Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собирање залихи на намирници заради страв од војна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Emotional123, 25 февруари 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ама пак, убо е да знајш срвајвинг скилс.
    Малку ти сум љубоморничка... малку само :tmi: :$
     
    На Dust, Осе и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не, јас бев пред три дена немаше. А дм беше вчера исто немаше. Ти викам и со пандемијава имашe сѐ, едино квасец недостасуваше. Сега салата немаше, некои други намирници,конзерви… Бог да чува.
     
    На Ljubova и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.352
    Пол:
    Женски
    Тебе ти е дозволено да си љубоморна на мојот сексуален апетит, ама не и на мојата параноја :tmi:
     
    На Ajronmen и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе не е параноја, скил е скил.
    Не заебавај.
    Плус... за шо сакам ќе ти бидам љубоморна(ичка) :rofl:
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.990
    Пол:
    Женски
    А, бе не брзајте со купување.
    Чувајте парите.
    При напад кој ќе може да јаде?
     
    На Ajronmen и princess5 им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Луѓее бе, денеска пазаруваат затоа што утре е недела не работат маркети, продавници и моите денеска пазаруваа ама не заради војнава (facepalm).
     
    На Feminka22, GirlRose, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.352
    Пол:
    Женски
    Ало жено, кој дел не го разбираш од ИМАМ ДЕТЕ.
    И пред се, ај еве ќе објаснам јас како размислувам.
    Јас не очекувам некој да не НАПАДНЕ. Туку како резултат на не дај боже трет светски рат, ќе нема храна. Изворите за вода може магично да секнат.
    Да гугламе колку луѓе во војна умреле од глад, треба ли?
    Слободно лабавете си, немам јас проблем со тоа.

    А да. И во таква ситуација, парите ништо не ти значат. Али и нив ќе ги имам де.
     
    На IRBBB, Cka, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    42B8D666-773C-44E8-9D24-1DD986F23B6E.jpeg
    Е ова се залихи.:!:
     
    На Ljubova, Осе и LiliBoz им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.392
    Лидл во сабота е полупразен, не верувам дека е ради кризата.
    Не знам како е било овде по маркети, во карантин сум јас.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Океј, смејте си се на умот на другите..секој со својот ум нели..

    Еве мајка ми..
    Она е родена 48ма, на времето со мајка и избегале од војната во Грција.. стигнале до Битола каде што бил стациониран дедо ми..
    И да имале складирано храна на времето - џабе било.

    Денес е војна на економијата.. русите и украинците што си се тепаат, таму ќе остане. Трета светска војна нема да избие, туку ќе биде нешто како војната на Косово или 2001 кај нас..
    Не го ни класифицираа како војна, ама ние што сме близу до арачиново знаеме како ни беше. Како од 4ти кат во школо јас дете од 10год и останатите гледавме како прелетуваат над нас авиони и туку видиш некое БУУМ накај Арачиново..пошо прозорите не беа покриени со ништо за да не заштитат нас како деца..
    АРМ со оклопни возила секој ден ни поминуваа пред очи.. се раселија еден куп луѓе и пак ние НЕМАВМЕ војна..


    Многу поопасно од војна е глад и немаштија.
    Во војна или ќе загинеш или ќе преживееш.
    Ама ај замислете си го животот без плин, без нафта и бензин, без струја и без парно. Или со ептен лимитиран пристап до истите.
    Не ви се замислува скоро сигурна сум.
    Без нафта и бензин нема да може ни кило брашно да се транспортира до продавниците. Без струја нема ниеден млин да работи..ни оние домашните. Ќе бараат луѓето стари воденици на камен на некоја река..
    Нема да може ни месо да се процесира..ни овошје да се чува во ладилниците, ни зеленчук..
    Пола од младите скопјани не знаат еден оган да запалат и тоа со оние коцките за палење а не па од нула. Ги гледам кога доаѓаат кај нас, сакаат сите романтични апартмани со камини ама кога треба оган да си запалат - цврц... Тоа пошо Скопје е претежно на парно.. А ретко кој од младите идел во извидници или пак научин некоја вештина за преживување. Бидејќи во школо побитно е веронаука да ги учат, него ли тоа..


    Замисли да имаш дете и да ти рече - мамо ми се јаде..
    А ти немаш ни кифла ни леб..ни друго јадење. Смејте се вие дека ќе била војна на кифлите..
    Не е проблем војната, туку достапноста до ресурсите и приоритетните списоци на држави за набавка на истите. Баш како што стигнаа последни вакцините кај нас од што нели..мн сме високо на списокот на приоритетни држави..

    За себе можам да кажам дека последниве 4год направив услови за да можам целосно офф-грид да живеам со елементарни услови (струја за основни потреби на соларни панели, изворска вода, греење на дрва)..
    Одгледана храна поради тоа што ме релаксира, а не за залихи или зимници.. Туку пошо ете се родило па зошто да не се преработи..
    Имам дури и агрегат за зорт заман..пошо не се можеш да завршиш на струјата од соларните панели:rofl:

    Има многу канали на јутуб во стилот на оној Аљаска препер, дури и такви подзабегани што складираат храна и за 7год.. Ту мач ис ту мач..
    Путерот од кикирики некој што го спомна погоре е добар само и само ако е 100% кикирики без ништо друго..
    Ама затоа луѓето купуваат и складираат конзервирана храна, ориз, грав, житарици, тестенини, месо во конзерва или тегли, риби конзерви..
    Тоа е таа храна што и по 3 год нема да се расипе..и само си ја ротираат. FIFO метод.. first in first out..како и во секој магацин:D

    Се распишав а уствари само сакав да кажам дека баба ми викаше - најтешко ми беше кога мајка ти ми бараше да јаде кога бегавме, а јас само неколку суви леба и една торба алишта носев.. ќе и дадев корка леб и цел ден ја јадеше;(

    Солзи ми дојдоа на очи упм, во понеделник 23год како умре а уште ми се во глава зборовите нејзини.. а бев само мало дете:(
     
    На MemoryOfUniverse, H.VAGA, mareane и 35 други им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    На нервна база.
     
