Заклучно крајот на јули треба да ги обновам стегачите и бандажите за коленото, да порачам наочари од оптика во најблискиот град, да ја обновам гардеробата и да земам печатач. И надушек за мојот кревет, гледам Дормео има интересна понуда. Лаптоп е наредната инвестиција во блиска иднина.
За нова кола. Со мм имаме два нови проекти. Штедиме за нова кола, ама скроз нова, од салон. А другиот проект е чување на 50ки метални. Секогаш кога во рака ќе ни дојде метална 50ка, наместо трошење, оди во едно дрвено ковчеџе, и така да тргаме со години. Па за што ќе бидат, зависи колку ќе собереме.
Мoбилен и ми фaлaт уште 16000 зa вo еврa дa си ги клaaм си вaдев oд ќесетo сaд мoрaм д дoпoлнувaм. Кризa е кризa
И јас исто, кредитот ме одра.. да го вратам и никогаш повеќе нема да поднесам барање за нов... Посебно затоа што сама ги прокоцкав парите и сама го враќам без да знае некој, ни мајка ми ни брат ми.. само дечко ми знае и помага колку што може..
Собирам за нов велосипед. Според пресметкава моја, негде во април/мај ќе ја дособерам замислената сума, само со џепарлакот од школо. (1050/13000)