Собирам пари за многу работи, ќе почнам да ги складирам во магацин од тоа што доаѓаат од сите страни, паричникот не ги собира. Поконкретно, еве за овој ѕвер собирам пари, ќе го земам на крајот на месецов. Конечно, после 5 год. тортура на сегашниов лаптоп на кој душата му ја извадив, а супер функционира како вчера да е купен заради тоа што се грижев за него и го чував , ќе земам нов лепотан. “Типчето“ на сликите растура. Најнова генерација Intel процесор i7 со 2.40 Ghz (до 3.60 Ghz максимум), 1000GB т.е. 1TB хард диск, графичка nVidia GT 635M - 2GB и 8GB DDR3 RAM меморија. И сето ова за “само“ 40 000 ден. Ајдееее уште малку и ќе му се радувам. Инаку, собирам пари и за други работи како на пр. летен одмор за кој минимум 500 евра ќе спичкам , па за некоја количка на ново или на старо од 2-3 илјади евра до крајот на годината, здравје само па ќе биде се'. Нека има само пари, па ќе им најдеме намена. Задоволството е уште поголемо кога знам дека овие работи си ги обезбедувам со мои спечалени пари со труд и работа.
Саем на книга, ако остани нешто за нокти или балетанки. Си ги собирам од роденденот, кој патем, беше во јануари.
Бидејчи Дедо Мраз не ме израдува... Собирам за: пудра,коректор,римел,кармин,руменило,сенки,четики за шминкање,сако,панталони,балетанки,штикли,кошула, сукња, патки, очила за сонце,мноооогу накит итн... Скромна сум, знам
Ја секогаш собирам пари за другите,имам се што ми треба и не барам многу само здравје и срека,до неодамна дедо ми имаше проблем со исврлање на течност и ја барав на интернет како да му помогнам бидејки не слуша ништо што ке му се каже си тера по свое,собирав пари за еден чај кој му го купив и го терав да го пие и многу му помогна и срекна сум заради тоа,сега собирам пари за роденденот на мојот дечко сакам да го изненадам најмногу што можам. Спојлер До сега собрав 1100 денари.
Па јас сеуште немам собрано пари ..Наскоро ми е роденден па ќе соберам некој денар за патики,фармерки,нов паричник..сакам и пегла за коса али тоа понатаму