Соби во домот Вака СДП како вам ви изгледа оваа комбинација на бои за дневен простор...знам дека се е до вкус но би сакал да слушнам ваше мислење.... Зборувам за нијанса на црвено сиво со бело или црно...вака нешто: Ова ми е нај убаво
Сакам да прашам...? Анннни мене лично ова ми е премногу модернистичко, премногу прави линии и форми, коцки, кругови, па и ладни бои. За мене ова не би било идеален дом, од причина што во ваков простор нема место за тие ситни мали, лични и убави детали кои ја прават душата на домот и даваат топлина. Ова последното особено, делува повеќе на канцеларија, односно на чекална во некое големо претпријатие. Дури и подот е бел!! Јас ја сакам црвената боја, убава е за дома, ама само за одредени детали, и да не биде доминантна. Факт е дека во домот треба да има топли бои, нешто на кафеаво, крем, протокалово, па дури и жолткасто, за да се даде живост. А вака ќе делува како роботи да живеат во просторот. Сепак ова е моето мислење, на тебе останува изборот.
Сакам да прашам...? Аннни мене ептен ми се допаѓа црвена боја. Станот на Ферхунде е шарен и ептен ми е интересен. Сакам таков шашав стан . Мојот здравје ептен шарен ќе го направам.
Сакам да прашам...? Мене ми е во план цела дневна и трепезарија да ми се во тој стил како на првата слика. Само можеби црвено со црно, зошто белото многу брзо се валка. Јас сега во Мај ќе реновирам и дефинитивно ОВА е ТОА !
Сакам да прашам...? Старфиш па затоа сакав да ве прашам претходно сакав да ми биде дома строго црно и бело,и си направивме така ама да ви кажам дома има многу ладна атмосфера,никаква топлина затоа си викам белки ќе даде живост црвената ама и таа викате не а??? Вака би било потопло се разбира но јас сакам се да биде на бело....
Сакам да прашам...? Анннни а зошто не пробаш со малку крем? Или некоја шампањ боја? Тие бои убаво може да се складат со белата, ако сакаш таа да доминира. Ќе внесат малку топлина и живост. Плус едно убаво и големо собно цвеќе во саксија, како папрат или палма, со зеленилото многу убаво ќе делува во тоа белило.
Сакам да прашам...? ^ Ани, ама имај си на ум дека белото се мноооооооооогу валка. Кај золва ми комбинацијата е црвено со светло и темно кафеаво ( трепезарија идневна) и изгледа преубаво!!! И воопшто не делува просторот како бојата, некако ептен се осеќа топлина и убавина. Сепак секој според желбите.
Сакам да прашам...? Скај секој со неговиот вкус, мене станот на Ферхунде ми личи на козметички салон, во него би можела да седам, ама на кратко, а да живеам нема шанса. Целосно се согласувам со постот на Старфиш, домот треба да биде топол и со смирени бои кои опуштаат, а не да вришти како станот на Ферхунде, ама секој со неговиот вкус, нели?
Сакам да прашам...? Да имате право девојки ќе соберам неколку идеи ќе се консултирам со вас и ќе решам...а за станот на ферхунде мене и не ми допаѓа баш...некако ми е многу наџиџан,многу бои,,многу шари...многу работи на едно место јас сакам по едноставно,и по празно не се на куп!!!
Сакам да прашам...? Ани еве неколку слики, може ќе ти дојде некоја идеја Ова на пр. е повеќе на крем, ама сепак се задржува белата нијанса. И ова е на бело, ама тука има елементи на кафеаво, па прават да изгледа посмирено и потопло. Еве нешто со црвена боја, кадешто таа нее во преден план , а сепак освежува.
Сакам да прашам...? Старфиш си ја згрешила професијата, со таква креативност створена си за interior designer или било што поврзано со дизајн. Браво
Сакам да прашам...? Сеси тоа ми беше мене желбата, или нешто со внатрешен дизајн или до дизајн на накит и облека, само да е креативно и да нуди прстор за изразување. Но за жал нашиве факултети не нудат ништо особено, а реално и работа е тешко да се најде кај нас... Да не сум офф-топик. Аннни има во сите продавници за бои и лакови, како палетка на бои. Со неа многу убаво можеш да избереш боја што ќе одговара, по твој вкус, а сепак и да се склопува со општите правила на внатрешен дизајн. Ако ја побараш сигурна сум дека ќе ти ја дадат и ќе ти помогнат.
Соби во домот Штом веќе сме кај црвеното: Еве уште нешто на бело Аннни сега кога разгледував слики, ми падна во очи една, бело декорирано со зелено. Можеби ќе ти се допадне, мене освежувачки ми делува. А помислив и на циклама розево. Добар контраст со бело, сиво и црно.
Собите во домот.. Мене ми се допаѓа бидејќи е поинаков , не е како кај сите. Сакам така повеќе бои. Иначе многу ми е натрупан. Јас сакам да има три бои ама такви светли , весели , да не биде едноставен.