    На jacqueline.s, Feminka22, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Лудило. Ако е поради поскапувањата тогаш е убаво, ќе се заштеди некој денар. Ако е поради некоја си војна, чисто лудило.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Сите брзаат да купат брашно и зејтин, зошто од утре веќе не важат замрзнатите цени, а не дека се затрчаа сите да купат заради војната.
     
    На Angie1432, christinnn, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Не се мачи многу да објаснуваш:D
    Луѓето се убедени дека е поради војната..
    Не се свесни од утре како ќе почнат да скокаат цените...
    Ете бензинот прв.. утре во маркет друга слика ќе биде од денес :tmi:
     
    На Snowflake97, Bezimenka90, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Ќе поскапат цени и што? Ќе се збогати некој ако купи 20 шишиња зејтин или 100 кг брашно? За некој период во ред, ќе тераат ама потоа секој ќе мора да си пазари по тие покачени суми така да навистина некако бесмислено ми е купување залихи ради тоа. Плус се знае што може да се купи, голем дел од храната не трае долго. А за војни и такви работи немам коментар, скраја да е ама тогаш сите бегаат и напуштаат живеалишта за да спасат жива глава, сигурно леб нема дома да месат.
     
    На elimkd, christinnn, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Машки
    Во ред ако е за тоа, но се прашувам сите ли до последен ден чекаат за залихи да прават? Зашто по рафт ништо не може да се најде, а во КАМ до 18ч продавачката кажа дека имале 900000 ден промет направено. :drunk:
     
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Па обично кај нас се се чека и се прави во последен момент. Исто како и што се правеше пред почнување на полициски час во 20,сите наредени во маркети во 19.
     
    На Angie1432, Осе, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Таков народ сме 5 за 12
    А нема многу да се збогатат.Лебот за 5 денари ќе поскапи.
    Зејтин, сол, шеќер тоа сфаќам ајде де
    Брашно пример ние лично, кило месечно трошиме :rofl:
    Млеко само ја користам.
    Шеќер сол исто не трошиме толку.Моиве имаат редуцирано ради здравје, зејтин само.
    Штедливи ептен:D

    нема да е драстично на цените сигурно.
    Еве и во Германија драстично растела цената за храна, а и со нафтата имаа проблем знам, во Полска пунеа..

    ќе пораснат ама ќе се смират.
    Пошо ако пораснат цените, поише ќе се произведува (не многу), поголемо производство ќе значи зголемување на платите.
    Зборам од тоа што сум учела.Не сум Таки Фити

    За да се смири инфлацијата, може да се зголемат даноците и да се намали државната потрошувачка, со што ќе се намали агрегатната понуда.Али ова никој не го сака..
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Ќе се произведува како не.. нема да има кој да купува по тие цени, што ќе се произведува?
    Платите ќе си останат исти, само нормата на работниците ќе се зголеми
     
    На H.VAGA, IRBBB, Ljubova и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    А од што ќе живееме?
    Инфлација е општ пораст на цените.
    Еве нема да купуваме.Три дена ќе издржиме без храна, после?
    Ако сакаат некој да им работи, а ќе мора некој да произведува.Не сите фабрики се 100% компјутеризирани, а и таму каде што се потреба е човекова контрола
    Ако рипнат цените, кој ќе им работи за истата плата?
    Ако потрошувачката кошничка ми се зголеми за 2000 да кажеме, а работам џа истите 18,000 која е поентата да работам? Така.
    Ќе барам покачување бар за толку колку што ми се зголемила потрош. кошничка
    За да дојдам на истото рамниште досега
    Затоа викам мерки некои сигурно ќе има..
    Дали со маржа, дали пак замрзнување цени (ако е дозволено, има ли закон за ова)
    Ако не, нека скратат плати на политичари бе.И професори (универзитетски)
    За шо зимаат 1000+ € плата
    Тоа шо го праи универзитетски професор го праи и оној у школо, а тие зимаат 24-26,000.Зборат по 40-60мин, праат презентации и прегледуваат тестови
    Ја би напраила: кратам плати на професори, политичари и администрација, и ги додавам на најпогодените фирми, за да не удараат на цени.
    Пр зиам 50-60,000€ од таму кај шо им е вишок, давам како поддршка на најпогодените фирми за производство за да покријат трошоци, со тоа да не зголемуваат цени на производите
    Може и долгорочно да е ова, ќе им се кратат плати, или додека не се смисли нешто друго
    Ја ли да им кажувам
    И изводливо е ова
    1000€ плата зимаат универзитетските професии сигурно, башка (кај мене бар некои) работат и на други места вон факс, па пари од книги
    Ајде бегај
    Ќе ги жалам, Епл лаптоп има, а ќе црнчи некој за 18,000
    Ја мајката