1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собирање храна за дома од свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 29 мај 2017.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Да ги прокоментираме ВОЗРАСНИТЕ (овие демек бељи што не прават) што собираат стекови од по масите, за кучето... ама да не биле каснати ич, да не му залетне на кучево :D
    Свате, ќе го јадеш месото, или да го земам за кучето?

    * преместена дискусија од Нов тренд - забрането носење деца на свадба
     
    На Visab, CameliaMiller, InWonderland и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    А што проблем имаш ти со собирање на месото од порцијата што не е изедено?
    Подобро ли е да се фрли во канта ?
    А што ако стварно има животинче дома сватот?
     
    На stilas7 и Troi им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ова со собирањево, леле баба ми на една свадба апла ја има фатено камерата кај шо собира, ние братучедите сите седевме на иста маса, кога видовме оти камерманот снима баш во тој момент, сите сложно во еден чекор го напуштивме местото на злосторот.
     
    На Harper, CameliaMiller, Milobebence и 23 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Смешно ми е.... Имам право да ми е смешно нешто, нели???
     
    На CameliaMiller, eloves, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    За собирањето по маси и јас немам коментар. Типична сељачка работа ми е тоа. Бевме кај едни на веридба и таа што седеше на иста маса со нас си отиде порано од ресторанот и пред да тргне почна да го собира јадењето дека не го дојала :x
     
    На CameliaMiller, Tinushka, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Мене пак, уште посмешно ми е тоа што вие сте забележале дека некој собрал јадење од маса. Јадењето е платено, дали ќе го земат гостите или келнерите - сеедно е. Зошто вас би ве интересирало тоа?

    После славењето на мојот 18ти роденден, самите келнери прашаа дали да го соберат јадењето кое остана. Реков да. Знаете колку јадење остана? Наредни неколку дена јадевме сувомеснато, месото го стопливме и нареден ден ручавме. На една матура брат ми си отиде пред да го донесат јадењето. Мајка ми го зеде месото, го стави во леб, побара кеса од келнерот и брат ми го изеде кога се врати од чаршија. Другар собра јадење од маса и го однесе за кучето. Не гледам проблем тука.

    Во секоја кафана каде што келнерите се фер, прашуваат дали да го соберат јадењето кое останало.

    До тој степен сте заинтересирани за активностите на други луѓе, па дури и прегледувате кој собрал јадење од маса. Еве, да речеме, тие луѓе немаат доволно финансии за да јадат месо секој ден. Собрале доволно храброст да соберат јадење од маса а вие се смеете? Грев и срамота е да се смеете кога е јадење во прашање.
     
    На Belgin1, Ingvild, Sannelaa и 51 други им се допаѓа ова.
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    И на мене не ми смета ова, јадење е , зошто ако останало премногу не се подели на персоналот или општо било кој да си земе, како и ако останало неотворено пиење. И така е веќе платено, па подобро кој сака нека си земе, отколку да се фрла :)
    Не сум земала вака, ама сум била на свадби каде тоа се правело, па не ми било ни чудно ни смешно :)
    :d::drunk:
     
    На 1209, girl-miri, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Сигурно не се фрла. Доколку е на средина јадењето, сигурна сум дека персоналот го дели меѓу себе. Доколку е порција, можеби и не го земаат, но мислам дека има луѓе кои не се гадливи, па стек кој "не е пипнат" и од порција го земаат. А претпоставувам и она месо кое е почнато ама недојадено го земаат, навистина за кучињата.
    Оние кои не почувствувале на своја кожа што значи да немаш пари за месо или некое поскапо јадење, можат вака да коментираат. Јас финансиски никогаш не сум била во толку незавидна ситуација, а пак сум земала јадење од маса. Иако некои луѓе си ја подгазуваат гордоста, сепак, знаат дека утре нивните деца или и тие самите ќе имаат пристоен ручек. Истото важи и за пиењето. Соковите кои се отворени а недопиени, не гледам причина да не ги земат гостите или келнерите.
     
    На Abeja, Jas!, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Македонче бе, се нешто ке забележи и ке му смета а притоа да не го тангира неговиот живот.
    Секаде во светот луѓе кога јадат во ресторан, келнерите по дифолт им ја пакуваат преостанатата храна и си ја носат дома.
    Само кај нас е срамота, па што ќе каже комшивката, па сватовите...
     
    На Sannelaa, 1209, Jas! и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @manja666 Ехе, од срам што ќе кажат другите, не храна, туку свадби се прават иако реално не се финасиски доволно способни за истите :D
    Е од тоа пожално нема, како за матурските вечери што земаат кредити, така и за ова. Нормално, секој сака да си направи прослава за својот специјален повод, ама реално, треба и рационално да се размислува. Зошто за 4 часа настан, да се задолжиш после за 100 години? :^) :?:
    Ако немаш, не мора сега да правиш или прави барем скромно, во рамките на буџетот :D
    Рационалноста на прво место, а не наметнатоста од околината :!: Но, сепак, секој со своето :D
    :d::drunk:
     
    Последна измена: 29 мај 2017
    На sparklie, ph.orhideja, eloves и 17 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Како да не приметам кога ја напна жената цела маса? татко ми си мезеше полека, таа се запнала, дали ќе го јадеш тоа, или за кучето да го земам, 3 пати го праша. Оти не земала за кучето каснато мевце, демек, ај не ги јадете вие месата, дајте ги ваму. И на сите во чиниите им гледаше цела вечер, ни ги мереше залаците. Среќа јас земам веге порција, па не сум интересна, ама татко ми и другите ги отру. Па ако немало толку нападни луѓе, немало ни да приметам. Нека јадат луѓето, па собирај после... Јас не ни знев дека собираат меса дури не ја видов неа.
     
