Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собирање залихи на намирници заради страв од војна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Emotional123, 25 февруари 2022.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Од љубов.
    После ќе купиме наместо маслиново масло - брилијант. Наместо ајсберг - марула, наместо телешка кртина - пилешки џигер итн..
    Кај нас повеќето прехрамбени производи (или импутите за нив) се од увоз, така да нема зима.. ќе се најде нешто за јадење ама по која цена..
    Истите што и до сега им работеле, бидејќи никој нема да има муда да даде отказ кога е беда и сиромаштија. Кај ќе оди да работи? Тек тогаш од што ќе живее..од љубов нели..
    30 години ретко кој имаше храброст да замине од фабриките, работеа и работат за околку колку што ќе им дадат. Поарно нема, секаде е исто.
    Ти можеш да бараш, ама ретко кој газда ќе ти даде. Во македонија нема конкуренција на работна сила во фабрика на пример..кој ќе се потепа да пакува ролати во Винчини жити се? Платата е иста и таму и кај конкурентите, бидејќи тоа си е договор меѓу менаџментот на компаниите. Никој да не дава повисока плата, за да си ги задржуваат работниците.

    50000 евра се ситна боранија за големите фирми. Особено на месечно ниво. Толку за струја, вода и комуналии они плаќаат:D
    Проблемот е во тоа што цената на импутите ќе скокне.. шеќер, сол, брашно, квасец... (пр.во винчини пошо го земав за пример) кремови, адитиви, бои, чоколадо итн..
    Ние ниту произведуваме чоколадо, ниту сол, ниту шеќер веќе не произведуваме ако не се лажам..
    Кога тој ќе ги увезе сите производи по 50% повисоки цени, а меѓувремено некои будали ги дупат у ребра со уште поскапа индустриска струја, неминовно е покачувањето на цените на готовиот производ и за повеќе од 50%

    Оваа "математика" е применлива и во другите сектори, да не биде винчини дека го спомнав..
     
    На nevermet18, IRBBB, NoirSerpentine и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ја на марули живеам и онака, и тестенини хахахах.Сѐ скоро увезуваме..тоа е проблемот.А увозот бара нафта, а на нафтата цената покачена..џабе шо ќе увезуваме, убаво рече-по која цена..
    Нема да дадат..и пак Македончето ќе трпи.Затоа се напиздив за тие 10,000€ за Украина.Не сум стипса, и ја донирам, за 100 ден нема да осиромашам, ама да зима некој од устата на мојот народ за да се напраи курац ипол пред Европа? А они демек не знаат на кое дереџе сме..
    Не произведуваме ни шеќер ни сол, за жал од Русија увезуваме.Горе линковите што ги постирав, првиот пат кога ги отворив, кога видов што сѐ увезуваме, дамла ме мавна..
    Мора да поработиме на следново:
    1.Место да се градат згради, и да се иселуваат луѓе масовно од села, да се поработи на обработување на почвите и да се засадат продукти као шеќерна репка.Ако добро памтам (на времето лоч) у школо учевме дека Македонијаме богата со шеќерна репка.
    2.Скроз празните села без луѓе- се рушат куќите до темел (со дозвола на сопствениците де), се формираат во плодни почви.
    Се засадува и таму.Бар тоа да иаме.
    за сѐ што имаме поволна клима, сѐ да се одгледува.
    Ова не е толку тешко изводливо.Таман ќе се отворат така повеќе работни места.
    3.Да се отворат фабрики за производство на пластика, млеко (глеам и тоа се увезува бесајд нашето), било шо, само да дое до однос извоз>увоз
    Боље трговски суфицит него дефицит
    Знам дека цената ќе скокне..затоа викам енормното купување денес.Нема да смени многу на долг рок бидејќи ќе пораснат цените на сѐ.Еве напраиле залиха за 2 недели да кажеме, заштедиле 2000 пример.
    Ако цениве траат со месеци, немаат поента тие 2000.Не викам дека се малце, секој денар е важен.Ама они не заштедиле 20,000 а некој од нив не можел брашно да купи а може итно му требало..
    Ее ништо не се, ама нека ги дадат де
    Криви сме шо ќутиме
     
