@sagittarius989 Леле персонал се јави, баш вие фалевте тука Гостите ќе бидат покултурни кога и вие ќе бидете такви, а не на секоја свадба да гледате како можност да се земаат цели торти, прасиња од маса и да се влечкаат пијалоци дома. Кога веќе спомнуваш Европа, оди прашај дали вработените можат едно парче леб да изнесат од ресторан за дома а не со ќесиња храна и пијалоци да излегуваат, па уште они ќе се жалеле од народот.
Ниту е културно, ниту пријатно кога некој ти стои над глава и на секое те прашува: "Ќе го јадеш ова, или да го носам дома за кучето?" Аман! Немам против ако собираат отпадоци од масите откако гостите ќе станат од истите, ама да те замараат навистина нема смисла. Што се однесува до тоа што некои гости сметаат дека храната по автоматизам им припаѓа, бидејќи е платена, не знам што да кажам. Не ја платиле они таа храна, домаќините ја платиле. Ако домаќините сметаат дека има останато многу храна, можат да ја поделат на гостите. Како што направив јас за крштевката на ќерка ми. Сите гости ги "дарував" со по едно пакетче за дома
Немам ништо против нека си земаат ама со усул. Јас не земам скоро никогаш, ретко да си кажам некогаш кога сум излезена на вечера, ако јадам пица секогаш ми останува, ако ми останат многу парчиња си ја зимам. Ама на свадби и такви прослави не. Немам ништо против за другите само да биде во граница на нормала.
Доколку сум во ресторан или кафана на вечера и она што сама си го плаќам, а од некоја причина не можам да го изедам, тогаш нема ништо срамно или чудно да му кажам на келнерот да ми го спакува. Но доколку сум на свадба на крај памет не ми паѓа да собирам јадење од масата да пакувам или да собирам шишиња сокови. Па нели одиме на свадбата за друга цел, порција пред тебе имаш ако ти се јаде јади, доколку не можеш да јадеш и да пиеш во тој момент никому ништо, ќе си јадеш дома и така.
Од која храна се собира? Обично муабетите по темиве се од типот од мравка слон. По масите има салата, во чинија пирошка ти носат отпосле и вечерата ти ја служат во посебна чинија. Обично е телешко/свинско со некој сос, ориз и компир. Сето тоа "ако" остане е растечено и нема можност да се собере, а и да се собере може понатаму само прасиња да го јадат. Човек нема да се најаде од јадење од една свадба ако нема секојдневно што да јаде. Не гледам ништо лошо да си земам парче торта за дома, зошто свадбарските торти се највкусни торти. Сигурно нема да ја јадам во 1 час по полноќ. Во една европска земја има донесено закон храната од рестораните да не се фрла туку да се донира на организации за бездомни лица или лица кои имаат потреба од храна.
Бре бре бре, види вака јас многу добро знам како е во европа, впрочем 7 години работев во ресторан во Парис, а незнам ние што "мкнеме" впрочем јас можам да зборувам за мојот ресторан, за во други незнам, дека "вие" граѓанчињата сте некултурни и мислите дека ако дојдете и платете една порција храна дека ресторанот е ваш и дека може и да се изживувате со персоналот односно да ги лечите вашите комплекси бидејки дома несмеете, и на стол да се качите и цигара да запалите иако седите до знак на кој убаво пишува дека тоа е забрането ии незнам уште што се уште не, вие имате право да го добиете остатокот од порцијата која сте ја платиле иако не сме должни тоа да го правиме ние го правиме ноо претерувате бре човече, за торта прасиња и такви други работи персоналот не е желен верувајте, барем кај нас во ресторанот тоа не се прави и секако немам досега никакви поплаки за тоа и нема да имам бидејки околу тие работи редот е одлично дефиниран па така да се што е стран производ барам соодветна декларација за него и секако то си стое пред сопственикот, стран производ како торти прасиња и слично кај нас вкујна не влегуват...како сто кога ќе влезеш во кајак треба да ставиш елек и да бидеш примерен така и ресторанот си има ред неможе на рогови да го дигнеш и да правиш што ќе посакаш да урлаш и слично...
Не одам по свадби, а по ресторани ретко јадам. Храната вообичаено останува, и истата преферирам да ми ја запакуваат за дома. После тоа не ја ни јадам, туку им ја давам на животните пред зграда, или ја оставам и за моите да каснат. Секако дека не барам да ми пакуваат тестенини, чорби или супи, но затоа доколку остане некое парче пица, мевце, помфрит, фурнаринки или салата не гледам зошто да не? Нема ништо срамно во тоа да побараш нарачаното и уредно платеното јадење да си го понесеш за дома, било тоа свадба или некоја прослава од сличен карактер која се прави во ресторан. Се сеќавам на една случка сега неодамна кога бев во Plaza de Toros. Еден дечко побара преостанатиот дел од вечерата да му ја запакуваат за носење, а едни девојки наспроти неговата маса се смешкаа и шушкаа демек бил тешко сељачиште што има образ да побара такво нешто... Не знам кој беше по ,,сељак" во случајов, дали дечкото кој културно замоли, или девојките кои се смееа на сметка на неговото барање.