    На Harper, CameliaMiller, Aquamarine93 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Да земам сокови од ресторанот ? Па да сум не знам во најтешка финансиска ситуација нема да го правам тоа, (да собирам по маси кај роднини подалечни и тоа). Божем тоа ќе ме најаде или напие за цел живот. А таа што собираше што пишав јас баш не е до толку да нема. И не беше роднина туку комшика на славениците и се брукаше за едно останато мевце дома да го зела.
     
    На Harper, CameliaMiller, Jas! и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Еден помал дел имам живеено во странство, и таму најнормално беше храната од ресторан (и од свадби) да се пакува за дома. Дури немаше некој што не си ја земаше храната (дали ќе ја јадеш, дадеш на кучето, не е важно).

    А, што е проблемот ако се земе храна за кучето ? Подобро е да се фрли таа храна ? Ако ја земам храната не значи дека немам пари и сум гревче, туку имам поголема свест да не се фрла храната ?
     
    На 1209, Jas!, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    А ти ова сериозно???:x:worried::^):bandit:
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2017
    На buba4e89, crimson, Summerlover и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ти измеша брзини. Прво велиш дека таа собирала стекови кои не биле "каснати ич", а потоа велиш дека го чекала татко ти да дојаде за да го земе месото. Или едното или другото - одлучи се.
    Во првото твое мислење ти си зачудена како тоа жената зела јадење од маса, а во второто се дообјаснуваш дека му стоела на татко ти над глава. Која е вистинската причина? Веројатно не одиш по ресторани често, јер во голем дел од рестораните келнерите сами велат да го соберат месото.

    Да, да сокови. Еве јас кај што сум одела, кога се плаќа порција, на средина на масата стои фанта, кока-кола, швепс и тие сокови често не се испиени. Не гледам проблем некој да го земе шишето. Литар или литар и пол сок не е за занемарување.
     
    На stilas7, Jas!, Arthur и 2 други им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Не, златна, не измешав брзини. Ако си била на свадби знаеш дека по две врсти меса даваат. Значи го напна за тоа што не го имаше почнато. Пред да изразиш дрско, размисли да не тропнеш глупост.
    Па си се мачела, си спојувала цитати џабе.
     
    На Harper, CameliaMiller, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Во тој случај тогаш треба да ја коментираш нејзината некултура а не фактот што го зела месото. ;)
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Не го зеде месото... Оти татко ми касна од месото, и сечено со нож и вилушка не беше доволно добро за кучето. И да, точно коментирав за некултура. Кога збораме за некултурни деца на свадба, треба да се сфати дека има и некултурни возрасни. Ако се навратиш на постот мој, ќе видиш дека тоа и сакав да го кажам.
     
    На Harper, CameliaMiller, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Мене пa не ми некултурнo дa се земе месoтo или сoкoт. Јaс никoгaш не би зелa aмa пa aкo видaм декa некoј земa не се пoтресувaм дo тoлку ... Шo знaм некoј мoжеби немa зa месo и сoк пa некa земе aкo :(

    Зa кучетo бе !!!!(facepalm)
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2017
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Во твоето прво мислење ништо од ова не беше објаснето. Напишаново "А да ги коментирам ВОЗРАСНИТЕ (овие демек бељи што не прават) што собираат стекови од по масите, за кучето... ама да не биле каснати ич, да не му залетне на кучево"

    И со коментаров на мислењето на @ocicka2014 : А што проблем имаш ти со собирање на месото од порцијата што не е изедено? Подобро ли е да се фрли во канта ? А што ако стварно има животинче дома сватот?
    Смешно ми е.... Имам право да ми е смешно нешто, нели???

    Јас никаде не прочитав дека ти мислиш дека е некултурно тоа што го прекинала татко ти во јадење. Ти си напишала дека ти е смешно. Јас не гледам ништо смешно.

    Уште ме интересира, каква е поврзаноста на некултурните деца кој го реметат редот и мирот на сите гости со тоа што жената прашала дали може да го земе стекот?
    Кога правиме муабет за деца кои се некултурни, тогаш тоа се однесува на деца кои трчаат низ салата па гостите додека играат мора да гледаат да не ги згазнат, или се лепат до снашката и го тегнат фустанот. Месото и некултурната жена не се поврзани со децата кои се хиперактивни.
     
    На Jas!, ocicka2014, CoCoGiiiRL и 1 друга личност им се допаѓа ова.