@Rebecca_R, уште не ми е јасно како имаш толку слободно време да сечеш, да лепиш постови за да докажеш поента, а не се ни трудиш да ми ја сфатиш мојата поента. Затоа со тебе ќе ја прекинам дискусијата, оти си премногу напната и напорна, а јас имам доволно обврски и живот за да не се замарам со провокатори ко тебе. Значи кажи си што е твое мислење и тоа... Толку ти се заморни постовите со анализирање како некој се изразил претходно, што не ги ни читам до крај. Значи, некултурно и смешно ми е некој да му бара на друг од порцијата, во стилот, ќе го јадеш тоа, или да си го спакувам. Глупо е сфаќаш? Има начини. И те молам, ако планираш пак да анализираш мои постови, не мораш, џабе ми губиш време. Ако сакаш ете апел ќе пратиме од сега да ти собираат од сите свадби остатоци, само не напнувај, плис.
Од една свадба,не многу одамна.. побарав од келнерот да ми спакува парче торта за другарка која ме чекаше дома да се вратам од свадбата. Никој не ме гледаше попреку, фала богу, нити другарката кај која бев на свадба,нити другарките со кои седевме на маса. Келнерот ми донесе не само торта туку и шишенце сок Едно парче торта помалку за јадење или фрлање вечерта. Је. Сељачко или не... друг нека му се замара со тоа. Плус еден човек среќен и задоволен си легна вечерта ем и ја, оти го изгрицкав украсот од парчето. #баткоѓорѓија
A pa koga ima svedska masa..ohooo. Na edna svadba rodnini edni na mm koga vidoa svedska masa neznaea sto poprvo da napravat. Znaci celo semejstvo tatko majka i dve deca vozrasni po 18- 20 godini, toa mesa banani abe mislam si zemale prazna torba od doma za da ja punat. Etpen mi e nekulturno i seljacko ova epten. Pa uste i se krijat nikoj da ne vidi deka zimaat a ustvari site gi gledaat. Krienjeto e ustvari posramnoto negoli fino lepo da go zamolis kelnerot da ti spakuva.
Немам никаков проблем,олабави се малку Туку,не го разбирам моментот со собирање храна,за себе,за куче,за другарка или комшија.Одите на свадба за да се веселите и прославите љубов со младите или мислите на храната,не разбирам.Исто и за соковите,неможам да разберам собирање сокови и води од маса.Одиш,се веселиш,ако ти се јаде,јади дур си таму,ако не никому ништо,не собирај. Исто и моментот на оние другите од стана што гледаат и се чудат,превртуваат очи,па зборат после на долго и широко,овој зимал викал во салфетки пикал по ташни,срамота било,сељачко било. Абе,глеј си своја работа.Македонче!!!
Ич не можам да ве разберам, ама ич. Сметате дека не е важно што ќе рече народот, комшиите или кој и да е за вас, дека само вие одлучувате за вас и вашиот живот, оти нели тоа е мешање во вашиот живот и ќе правите што сакате, не ви е гајле за оние што зборуваат, тогаш ЗОШТО, о зошто зборувате и ги оговарате другите дека правеле нешто што не ви се допаѓа? Ако тие луѓе што собираат храна по свадби не се срамат, зошто вие би се срамеле? Вас ли ве срамат? Јас не сум забележала дека има луѓе кои собираат храна по свадби, ама искрено, и подобро е да се собере отколку да се фрли сето тоа што ќе остане. Нема да се најадат или збогатат, ама зошто да се фрли? Има луѓе што немаат леб да јадат, вие се срамите од тоа што имало луѓе што собирале храна после свадба или било каква дешавка. Па не ве срамат вас, себеси се срамат, ако тоа е воопшто срам. Нив дефинитивно не им е гајле за тоа што мислат другите, ама на сите кои осудувате, очигледно ви е поважно што ќе рече народот. И подобро е таа храна да се фрли? Не би рекла. Подобро некој убаво да се најаде, макар и куче да е.
Правите да ми е криво што не собрав една свеќа што многу ми се свиѓаше... Жално е, прежално, што народ е доведен до просјачки стап, да треба да собира од маси. Ако правам било каква веселба и знам дека личноста е посиромашна, сама ќе средам да добие спакувана храна за после, без да ја ставам во незгодна позиција. Ама знаете што? Обично тие што немаат, срам им е. Наместо тоа, ги гледате оние т.н. алапачи од раја, улицкани, малце со карминчето на заби, што само идат по веселбите да бројат залци и одблиску да набљудуваат кој што носи и како се однесува, колку пиење носеле келнерите, дали имало 2 или 3 меса, ист ли бил гарнирот кај сите, тортата колкава била, па да ти коментира „Ти слабичка си, нема сето да го изедеш“ (сум чула, да)... па што фактор си ти да си „резервираш“ туѓа порција? На моја матура ме изеде срам од таква. Да се прашував јас, не би ни славела таква глупост, ама ете, ќе речеш блиска, 40 год. професорка била, со топ пензија... кога се испијани, па почна да се беси по гостите, па по тие 4-5 масички да кружи дури носат вечера (имаше повеќе опции да бираат кој што сака), да прашува што било тоа, ај да ѝ направеле за дома, на келнериве им врие, она рецепти им бара... Малце сега морбидно уз темава, ама исто ни се случи на погребот на баба ми. Погреб! Попов само што допеал, ми се мати од самиот поглед, се тресам... кога оваа ме подбуцнува од колачите да ѝ дадам во кесуле. После иде дома со нас, да си го земела ли јагнешкото, мажот ѝ многу сакал, а ние и онака приметила не сме го ни чепнале. Па осет бе, осет, маму му јебем! Не може да кажете „Што гледате па вие по други?“, кога апла се life of the party тие луѓе, не се правете дека не приметувате кога ви одговара, посебно не за раја што на анонимен форум наоѓа замерки за недепилирано бркче, животот на Мелита и дали сликата имала бјути ефекти. Ако толку е грижата да не се фрла храна, посебно па платена од друг, или замоли неприметно да се спакува, или ко на членката погоре што направил свекорот, има стотици гладни бездомници на кои би им била добредојдена.
