Кој земал или што правел по масите ич не ме интересира ама ако е некултурно да земаш од друг тањир тогаш тешко на моите што секогаш дали за некоја веселба или онака сме испаднале фамилијарно на ручек и секогаш ми го дојадувале јадењето оти јадев и сеуште јадам како врапче. Ако сте ги виделе (поединци од вас) кој знае колку оговарања ќе паднеле Последен пат во пицерија јас мајка ми и син ми побаравме 1 пита и 1 пица фамил. ни до пола не ги изедовме и ни ги спакуваа без да побараме. Ни гледам чудно ни пак ми е срамно ова. Дали ќе ја јадам или ќе ја дадам на куче,маче е мој проблем.
Да замолиш да ти спакуваат храна во ресторан и да земаш храна од маса на свадби -не е исто. Прво што на свадби не се служат обилни порции за да се најадеш плус ти остане многу и си го завиткаш за дома. Друго, не го плаќаш ти туку некој те части, гостин си таму, кога одиш на гости сигурно не е и велиш на домаќинката да ти завитка за дома оти не си била многу гладна за време на поседокот. Можеш да отидеш во кујна и да побараш ако може да ти завиткаат нешто за дома, дали за кучето, дали за тебе, па фино лепо во кутија да си го изнесеш. Одење по маси, виткање во салвета и пикање во ташна едноставно не е убаво.
Јас па не сум сретнала некој да зема јадење од по маса. Не дека ми смета ама незгодно е за гледање....Се дотерала, фризури, фустани, шминки и ја гледаш си зема од масата месо за дома Ај некој постар човек да зема, не е толку чудно...се им паѓа на памет на старите...ама помлад Ако нема месо за дома да касне, поарно нека се зајми од некој и нека купи, отколку така да прави. Имам видено како едни зедоа шише минерална вода, пошто биле од друг град, па ќе им се нашла водата по пат....Плус ја прашаа свекрвата, и секако им дозволи....Тоа воопшто не беше ни чудно, ни глупо за гледање. Сосема друга е ситуацијата ако си платиш сам. Па и да ти остане, ќе си земеш и ќе си го дојадеш дома....Така имам направено во кафанче....Ми остана пола јадење, и зошто да го фрлат келнерите? Сигурно немаше да го јадат, пошто јас сум јадела од него, па си го завиткав во салфетка и си го зедов. Другите ми се смееја, ама после таман стигнав дома ми се пријаде
Не одат гостите на сред свадба да ги силуваат масите и тероризираат гостите, со прашањата дали ќе го јадеш, ако не, дај ми го и в ташна Мислам дека ептен при крај, го прават тоа, кога 95% од гостите си веќе отишле, а што благо да си земат, што од торта, за миленикот дома и сл.
Земањето месо од маца кое не е твое и пакувањеза дома не е културно. Но ако своео го спакуваат и да си го земеш нема ништо тука лошо во мометот ако не ти се јаде иако бев на две свадби месецов и не каснав ништо скоро и на свадбата каде што бев во друг град ме прашаа дали да ми ја спакуваат самите иако јас одбив и до сега не сум спакувала......
Јас не би собирала од маса, тоа ми е некултурно и сељачки. Да сум домаќинка јас на вечерта, би кажала да ми спакуваат, ама да сум на гости и да собирам по маси, не би.
Пишано имав на претходната тема за ова. На свадба порцијата ти се дава за таму, јади колку ќе јадеш, ако не можеш да дојадеш, а сакаш да го земеш испаѓа само за да јадеш и да пиеш на свадба си отишол. Пикање салвети со меса, поховани кашкавали, торти...се имам видено и е многу невкусно за некој од страна што гледа. А, во ресторан, хотел, кафана кога плаќаш од свој џеб, ако не можеш да го изедеш таму јадењето, можеш да замолиш да ти го спаковаат во фолија и најлонче.
Ако некој има право да си го собере јадењето од маса тоа е оној што го плаќа. За себе, за кучето, за свињите, мање битно. На гости коа оди некој си собира за дома? За мене ова е крајно безобразно и некултурно.
Да си домаќинка ке кажеш да соберат од порциите? Или само доколку е мешана скара на средина на маса? Ја не гледам што е толку спорно некој да собере од порциите, ете јадење за кучето, да речеме. Го преувеличувате тоа "собирање од маса". Јас до сега сум видела само собирање од најблиски, пример чичо ми чуваше 4 кучиња и после свадбата не праша мене, татко ми, мајка ми, баба ми, неговите деца дали ќе јадат или да го собере месото. Тоа почнато месо ќе се фрли а нему и те каква работа ќе му заврши. Се оптеретувате со сосема небитни работи. Далеку од тоа дека јас како гостинка на свадба би собрала месо од порција, но кога некој ќе го направи тоа, ниту ми е чудно, ниту ми е смешно. А уште помалку ми е брукање или сељачки. Знаеш што е сељачки според мене? Да прогледуваш дали некој ти донел 1000ка во плико а носи фустан од 50 евра на твоја свадба. Кога е храна во прашање, воопшто не гледам дали некој ставил во кеса, изел цела порција или побарал да му ја спакуваат за дома.