    На NoirSerpentine, Snowflake97, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Мислам дека само една третина од површината на МК не е ридско-планинска, а од неа само 10% е почва од прва категорија. Исто така битен детал е и фактот дека Македонија исто како и сите други држави е погодена од климатските промени, а додадено на тоа и неодржувањето на каналите за наводнување допринесува сега во овие години сме во можност да наводниме едвај 1/4 од површината што сме ја наводнувале на времето..

    Не секоја почва е плодна почва, не секоја почва има поволна ПХ вредност.. Еве да речеме дека хемиски ќе се третира.. треба да помине многу долг период за да се подобри класата на почва.

    Во Македонија последните 14 години не се сади шеќерна репка, а ја имавме и битолската шеќерана ама производството им беше неисплатливо бидејќи им ја откупуваа по 3-4 денари. Она бара и многу вода, а земјоделците очи си вадат кој попрво да го користи каналот со лимитирана вода..

    И ова не е изводливо бидејќи како што реков, само 10% е прва категорија на земја во МК..
    Не можеш да засадиш на 7ма категорија и да очекуваш принос. Попрво ќе си во загуба за семенскиот материјал..
    Не е тоа така лесно, изорај некоја ливада и засади ја.. Економски е неисплатливо и практично неизводливо.

    И не само тоа, Македонија не е земја каде што земјоделците имаат добра механизација. Земјоделието е тешко за работа без добра механизација и затоа и таа што ја имаат земјоделците е по 20-30 години стара. Бидејќи никогаш нема да соберат 100.000 евра за нова..
    За да се отвори млекара, треба да имаш стока. По 18ден им го откупуваат млекото, го "збогатуваат" со 300 прашоци, адитиви и чуда и го пакуваат и продаваат по 50+ ден..
    Истата е цената на откупеното млеко во последниве 10год.. а храната е скокната повеќе од дупло.
    Ние како Македонија не произведуваме доволно ни сточна храна, ниту брашно..
    А за да чуваш крава, не е доволно само сено и микс житарки.. ти требаат и суплементи, костовит.. Тоа се кошта поприлично многу.. и на крај производителите остануваат со арското ѓубре и 3-4 ден од литар..

    Било која фабрика и да ја земеш за пример, ние немаме капацитет да ги произведеме состојките потребни за производство..

    А особено ако тие спаѓаат во земјоделие и сточарство.. или нешто што не вирее на нашата почва
     
    На nevermet18, mal.ecka, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.497
    Допаѓања:
    10.562
    Пол:
    Женски
    А што ако собирам, за колку време можам да соберам, за месец, два, за повеќе тешко, а кој може и да има залиха за повеќе освен конзерви, брашно и зејтин? Само од тоа ќе се храниме?
    Јас како што сум во стан, ниту имам место, а ако недај боже дојде до тоа, на последен спрат во зграда сум не верувам дека би седела тука мирно и би се хранела од конзервите грав. А кога би бегала во подрум секако не би можела со себе се да понесам.
    Маж ми ме теши дека ова е само една фарса, која за жал носи човечки жртви, на територијата каде што е.
    Јас се наполнив страв и така сум анксиозна периодот, само развивам некои страшни слики во главата уште војната ми фалеше искрено :@
    Нај најстрашно ми е кога ги гледам очињата на син ми, и самата помисла да слуша гранати, бомби, ми ствара паничен напад и мачнини. :worried: Можеби не би стравувала толку да немав дете, ама сега најмногу се плашам од стравот на син ми, малечко е, не сакам ни мое ниту туѓи деца да минуваат низ таков пекол. Затоа и не отварам слики да гледам, првиот ден кога почна паничен напад добив, затоа што и короната кога почна имавме дома гости и јас на тоа кога реков леле и сега, добив само абе далеку е тоа од нас. Затоа и сега имам страв во коски.
    Каде е мирната 2019 година...
    Ехеее ништо не е исто, и ние луѓето веќе не сме исти за жал, полни со страв на овој или оној начин.
    Мислам дека собирањето храна во моментот на паника го прават најголем број од лугето.. Само да завршува веќе и да дишиме на раат доста беа стресови.
    Денес кога одев да купувам овошје, до продавницата има брашно, продавачот кажал дека само денес имал продадено 14 тони брашно, тони бе (facepalm)
     
