Море собирам, ама никако да соберам. Не викам дека собирам, затоа што нема да соберам меѓутоа во идно време (ограничено до 2 месеци) сакам пар чизми високи до колена, есенски мантил можност крем, кафен и сл., фармерки посветла боја, бела ташна. Последна шанса ми е Дедо Мраз само ако според него сум била послушна годинава.
Јас имам само 200 за 4 недели. Навистина тешко... Инаку собирам моментално за роденденот на една драга личност.
за зимување ... еве мене другарките ме спасија затоа што и јас неможам да штедам и затоа ми купија касичка за ставање на пари без отвор за вадење добро ми оди
моментално берам пари за оние професионални сминки што се во една опаковка 20-30 и нема веке да купувам сминки мислам
.. за пиштол. Не за мене,ќе му кажам на тато да фати врски таму во полиција и да ми дадат дозвола. Оти ова веќе не се издржува,ситуацијава е неподнослива. Од глупоќа неможиме да куртулиме.
За џемперче или евентуално џемперчиња фармерки иии некои патики или чизмички Првите две планирам нареден месец да ги обезбедам, а последното малце потешко
Собирам пари за да му купам подарок на дечко ми за роденден (на 30 ноември му е) ама ни еден денар не можам да соберам