Собите во домот.. Љубител сум на ориенталните елементи во декорот. Од секогаш сум сакала да имам пространа дневна соба, со многу зелено цвеќе, шарени перничиња и ламби во турски стил и убави завеси. Сакам ѕидови во топла боја. Мојот идеален дом би изгледал вака нешто: Еве плус нешто слики од Марокански декор на домот. Преубав ми е. Делува многу опуштено, удобно и топло. Со многу напори се надевам дека оваа пролет конечно ќе си ја преуредам собата по моја желба.
Собите во домот.. Јас за разлика од повеќето,сакам едноставност во домот.Баш оние што ги нарекувате "Ладни". Сакам големи,празни простори,со што помалку бои и со што помалку пренатрупаност.Мразам премногу предмети,украси,шаренило.Може да бидат уфрлени некои детали во боја,меѓутоа сакам во основа се да ми е бело или кремасто,црно... А мојата соба е обратното од тоа.Мала,со милион бои,пренатрупана.Просто се гушам од неа,и поминувам многу малку време таму.Едвај чекам да ја преуредам. Во основа ќе биде бела,а за додатоците се размислувам.Можеби некоја светло розева или кремаста Еве што мене ми се допаѓа од прилика ,за мојата соба Спални Дневни ( И во овие соби,има доста тоа што би сменила,ама од прилика ваков стил сакам)
Собите во домот.. Уф што сакам да имам ваков поглед со ѕид-прозор од горе до доле мхмхмх мераци, али таков прозор само во една до две соби не во цел стан или куќа.
Собите во домот.. Здравје мојата идна професија ќе биде средување на внатрешен ентериер.Имам чувство за таква работа креативноста и уметноста ми се јака страна Мене лично не ми се допаѓа во дом да биде средено со сива и црна боја многу се ладни за средување дом, ги сакам како бои и би ги ставила во комбинација со некои други.Кај нас дома преовладуваат црвената, сивата и кафеавата боја, а мојата соба е протокалово-кремаста и темно кафеаво и сигурна сум дека во моите идни креации како професионалка ќе доминираат овие бои бидејки се топли и среден со нив домот личи на дом.На овие слики дизајните ми се прекрасни само би додала некои ситници, детаљи, слики и секако многу светлина
Собите во домот.. Девојки, ја „реновирам“ детската! Има старински мебел, па татко ми ми рече дека ќе ми прави нова! Планот беше да купиме готова, но утринава ми рече дека може и да нарачаме ако веќе имам идеја! а јас баш си бендисав една! Се измачив дури ја најдов пак сликата и приметив дека на сликата нема плакар! Е сега, јас ви ја приложувам сликата и ве молам да ми дадете некој предлог каков да биде плакарот!
Собите во домот.. Девојки а нешто предлог за дома ама во ванила,бела,и сива комбинација...тие бои да бидат застапени...имате ли некои слики да ми дадете идеја...