    На IRBBB, My litle pony, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Епа пак останува да не праиме ништо? Треба економски експери да седнат и убаво да размислат шо со државава
    Не е исплатливо викаш за садење, некаде мора да има неискористена почва
    Не знам мора да се напраи нешто

    @anggell де бе шо напраија…
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Неискористена почва има многу во МК. Дури и таква што била висока класа. АМА после 10+ год несадење, незбогатување... очекуваш да остане иста? Не е иста..
    Еве ти би одела земјоделка да бидеш? Под фолија на +50 да одгледуваш расад? Да нижиш тутун или да собираш пиперки на најсилнито сонце? Да станеш сабајле во 4 и да одиш да собираш...
    Да чистиш ѓубре од крави и овци, да косиш сено на +50?
    90% во МК не би..
     
    На nevermet18, mal.ecka, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ама мора некој.Иаме доста со незадоволително образование, за да им се даде работа што захтева образование.Зашто да не? Не е срамота.
    Исто како што КХС метат на 40+ или собираат ѓубре.Ако им е жешко, ќе се удавиме во ѓубре…секоја работа си има своја тежина.
    Порано не им било жешко на старите..им било.Ама сега свилени сме
    Па да немав љубов према економијата, сигурно нешто такво ќе работев.Немаше моите да ме чуваат како принцеза.
    Плус некој тоа мора да го работи, тој дел од економијата мора да постои и да е разработен.Сите сакаат канцелариска работа или Германија, а не сите имаат преференции за тоа.Затоа иаме работа за секој.Од луѓе со основно и средно, до мр-др
    А и тоа не е лесно со одгледувањето бара некое знаење.Ја врска немам околу тоа.Ќе засадам семки, ќе полевам и ќе чекам да порасне.
    Тутунарите ете си работат.Пример тоа извезуваме ете (бар нешто..)
    Нема не сакаме да работиме..економијата е синџир, ниеден дел не смее да замре
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Еве на вести кажаа, трговците сами ги повлекле производите за денес да ги извадат по повисока цена. Џабе сме паничеле. Абе, циркус ни е власта. :D
     
    На MemoryOfUniverse, cresa-jagoda, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.134
    Допаѓања:
    112.824
    Пол:
    Женски
    SmartSelect_20220301-162920_Facebook.jpg
     
    На MemoryOfUniverse, zuto, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Исто ми се фаќа, и тоа брашно шо би го земал као залиха ке треба некој да го замеси, ке ми стои џабе треба да го фрлам
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.739
    Пол:
    Машки
     
    На Атриом, senjorita-v, NoirSerpentine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Калифорниски црви, а нив ќе им даваш картон да јадат :D
     
    На senjorita-v и ушко им се допаѓа ова.
  13. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Залиха е добро да се има секогаш.
    Не сега со претеризам.
    Пример имаш шекер брашно масло... Користи гоо.. Успат обновувај за залихата на истото за да не заостане рокот на траење.
    Сепак ние во Мкд сме општопознати паничари.
    Кога отвори пандемијата додуша не само кај нас... Ама прво сите одеа кај тоалетната хартија.

    Ако дојде до нешто такво тоалетната хартија ќе е најпоследното нешто на што ќе помисли чоек.
    Сепак да.
    Зимниците што си ги милуваме како традиција секоја година се добредојдени заради нивниот подолг рок на чување.
    Искрено кај нас ми се чини некој прво ќе направи залиха од штеки цигари.
     