Јас сум била сведок на тоа собирање храна "демек за кучето". И ми било несфатливо, не е дека немале луѓето ама баш до месо вечерта им дошло. Потоа имав случка каде една познаничка беше кума на свадба и таа го собираше буквално со се тањир јадењето и пола торта и под столица. Ни сум збирала ниту сум носела дома, навистина е некултурно и невоспитано тоа. И ја се зачудив за сокови, тоа неам видено... Страшна работа.
Зошто да не? Тоа што ке остане се дели на персонал и рест се фрла Зошто да се фрли кога е платено и некој може за дома да земе
Како само нас од страна ни е срамно, а нив не. За да имаме материјал за оговарање очигледно. Мене пак до тоа ми дошло да гледам кој што прави. Од свадби ја памтам само веселбата, ни дали некој земал храна, ни дали деца се мотале. Сум ја видела баба ми, ама за мене тоа било нормално, а не кривично дело за да ја анализирам. Па да кажуваме што е културно, а што не, да не ќе ги промениме така случајно? А и стварно, ама стварно не гледам ништо лошо. Ете баба ми е сиромашна, нема секој ден месо, а и зошто да се фрли, сигурно нема тоа после некој друг да го јаде. Па ќе се осиромашеле младите, бре, бре и до таму ли отидовте..
Воопшто не го разбирав ова. Друго е во ресторант/кафана да ми остане јадење па да си го земам за дома, а друго е на свадба. Не е културно и не би никогаш. Да одам и да собирам по маси јадење
@jacqueline.s епа тука е и проблемот, ти ми реплицираше на секое мислење. Штом имаш обврски, слободно заврши ги а мене занемари ме. Велиш си завршила со дискусијата, ама пак се дообјаснуваш. Океј, ти ја сфатив јас поентата, ама ти очигледно не ја сфати мојата. Секако дека сакам да докажам поента, дискутирам и сакам да покажаш зошто сум пишала така-како-што сум пишала.
Ова со соковиве не ме чуди. Девер ми секогаш така прави.И сме збореле со мм срамота е.Ке се напиеш или ќе заштедиш ако земеш шише сок или испиен до пола???? За свадбата наша ја возеше нашата кола,а ние нели кај од кумот.Утредента во кола шишиња сок.Зел,и ги заборавил кај нас.Којзнае колку се јадуфкал дома
Јас искрено на вакви случки, како погоре опишаните, уште не сум била сведок Обично знам торта дека на крај си земаат за дома ама тоа при крај, одат кај персоналот во кујна, да им го завтикаат, се фино така, барем тоа гости што седеле на маса каде сум била сместена Или одат и го прашуваат персоналот дали ако остане месо дали ќе можат малку да им завтикаат за дома, за кучиња ако чуваат и сл. Искрено, не ми е смешно ако некој си зема храна, бидејќи не знаете каква им е ситуацијата дома, ама како што кажаа погоре, се согласувам и мислам дека тие што нај немаат, се најскромни и би им било срам вакво нешто да направат.
Оваа народот барем кај нас често го злоупотребува, шеф сум на ресторан, и сега што правиме среде свадба ќе дојде некој од свадбата и ќе побара да му се собере храната која се вратила во тањирите, на крајнод свадба ќе бара да земел гајба пиво или слично, значи луѓе култура малку ќе ве молам, (оно да си бидеме искрени и не е секој за во ресторан), значи храната која веќе некој си ја платил може да си ја земе фала богу, но ние можеме да ви излеземе во пресрет и спакуваме неколку порции кои ви останале а не час и повеќе да биде ангажиран од персоналот кој ќе ви ја пакува храната, пиењето ако сме се договориле да биде во неограничена количина да но сме рекле и дека тоа е до 1:00 а не во 1и10 да ми бараш гајба пиво за дома и да се расправаш дека те следувала, значи да недолжам многу, рестораните кај нас се достапни за сите луѓе што тоа не е случај и во европа, треба мало култура во ресторан а не да се возите на возот "плаќам ти и за мојте пари ќе правам што сакам".
Кај нас на свадба цела баклава се собра од по масите. Ама баш ништо не пробавме. Гостите пресреќни оти кај нас веќе никој не дава баклави. Ама моите баби салтанатлики сакаа со се да ме одредат.
А и вие персоналот не сте малку безобразни? Познавам мин 3 пара на кои песоналот им украде торти што им ги носеа тетките и стринките. Резил!
Хаха, биди конкретна за каде се работи, значи НИЕ со тортите имаме додир само кога ја сечеме тортата и кога ја посложуваме, од торти и благо на нас персоналот ни е преку глава
Јас на ниту една свадба до сега не сум можела да јадам. Од умор или не знам од што но губам апетит и порцијата ми останува цела. Па не би имала ништо против ако некој ја зеде и ја изеде. Па дури и ако сака за дома да ја носи. Таа порција е платена, па пoдобро нека биде изедена отколку да се фрли. И не знам зошто ви смета ако некој ја зел храната. Дали сте размислиле дека некој можеби ви ги ставил последните пари во плик, за да после не ширите муабети како малку ви било дадено и дека тие можеби немаат за да купат храна наредниот ден.