За лаптоп, ама не верувам дека ќе ги соберам. Секогаш наоѓам нешто друго да си купам со собраните пари за нешто конкретно и пак него купувам тоа за што сум собирала пари.
За некои 20 репродукции од слики , да ги ставам во рамки со стакло... За испланиран пат во европска метропола во октомври
Моментално од плата во план ми е да издвојам за апарат за еспресо. После сите кај мене бујрум Кратко,долго еспресо....
Како собирам така ми ги собираат ... јас сум каса прима , каса дава но утре ќе си го купам фустанот... е овој пат не и го давам
собирам пари за лаптоп се надевам дека годинава ќе го купам редно време е ги чувам парите од матурската пред 1 година
Немам некоја конкретна цел, штедам за себе, без некоја причина Штедам на многу начини. На пример, ако ми остане некој денар од денот, го оставам на тајното место Или кога ке појдам кај баба, они ми даваат пари и нив ги штедам. А и секогаш кога ке облечам панталони, или дуксер, наоѓам по некој денар
моментално собирам за патики. инаку преку цела година собирам... ониe пари што ми остануваат од школо или од излегување и тие што ми ги даваат баба ми и дедо ми си ги ставам настрана, и кога ќе присоберам повеке одам во шопинг ))