шалам секако Инаку како и да е пари не се за мене, секогаш можам да им го најдам крајот, само штета што моите не можат да го најдат крајот со мене Некогаш штедам, штедам и ОП ќе ги потрошам на некоја глупост Инаку штедев за ЛАП ТОП и морам да се пофалам дека си го купив пред три дена Моментално си штедам, одвојувам од џепарлакот по малку за на одмор Што да праиш мора и јас со нешто да помогнам Како и да е за мене само credit card with no limit и the world is mine И секако некој да може сето тоа да го плаќа !!
Не работам, не добивам пари од баба ми и тетка ми како кога бев мала (за чоколадо ), од кога почнав да правам и да продава понекогаш накит моите престанаа да ми даваат џепарац па сама си се финансирам за искачања и од кај да штедам?! Да не е стипендијава море пак немаше да видам! Ќе дојде време и јас да работам (по струка) тогаш ќе видам дали сум штедлива личност како што мислам дека би била.