Ако сакам да земам нешто за дома, ќе си ја земам мојата порција. Без разлика дали е месо или торта. Некако ми е несфатливо да одам по маси и да собирам јадење. Ама секој со свое мислење и култура. Лани за нова година бев во ресторан на прослава и си го собрав буквално целото јадење. Така се испонашаа лошо општо зборам за услугата, што јадењето го донесоа дури во 1 часот по полноќ, а тортата околу 2ипол. Реално кој може да го изеде тоа? А не беше баш ефтино платено јадењето. И фино си замолив од келнерот да ми спакува се, и месо и тортата и се си изедов утредента на раат дома
Самото тоа што ги заборавил говори колку реално му требало некое шише сок, работава е колку да се земе нешто. И АМАН со тоа може нема човекот, може последните ги дал за твојата свадба. Е баш тие што имаат собираат. Баш на една свадба што јас приметив дека луѓе полнат пластични садови беа пар со многу висока позиција и двајцата. А и не каните рандом луѓе на свадбата па да не знаете кој колку има, и дали последните ќе ги даде за вашата свадба. Ако има таков случај кој буквално нема мислам дека секој би бил првиот што ќе се погрижи и дома да му се прати од јадењето.
Дома си ги носите, на вашите дома не им е преку глава најверојатно неможам да бидам конкретна,бидејќи ќе се знае од кој град сум, а несакам
Собирање храна ми е прифатливо само ако е од сопствена порција или од масата на која седи човекот по завршување на прославата кога јасно се гледа дека веќе никој нема намера да јаде. Некој некогу да прашува дали ќе јаде за време на ручекот/вечерата ми е крајно некултурно. Шетање и собирање по другите маси исто така не ми е пријатно за гледање без разлика од која причина го прави тоа одреден човек. Како семејство никогаш не сме направиле некој ваков потег но се случувало да бидеме сведоци на вакво однесување. И прво што ми паѓало на памет не било дека луѓето зависат од тие две парчиња месо што ќе ги земат туку дека нема смисла да се фрла храна.
@sagittarius989 Клиентот е крал и секогаш треба да се третира дека е во право. Ова и Гордон Ремзи ќе ти го каже. И да го послужите клиентот, џабе, ако тоа го правите дрско, со превртување очи, бидејќи услугата не е само тањирот да му го ставиш на маса, треба 1000% култура и љубезност, без разлика дали сте нерасположени или не ви е денот. Точно е дека дел од гостите си лечат комплекси, се однесуваат дрско, едноставно неизживеано. Ама неретка е и ваквата појава од самиот персонал Ама однесувањето на гостинот е само одраз на неговата култура, додека вие сте обврзани и работа ви е покрај, другото, да бидете на ниво и љубезни, за успешен бизнис п.с Шта се тиче града, Париз се пишува со "з" во твојот мајчин јазик, онака, чисто информативно после 7 години
Клиентот е во право додека не ти дојде во кујна Тогаш веќе не е Да не бидам оф-топик... Никогаш не сум видела некој да оди по масите и да собира. И онака многу гнев ви има во приказните што ги кажувате. Дај бе луѓе малку чил аут... Нормално дека е глупо некој што не го ни познавате да ви бара од јадењето, ама фино ќе го откачиш и исто ка да не се ни случило. Како тоа да ви е најголем проблем во животот...
Многу сте треснати одземја дека клиентот е крал, за да бидеш крал мораш да ги имаш манирите за крал, ваму во мојата мајчина држава со з реко кој луѓе го разбират зборот манир иии да секогаш сме љубезни токму затоа клиентот претерува ии искрен ќе бидам и слободно ќе кажам дека мојата љубезност исчезнува со такви клиенти, ако ме судиш за ова те поканувам само 3 часа да поминеш со таков клиент ако издржиш јас јавно ќе се откажам од оваа професија и цврсто ќе те подржам, меѓуто јас 12 години го работам ова и клиентот е секогаш бил во право алии во последно време клиентот заедно со неговите дечиња е крајно разгален и на рогови качен
@sagittarius989 Ако немаш трпение и брзо избувнуваш поради некултурен гостин, професијата едноставно не е за тебе. Јас на ниеден начин не ги оправдувам дрскоста и некултурата, и од двете страни, но мора да разбереш, дека некултурата на гостинот си е негова, но твојата некултура се одразува и е слика за целиот ресторан, целиот персонал и газдата. Гостинот ќе си отиде, може нема ни да дојде повторно некогаш, а еве ќе му текне со модерните апликации да напише рецензија за вашиот локал и сите ќе ја прочитаат. И нема во таа рецензија да напише келнерот Саџитариус беше некултурен, туку ќе напише персоналот или уште полошо само ќе го именува целиот ресторан. Еден гостин никогаш нема да се врати во ресторан каде лошо бил дочекан од персоналот, нема да се врати, па макар ја јадел таму и највкусната или најевтината храна.
Собирање на храна од свадба ли Аман бе, немате пола парче стек по дома па од ресторан ќе земате? Ај вашето, ама туѓи? Ако така гледате дека е платено, тогаш треба да се даде на тие што платиле, т.е на младоженците, а не на гостите. Сепак таму сме само гости, нели.. Јас храна од свадба не собирам и еднакво мизерно ми е дали е мојата порција во прашање или туѓа. Храна од ресторан кај што сме седнале да јадеме, може да земам, а често и вработените прашуваат дали да ја спакуваат.. Сепак, свадба си е свадба. Ај ако не земете кутии и соберете од сосот, да макнете со леб после тоа
Очигледно ти е дојдено преку глава, 12 години не се малку па нормално е ова твоето. Но работите се прости и едноставни. Имаш правила, знаеш како келнер или шеф во кујна што можеш и што не да дозволиш, и нема што да се расправаш долго со некултурни гости. Може или не може, толку е. Башка искуство имаш, не си од вчера, па како тоа уште те вадат од такт гостите? Не ти се очекувани и веќе видени сите нивни реакции и барања? Имам работено со луѓе и во моментот кога почнале да ми сметаат и на нив да се истурам, јасно ми било дека мене од работата ми е дојдено преку глава, луѓето си се тие, јас не сум веќе за таму. Па размисли си и ти