На оние што не ви се допаѓа собирањето храна, всушност, што ви е гајле што правеле другите, и зошто го правеле тоа..? Нивна работа е. Да бевте и вака загрижени за општествените добра немаше да биде земјава кај што е сега. Секој има различни потреби и причини да собира храна или не, и не гледам зошто, ама стварно зошто некој треба да го интерсира зошто, како, што... Не знам луѓето зошто не си гледаат под својот нос, туку мора да се гледа што правеле другите па што рекле и да се препукуваат за тоа неколку пати. Кој ти дал тебе право да осудуваш и да кажуваш што треба и што не треба да се прави? И да дефинираш што е културно а што не? Наместо да пишуваш тука за тетки и чичковци што правеле и како се однесувале, ако сметаш дека не е во ред и неубаво изгледа, оти немаш муда да им кажеш како е подобро? Па и тие луѓе да научат како да се однесуваат во ресторан, од најдобрите - од отмените. Општа култура е да не те интересираат туѓите работи. Ако си се дотерал и си отишол на свадба со не знам каков подарок не те прави најбогат, највоспитан, најскормен, најотмен, а уште помалку ти дава за право да солиш памет дали треба да ја соберам храната или не. Искрено се надевам дека еден ден ќе дојде моментот кога луѓето ќе почнат да велат "ова не е моја работа и сигурно има причина зошто ова е направено така".
Инаку, за свадбиве некој да ми одоговори, кога всушност имаш време да јадеш на свадбата? Досега за мене не се појавила можност се да изедам од порцијата. Понекогаш се случувало и дел од оброкот да го прескокнам затоа што цело време играм на свабда. И според вас прекултурни луѓенца што осудувате све и свашта, и според вас објективни набљудувачи ( оти нели непријатно изгледа ), како е правилно да се постапи? Да се остане гладен цела вечер? И откако е платено толку пари за да бидам на свадбата да доплатам и за уште една вечера кога ќе излезам од свадбата? Оти нели, непишано правило е кога одиш на свадба поклонот да ти биде барем толку колку да си ја платиш порцијата. И така можеш да кажеш дека идеш на скапа вечера да се забавуваш со дел од фамилијата. Кога веќе плаќам да сум таму, сакам собирам сакам не. Што не праша некој колку пот се вложени во тие пари со кои ја купуваш вечерата? Или непријатно е да не ти платат пола од сработеното?
@schmookie се согласувам донекаде со тебе. Убаво кажано и формулирано. Само не секогаш тој што суди на ваквите прослави е со ситна душа па сака да соли памет. Македонските семејства си имаат доза на ривалство и драма. Сакам да кажам комплексна позадина. Причина за осудување може да биде и нешто друго освен онаа "дошол на свадба па пика како да не видел". Во секој случај се согласувам со тебе. Лично ќе побарам дел од менито да ми се спакува за лице кое е беспомошно и не може да присуствува но без разлика мил за мене. Имам доза на здрава свест да ги анализирам работите од двете страни. Не сакам да ги осудувам оние што осудуваат така не се разликуваме едни од други. Стави се во чевлите на двете страни или ако тоа не е моја работа ке одам боса и слободна од предрасуди и ограничувања.
Се е тоа во ред. И јас кога јадам во ресторан ако ми остане храна барам да ја спакуваат. Ама... таа храна јас сум ја платила. На свадба храната не е твоја. Домаќините ја платиле. Ако они ви дадат, во ред, ама сами да земате? Тоа му доаѓа исто како да му отидеш на гости некому и на крајот на вечерта да си ја собереш храната од масата. Да не се фрла, де.
Потполно се согласувам со тебе дека треба да се праша домаќинот, ако си гостин ќе прашаш. Ако може супер ако не никому ништо. Јас повеќе зборував за ако јас сум таа што плаќа, не за друг домаќин/организатор, иако на свадба гледаме да си ја платиме порцијата. Муабетот ми беше дека јас не гледам ништо срамно ако некој праша дали може да си ја земе храната што не ја изел.
Мене така еднаш ми ја снема кременадлата од тањир Јас дур да изиграм пајдушко, некој ми ја собрал вечерата, па начекав празен тањир. За кучето, мачето, или за некој сосема друг, не е убаво по маси да собираш, особено без прашање. Демек, не е дојадена кременадлава, изгледа нема ни да ја јаде, па дај да си ја земам. Во ресторан знам да си кажам да ми спакуваат тоа што ми останало, ама на свадба не ми се случило. Ниту јас сум платила за тоа, ниту ми е пријатно да си земам во ташна. И не знам зошто цело време викате дека се фрла таа храна што ќе остане После свадбата на другар ми, знам дека од самиот ресторан му го спакуваа месото што остана и си го зема за дома. Исто и од кетерингот што им беше дома, па после три недели беа обезбедени со јадење
Зборам за две различни работи.Едно е човек да ми донесе мал поклон или и со празни раце да ми дојде,сум го поканила зошто ми е близок и сакам радост да споделам со него и не се замарам дал со празни или полни раце ќе ми дојде, ама сосем друга тема и работа е да ми дојде некој на свадба и да им виси на другите над глава и да им врши притисок дал ќе јадат или у торба да донесат или да идат по маси и да збираат тоа што останало и да зимаат сокови за по пат.
Види,ти мислиш дека е океј со торбата да одиш по маси и да збираш храна,јас не мислам така.Јас зборам за тоа дека не ми е океј некој да ми виси над глава и да ми брои залци и да ми врши притисок дал ќе јадам или да го собере.Едноставно не е пријатно и културно... Значи,дочитај па пишувај.Едноставно одам на свадба за да си поминам убаво и порцијата што е пред мене ако сакам до крај на свадба да ја јадам а не некој да ми диши у врат и да ме брза за да знае дал да ја собере у кеса или не.Мислам,незнам кој ви е проблемот,стварно.Јас уште јадам а некој до мене-Ќе јадеш или да соберам за кучето а јас уште џвакам.Не иде така,навистина не иде...
За на некој што му ја снемало храната од на маса. Да знаете дека келнерите си имаат свое време на сервирање, собирање... И јас имам играно на оро и ми ја собрале чинијата од предјадење, недопрена. Сепак си има некој ред таму, организација, се работи за многу луѓе, не може келнерите лично да ни слугуваат. А, некој некому да му зел од чинија - никогаш не сум видела, ни слушнала.
Јас сум земала храна од свадба и сум си ја носела дома. Не ми незгодно, ниту ми е гајле што мислат другите. Скоро цел живот сум вегетаријанец, и секогаш пилешкото или кременадла си ги носам дома. Многу често луѓето од масата да ми се понудуват да ми го дадат и нивното месо. Најпрво им се заблагодарувам и ги замолувам да си продолжат да јадат, ако на крајот им остане не е проблем ќе го земам.
Ние сме имале ситуација месо дома со очи да не видиме па не сме земале од свадби или други прослави.Но и генерално немам проблем ако некој сака да земе слободно нека си земе,за разлика кога со мажми излегуваме на пица или вечера остатокот ако е половина или повече од половина им кажуваме на кенлерите да ни го спакуваат понекогаш и самите ни нудат да ни го спакуваат јадењето.Порано одев во еден ресторан миев садови за дневница за свадби,остатокот од месото што беше зајадено му го даваа на кучето ,газдата на ресторанот имаше куче па таа храна беше за него.Додека таа што не беше започната ја делеа од персоналот за дома.
Кога одам на ручек во ресторан, останатата храна барам да ми ја спакуваат. Не за кучето, си има тоа своја храна, туку за мене. На свадба, матурска итн. Не. Стварно е глупо, ама стварно