Немам време ваму правопис да ви демонстрирам, можеби си во право ноо што се фати за мене погледни по форумот колку има неправиле правопис или не ти одговарам нешто па немаш со што да ме нападнеш пак ајде, кулирај ако неможеш да читаш нечитај
Во право си, знам како, но незнам ти што имаш работено и со какви луѓе, во алакарт ресторанот пак колку толку доваѓат луѓе кои колку толку имаат колтура иако и обде често се наоѓа некој кој се замислува крал за 500ден што ќе платил ноо кога станува збор за свадбите ее обде олеле мајко, се штитат клиентите цело време тие биле обештетени, само за ваша информација, од секоја свадба фали мин по еден прибир за оцет и зејтин, по еден диспанзер за салфети и што ли уште не работи кои и неможат да се забележат од прва, јас се шалев пред некое време велам да ставиме на код на приборот а читач на врата и да гледаме смешки мало
Не си давај до толку значење дека против тебе како член имам нешто против.Прв пат те среќавам воопшто за да ти контрирам намерно.Едноставно ставај точки за да можеме убаво да те читаме.
Само мене не ми реплицираше, би Сунчица да се увреди Ама ваљда тоа значи и дека нема што да ми реплицира и дека се согласува
Леле баклава Ја мислев само на баба ми и останал паметот во баклави на свадба. Според неа не била градска свадбата ако нема баклава Ми вика, џабе цело спремање ако на крај не послужат баклава. И така и бидна, да не и кршиме атер
Несакав и јас да им кршам атер и многу беа среќни. Со задоволство се спремаше. Па и гостите среќни дека одамна не виделе свадба со баклава. На сите по ќејф.
@duffi, @BoaVista, оооо, баклава! Какво пакување за дома, бре... Таму ќе ја изедам цела, на лице место, мх мх мх
Сум била сведок на собирање храна од чиниите на свадби и тоа за кучето. Не ми смета , нит ми е безобразно , всушност немам мислење , сеедно ми е Ама глупо е некој да ги прашува гостите дали ќе го јаде останатото или да го собере.Е тоа дури и сељачки е. Па и за дома некој да сака да си земе, штознам, ако нема па нека си земе зошто да не.Има луѓе со празен фрижидер најголемиот дел од месецот и не гледам ништо лошо во тоа да си земе за дома, па и од друга порција каде гостите завршиле со јадење.Подобро некој со апетит да ја изеде храната отколку да се фрла.Можеби на тие луѓе им е доволно незгодно и понижувачко што посегнуваат по храната за да си ја земат за дома, па која сум јас да превртувам очи или да кажувам дека е тоа сељачко однесување.
^ Значи, ако тие луѓе немаат пари за леб или се со празен фрижидер, нема ни да одат по свадби. А не од тањирот јас што сум јадела, а сум оставила парче месо или компир па друг да го јаде.Нема смисла, навистина.Или, полека јадам а некој ми врши притисок цела вечер дали ќе го јадам или да ми го собере...
На ќерка ми кога правев крштевка лани , направив свадба мислам не крштевка ..претеризам беше стварно. Имавме повеќе од 130 гости (бидејќи немаше место каде да седнат веќе) Толку поховани даски , месни ролати , солени торти , благи ..што ли не. На крај кога сите се разотидоа дојде келнерот ( кога му платив) и ме праша дали да го спакува останатото . Мислам коса ми се крена , значи нема потреба кога веќе си однел толку многу храна , па останала ок ама веќе било допрено смешано чисто -не чисто што ќе ти е ? Јас лично неможам , искрено гнас ми е и не земав ништо . Додека пак јатрвата , кога славеа роденден на детето одеше по маси и собираше не касното парче пица за дома да носела е неможам да сватам . Не само што е не хигиенски , одвратно . Туку може и не дај божр некоја зараза да си донесат од лакомост . Јас сум строго НЕ.
Да де, тие се осудени да седат дома и никаде да не одат само затоа што немаат пари. Аман, мислете пред да пишувате вакви работи. Мене па не ми смета ако некој си зема за дома. Не сум земала и нема да земам. Колку ќе изедам дур сум таму толку, ама па која сум јас да кажувам дали некој има или нема право да си собира за дома. Напротив, и мојот дел што не планирам да го јадам ќе му го дадам ако сака.
А зошто па да не одат на свадба ако се сиромашни???Ај па ако не вакви како тебе нека напишат на поканите стоп ако сте сиромашни оти има опасност храната да ја собирате од маси. Боже свашта, дома да си седеле. И ти ако си оставила парче месо од каде знаеш дека кога ќе ја соберат порцијата не го јаде некој, и како тоа тебе те повредува? Или колку да се исхејта нешто.
^Стоп за сиромашни бидејќи поклон во плик нема да добијам, а зошто правам свадба ако не за пари да соберам.
Јас немам ништо против да си го однесе некој дома јадењето од чинијата. Па пари е давано за тоа, треба ли да се фрле? На мојата свадба на едни гости од друг град им спакувавме од тортата за ќерка им која не можеше да дојде, мајка ми спакува и од тортата за сестра и' исто од друг град беа. Не гледам ништо срамно во тоа. Исто и ако си земал некој шише вода или сок за по пат ако е од друг град. Можеби во близина нема бензинска за да си купе. Верувам дека никој нема да се збогате со едно шише вода или сок, а и никој нема да осиромаше. Па и келнерите сигурно си земат за дома
Ти госпоѓо, ако знаеш што пишуваш. Ќе се тепаше со мене што се вика зашто сум рекла сум добила празен плик и што сум добила 1000 денари од комшии што биле канети двајца, а биле четворица непланирано, а сега тука збориш без пари на свадба не се одело Нели ти не гледаш кој колку пари има?
Секој си има право на свое мислење . Моето мислење е што сакат нека си зимат и што сакат нека прават се додека е во рамките на културното однесување .. Ако не му е гадно на некој и од земјата нека јаде шо ми е гајле па мене ...
Jas koga bev doma, koga ke odevme po svadbI so majka mi, mene sekogas cinijata mi bese polna, nikogas ne jadev, malce nesto ke cepnev. E sega ne gledam nikakov problem da si go spakuvam jadenjeto za doma. I majka mi sekogas pravese taka. Ama spakuvavme jadenje od nasite cinii, a ne po drugi masi da trcam I da prasam dali ke jadat ako ne da si go spakuvam za doma, toa e krajno nekulturno spored mene.
Или вие живеете во некој филм или јас стварно сум пресиромашна!!! Не ми е срам да го побарам јадењето што останало. Не за домашно милениче, за мене па и за нас. Не се сите родени со златна лажичка. Од кога памтам за себе ние дома внимаваме да не фрламе храна финансиски не можеме да си дозволиме многу па внимаваме на она што го имаме. Има луѓе и плошо од нас ако имам нешто вишок ќе им го однесам. Ниту јас најбогата за некоја порција плус ниту тие најсиромашни па да им се помогне ама денот ќе си го поминат. Срамно е да се лаже и да се краде а не да се земе она што е веќе платено.