Црна јакна-купена Од понеделник почнувам да собирам за уште еден пар чизми, малку повисоки да бидат сакам абе 1000 денари да соберам,па за остатокот мама ќе даде
Собирам за зимска гардероба(капут,шал,ракавици,капа,блуза,пантолони,чизми). Истенчив се што имам и зимава не се тера веќе со летните блузички,така да блузите по кратки ракави официјално денес ги шитнав,а немам ништо зимско. Терам со една јакна летна,не се може вака. Друго,собирам пари за Нова година и за поклони за најблиските.
Собирам пари за сметки, палто, чизми и еден подарок за Нова година. За палто и чизми собрав, но уште ги немам купено, се двоумам да не излези нешто поубавко... А за подарокот имам време уште малце.
Напредок!!! За само неколку месеци собрав уште 100 евра! Имам 500 евра, и 40 австралиски долари! Готово, ако има Папилон веднаш земам!
Собирам пари поточно штедам за ГИТАРАА Се надевам дека мојот сон да имам гитара неогаш ќе стане реалност
Дообука и доусовршување во мојата работа и набавка на посовремени апарати .Се надевам нема залудно да тупнам пари за нешто што го сакам а од другата страна те гледаат како офца за стрижење .Македонија и професионалноста некако ми се како зејтин и оцет стави ги заедно не си пречат,одат во комбинација а не се ни мешаат
Си собирам пари за кујнски апарати поточно за електрична цедалка за лимон и за сецкање на зеленчук (незнам како се викаат точно)
изгледа тина и во мое име пишувала хаха...и јас сакам гитарааааааа тина,се надевам дека ќе собереш доволно пари за да си ја купиш гитарата што побрзо!