Да се самоцитирам од 2 септември има уште еден роденден па после дури крајот на октомври така да, од четвртокот почнав да собирам пари за да се подновам со 4-5 парчиња есенска облека и до сега имам 143 денари (а парите за лаптоп не ги чепкам)
Сакам да му купам на дечкото некој убав поклон, заслужил! Е сега дали ќе соберам пари доволно за тоа што сум наумила ќе видиме
Почнав да собирам пари за патување за нова година ама излезе свадба и ај да те видам чувај ги лупнав на фустан со долг ракав ај пак сега и чевли немам соодветни(до душа доста време немам купено)ај сега и за тоа само нешто излегва но од наредниот месец работата ќе си ја земам за озбилно мора да соберам некоја паричка
Онака за црни дни Си собирам железни што остануваат во оние тегли пластични од лижавчиња, си ја обложив украсив со украсна хартија, па реков додека не ја наполнам не вадам ама колку ќе си достојам на зборот ќе видиме зошто баајѓи е голема
Си собрав 100 евра, си купив кожна јакна и сега сум си мирна. Сега собирам за некои други соленки парчиња облека.