Ајде бре, олабави. Ако сакам, ќе прогледувам, имаш нешто против ли? Прогледував да, за комшии што дошле четворица, а беа канети двајца, а притоа не не известија барем да ги планираме масите. Ако не знаеш да читаш убаво, па да ти појаснам. А за собирањето се изјаснив што мислам. Ако ми дошло од свадба како гостинка да собирам храна, па особено сокови за да се најадам и напијам мислам
Ме претрка @crimson со чудењето за соковите. За собирање храна не би коментирала зошто знам колку луѓе живеат на раб на сиромаштија ама сокови? Ако не па, нека се земе и столче од ресторанот, тањир, есцајг, вазна некоја...
Секој што сака ќе си направи со својата порција не гледам ништо срамно, некултурно и невкусно за очи ако некој од своја порција си земе за дома можеби во моментов не му се јаде но покасно ќе си дојаде за него било послужено ниту краде ниту проси храна, одвратни ми се таквите ликови кои гледаат дека некој зем за дома и они одма да оговараат ко стари женишта зјапаат и се смеат или прават некои фаци е баш таквите најмногу ми идат на живци што демек вие сте културни да бевте бар малку по културни немаше да ви биде чудно едноствно некој може да го направи тоа некој не јас лично неможам но сепак не ми е ништо драстично а најманлку смешно.
Еве ќе ја земе некој храната од масата, и 1 шише сок, еве и 2 тањири нека земе. Колку ќе живее со таа храна он или кучето негово? Колку ќе се збогати од 2 тањира? Колку долго ќе има сок на залиха? Само брука во очите на другите, друго ништо.
За јадењето ми е ок. И за кучиња ако се зема или за да се дојадат после. Апсолутно не ми е срамотно ниту чудно, храна е. За сокови не дека не оправдувам, ама не сфаќам. Нека ги земат не дека ке ми смета ама не ја гледам сатисфакцијата да земеш шише кока кола и да си го испиеш после. На крајот на краиштата само сок е. Или газирана вода на пример, сиромашни сме за многу ама за 15 денари епа не сме до толку сиромашни.
Сигурно не те познавам лично, па затоа и немам ништо против. Еве, јас лично од моите блиски до сега не сум слушнала на свадба да имаат повеќе гости од планираното, како што рече ти, да дојдат 4ца а планирани 2ца. Можеби вие имате проблем во комуникација. Пак ќе кажам, не би зела јас од маса ниту месо, ниту сок. Но воопшто не ми е чудно доколку некој го направи тоа. Правиме муабет за јадење а судите како имотот да ви го украле. Дадов пример за сок, малку е чудно, но скроз е небитно. Ете можеби на личноста и се пие сок а нема дома и нема бензинска уз пат. Давам банални примери, не ме фаќајте за збор. Мој став е дека кога е храна во прашање, дали луѓе или кучиња се во прашање - а не е ни битно, не е срам и брука да земеш храна. Никогаш нема да ролам со очите или да сум фрапирана од фактот дека некој си ја зел порцијата за дома. Чудо големо.
Не знаеме да ја цениме храната, затоа. Нормално ни е да се фрла храна на претек, а не ни е нормално некој да си го земе остатокот за да си го нахрани кучето. Тоа е затоа што сме премногу искомплексирани, ако не види некој сачуј Боже што може да си помисли за нас. Не сакам никој да навредам, напротив и јас се ставам во тој кош, никогаш не би зела за дома, но кога ќе размислиш многу посрамна е нашата негрижа кон храната, да заврши во отпад, додека некој нема што да јаде.
Сум видела свашта и само ке кажам дека прашање на култура,и секогаш ке има и вакви и такви.Во Кавадарци,во еден од рестораните за свадби,го имаат тоа фино решено.После вечерата,ако ти останало парче месо во чинијата,го пакуваат во кујна уредно,и го враќаат кај гостинот во кеса.Ако сакаш земи го,или фрли го,твое е... На мојата свадба,имаше обилна порција и логично беше дека пола храна ке остане.Свекор ми,се договорил со шефот на сала да ја спакуваат цела храна,и истата вечер во 12,30 ја однел во шелтер центар каде преспивале бездомници.Никој не го примети а нас ни кажа после два дена. Храна е греота да се фрла,во време кога луѓе плачат од глад,ама уште полоша слика е дотерани гости да виткаат плескавици во салфети и пикаат по ташни.Тоа може да се реши и на пофин начин.