    На nevermet18, NoirSerpentine, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    @ушко цигари мора фикс да иаме
    И онака заситува.Ако сите изнакупат леб и конзерви, ние пушачите од тоа ќе живееме
    А остај пушач без цигара па глеј циркус
    Бар кај мене
     
    На Leucadia и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Пишува на некои кутии дека Пушењето може да убие и верувам во тоа.
    Пример ако немаш запалено 10 саати и немаш можност.. ти иде да убиеш некој.
    Или ако некој ти го укради упаљачот мојш да го убиеш.
     
    На mal.ecka, L.i.n.a.a и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    На тоа мислат 100%
    :rofl: :smoke:
     
    На mal.ecka и ушко им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Јавно да се извинам
    Глупчо сум
    Мислев преместени се темите, споени
    Ама не дочитувам
    Извињавам се!
     
  18. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Не,не би купувала залихи,и што ако купувам,ако издржат до 1 недела,јас во зграда ако одам со мм и детети подрумот мал кај ќе ги ставам тие залихи.
     
  19. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Читам за производството во Македонија, да еве јас сум од село моите ( татко ми и мајка ми и свекор ми и свекрва ми) произведуваме односно садиме, пченица, јачмен, пченка, пипер, патлиџани и се што може земја да роди и знаете каков пласман имаме... Никаков... Пробавме да го пласираме на пазарот ама за цената што ги откупуваат подобро у Вардар да ги фрлиш, имаме и тезга на пазар, да увезени пипер патлиџани и тн. лични се што да ви кажам жива пластика, нашите се селски без пестициди, бидејќи имаме внуци не ставаме пестицид, и македонче како македонче ќе се тртка ќе се вртка 350 мани ќе најде и пак ќе купи увезен со корења внатре пластичен, а на +50 таа роба не држи два дена и скапува и ајт у канта после, моите врсници, да влезат во нива или бавча на +50 тоа е невозможна мисија, додека ние (јас и мм) работевме у бавча и на нива они шетаа по кафиќи и кафани и трошеа пари од мама и тато, а знаете што е најлошо што и се потсмеваат (мада јас не земам здраво за готово) и затоа многу се откажуваат од земјоделието тешко е, копање, садење, плевење, полевање се мора на време оти нема да роди, да механизацијата е стара и дел од земјоделците што можат рачно работат, зашто сега еден трактор да купиш треба 4 кредити да земеш, а и ние сме такви нашето нејќеме да го купиме, а да се надоврзам чуваме и кокошки чисто за нас па некад и знаат да побараат јајца за децата дома зашто гледаат како се чуваат и ранат, од наша храна и мани одма ќе најдат едното јајце било помало друго поголемо вака така онака а бараат домашни без конзервански (како кокошките шублер да имаат па се исти јајца ќе носат) нормално е едни поситни други покрупни да бидат а да и цената не им одговарала па во маркет биле поефтини е затоа не не бидува, ќе се скапеш од работа да произведеш и некој купец ќе ти се смее на маката и ќе те понижува со цени, а и искрено и нема повеќе кој да работи само од земјоделие не може да се преживее па се работини на друго место, ама никој не ја цени маката на земјодекецот, башка да земеш да ги пласираш ќе се отепаш од пари давање за лиценци, (потекло, вака така онака) па затоа и не се произведува, еве и ние полека полека баталивме сега произведуваме колку за нас да има, (искрено цела година не купив ни компир ни кромид ни ништо) знам што јадеме и не даваме пари за увезено (зреено не дозреано) пластика жива е, а на секое пишува органско (со милион пестициди), малку претерав со постов ама извинете .....
     
    На MemoryOfUniverse, nevermet18, KittyAgnes и 3 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Постов иначе ти нема врска со темава ама битно си ја кажа маката.