Јас никогаш не научив да собирам пари. Без разлика колку плата зимам и колку пари имам никогаш немам пари на страна. Ако има некој некоја техника како да го променам тоа, спремна сум да слушам и пробам....
Уште кога ќе земеш плата да тргнеш одредена сума на пари на страна и да ги смениш за евра. Мене барем така ми било напорно да трчам по менувачници за пак да ги менувам во денари.. Во банка можеш да си отвориш штедна книшка и мислам дека не можеше да ги извадиш парите одредено време, инаку плаќаш казна. А јас што правам во моментов, купувам секој месец крипто за минимум 50 долари, па сега кога се качува вредноста, кога паѓа, и јас така собирам пари. Ама можеш да купиш и од оние стабилните coins што се, USDC/USDT се викаат мислам, и на нив ниту паѓа ниту нешто се зголемува вредноста. И мачно ќе ти биде и неисплатливо пример на 50 или 100 долари, да одиш во менувачница да ги менуваш и плаќаш успат 5% провизија. Ии последно што ми текнува, имаше касички што се продаваат по Алиекспрес, сетираш дата на касата и не можеш да ја отвориш пред тој датум.
Ова со касичката звучи ко нешто што можда и ќе ми заштеди некој денар, ама знаејки се себеси ќе најдам нешто што мора да го купам, пошто женска работа се нешто ми фали.... и ќе треба хебла да најдам за да ја отворам касичката. Ама фала за советот ќе пробам бар една работа да имплементирам дека вака ни иде веќе.
Оди во банка и нека ти направат траен налог секој месец ден после земање плата да ти земаат дел од платата (сума што ти ќе ја одредиш) и да ја префрлаат на сметка за штедење (скоро сите банки имаат опција за вакви штедни влогови). Така нема да можеш да го потрошиш тој дел.
Има интересно штедење- неусетно што би се рекло и кога купуваш и трошиш. Ја заокружува сумата и ти ги трга на страна на псоебен дел од сметката од каде можеш ако сакаш да си ги префрлиш на сметка плус идеја за штедење
За да имам можности да бидам подобра верзија од себеси, да стекнам нови вештини, колку што можам тоа да не биде на сметка на други, и да им помогнам на луѓето околу мене да го постигнат тоа што тие го сметаат дека е важно за нив (ако изразат желба и ако им е потребно).