Не собирам. Немам од каде да собирам... Не ми стасуваат и тие што ги имам за да можам дел од нив да чувам.
За да им уплатам аранжман за Нова Година на моиве во Каиро. Ќе ми треба уште некоја плата Летово им уплатив за Хургада ама откако се случи што се случи, се откажа патувањето. Бидејќи голема желба му е на татко ми одамна, мора овој пат да биде
После ќе те читаме низ темине за тоа од какво дрво да биде кујната, па што плочки во купатилото да ставиш... Шала на страна, со среќа. Јас за тетоважа собирам моментално.
за ништо посебно само си чувам на страна така и после пред моите да ги извадам "еве колку пари сум заштедила "
пред да раскинам со дечкото јас будала му купив телефон...па за да не плакам секој месец собирам пари да ја платам целата сума околу 15.000ден
Нова куќарка за кучето и креветче за внатре. (Пс. Ако знајте некој да прави куќарки во Битола кажвајте.) Зимски чизми на штикла Зимска облека Поклон за на брат ми роденденот... И милиони други работи.. хаха
Чизми на штикла до колена. Крзнен елек. Неколку кардигани, зимски фустан/туника, плишани тренерки, топлинки. Сето тоа планирам да го нарачам. Кучешки реквизити, Биодерма крема за лице и мицеларна вода. ...Вака кога ќе размислам и маскара ми подзафалува. Плус на две свадби и повојница сум.Свесто да ти се заврти.