За подарок за свадбата на другарка ми и фустан што ќе го носам по истиот повод. Спојлер Се надевам ќе ги сочувам тие што ми се за авионска карта
Значи јас секој понеделник почнувам да собирам пари за нешто, но иде викенд нели и во недела кога ја пребројувам заштедата гледам дека имам уште 30-40 денари. Немам ни на цигари... Еве денес полнувам да собирам пари за во Петок за в кафана со класот од средно. А инаку собирам ситни парички во каса имам околу 1200 ден сега за сега, но немам одлучено уште за што да ги потрошам. Се надевам дека ќе ги чувам за нешто поголемо. Но дури да ми се бендиса нешто што морам да го имам па сите надежи за поголемото нешто да пропаднат во вода
Цел живот собирам пари за... црни денови. Што еднаш ќе ми влезе во заштеда, не излегува од таму. Од кај знаеш, сешто може да се случи некогаш стварно ќе притреба па ќе се чудиме. Може да бидам страшно опсесивна при собирањево на пари но еден ден сигурно ќе се испати.
За мажачка сега собирам пари конкретно за Шпанија а иначе, ја константно собирам пари, ама ми немаат сеуште намена
Абре ова моево, собирај собирај, се убив собирајќи-пак ништо, ама нема више од каде.... Секој ден некој нов трошок, аман веќе. Инаку, генерално земено, собирам за некои парчиња гардероба кои итно ми требаат-балетанки, кошулка, тенко џемперче.....А може и нешто шминка ќе притреба. Уф.
Како ти успева? Кај ги чуваш? Инаку јас стално собирам пари за нешто без да знам за што. Па најчесто собраните ги трошам за нешто „големо“ зависи дали е патување или нешто што ми треба да купам
Собирам пари за штикли и никако да ги соберам собрав 600 ден и потрошив 200 за блуза , ке соберам до летото секако
јас ги собирам и никако да соберам повеќе ама од сега еве почнав озбилно да ги собирам сакам цело лето хрватска да го поминам се надевам ќе успеам