1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соблекување пред братот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rak1, 5 ноември 2013.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас не гледам ништо страшно да се појави мајка пред син во долна облека. Гола е друг муабетот ама за мене по долна облека или во купачи ми е апсолутно исто.
    Значи треба да се нагласи во темава за какво соблекување се прави муабет, до кој степен, во која воздраст и многу важно имаат ли децата своја соба?
    Замисли две деца од воздраст 8 до 13 делат соба и никогаш да не се видат по долна облека? Мене тоа ми е тешко изводливо.
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Кажи му да излезе од соба, да завршиш некоја работа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Со брат ми делиме иста соба 14 години и кога бев помала знаев да си се преслечам и пред него , мислам не во буквална смисла пред него ама тој да е свтен кон компјутерот и навлезен во игрите и да му кажам не се врти да се преслечам или кога спиел и бил свртен кон ѕидот со лицето. И ден денес го правам истото освен во случај да мора да се слечам гола за да си го облечам прслукот или нешто такво не ризикувам, го бркам на 2-3 минути од собата.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Абе друго е на плажа да бидеш на купаќи, друго е дома да се шеташ гола пред брат ти и татко ти..
     
    На LittlePinky и Rama им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Јас мислев дека не е до воспитување, туку дека кога го осознаваш телото почнуваш да се срамиш да се пресоблекуваш пред други.

    Јас пред брат ми не сум се пресоблекувала, што е право тој шетал пред мене по гаќи, ама не без гаќи.

    Јас имам ќерка и син, кои имаат 9 и 7 години. Делат една соба и до сега се пресоблекувале еден пред друг. Но, откако ќерка ми почна полека да влегува во пубертет, почна да се срами да се пресоблекува пред него, не зборувам за по долна облека, туку да биде скроз гола, како претходно. Јас ништо не сум и кажала - дали треба или не треба, кај неа само се разви тоа чувство и јас ја поддржав. Сега за сега мислам дека е ок да биде по долна облека, па ќе видиме како ќе биде понатаму.

    Исто така кога оди на кошарка не сака да се пресоблекува затоа што мешани им биле гардеробите, па и машките и женските биле заедно. Веројатно тренерот не е свесен дека децата денес порано созреваат, па не им ги одделил гардеробите, сметајќи дека уште се мали.
     
  6. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Мислев дека оваа тема ке помине онака незабележана и дека нема да има голема дискусија, но еве се случи спротивното. Што е и добро да се дискутира на вакви табу теми, па еве и јас да си го кажам мојот став. Како прво дали си блиска, со домашните не покажува дали ти се шеташ дома пред нив по гаки или не.
    2. Домашното воспитување нема врска со тоа дали ке му се дигне на брат ти доколку шеташ пред него гола или по гаки. Едноставно во тој момент проработува оној нагон кој секој од нас го поседува и затоа не е добро да се играте со огин.
    3. Машките се поинакви во тој погледа за разлика од девојките, јас верувам во она што го кажа една од вас, дека не ни приметува дали брати е по гаки или не. Но од машки аспект не е така, и тука неможеш да го фклучиш ниту рациоту ниту домашното воспитување. Само се прашувам, од кои причини го прават тоа? Која е таа потреба во денешно време на тинејџерска возраст и постари да шетате голи или по гаки пред најблиските. Според мене се работи за егзибиционисти, кои исто така доживуваат одредена сексуална возбуда но не признаваат. Што е сосема погрешна и настрана работа во секој поглед.
    Исто така намерно или случајно се прави споредба со плажа, и костим за капење што е неспоредливо. Прво ќе ви дадам една идеа како тоа да го проверите. Пред вашиот дечко прво соблечете се во костим за капење а потоа по гаки, и прслук, тоа ќе биде доволно за да сватите каква е разликата.
    Јас искрено не ги разбирам девојките кои се соблекуваат и пред другарки а камоли пред машките членови на семејството, па дури и пред мајката ако за тоа нема некоја голема потреба. Да, таа ве родила но тоа време одамна поминало, и вие сте излегле од нејзината пи*ка со тоа незначи дека сега треба да си се оптегне гола дома пред вас.
    Исто така не ги свакам девојките кои не свакаат дека веќе станале жени и дека неможат летно време да се оптегнат во маички на прерамки и да се истегнаг ко да се деца од 5 години.
    Да заклучам девојката треба да биде секогаш прибрана, секогаш на штрек едноставно тоа е „судбината“ на жените, да несметат да се опуштат ниту кога се сами а камо ли во друштво.
     
  7. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    вака да пресоблечеш фармерки и да облечеш тренерки можда, али никако гаќи, прслук и сл. иначе ова е општо мое мислење, пошо неам брат :(
     
  8. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Па вака, јас имам брат две години поголем од мене, и јас се соблекувам пред него и он пред мене(под соблекување разбирам јас на гаќи, прслуче и маичка а он на гаќи) :)
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    За мм разлика нема, дали сум по бикини или по прслук и гаќи исто му се фаќа, и во првиот и во вториот случај сум полугола, така да таа споредба не ти е баш најдобра.

    Е ај ако не сите женски нека облечат бурки така најдобро ќе е изгледа, инаку сме егзибионисти, невоспитани, расипани итн. |( ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Се извинувам што си земам за право да за кратко време пофторно прокоментирам и да кажам дека ова мислење на Ариел, е бесценето и содржи еден сеопфатен сублимат на оваа тема, од тоа како таа се однесувала кога била тинејџерка и како сега од дистанца гледа како нејзините деца се однесуваат. Кажа една многу битна работа, никој нетреба тоа да ти го каже, едноставно тоа е природно да кога ќе дојде тој период „само ќе ти се каже“ дека од денес па натаму треба поинаку, и нема врска со домашното воспитување.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^Па и јас уште кога станав свесна за своето тело почнав да се пресоблекувам сама , ама сепак имало луѓе кои не им е незгодно и го практикуваат ова . Дали тие се оперирани од срам или сепак родителите не се потрудиле да им всадат некои вредности :?:

    И таман работа дека браќата не гледаат така :puke:
    Брат ми кога бил мал бил главен помошник кога ме бањале , чувале , оти најмногу се радувал на сестричка и велел дека ако и ова бебе е машко треба да го фрлат во Вардарот :rofl:
    Јас сум била цимерка во мало станче со брат ми , се случило да го видам по боксерки или он да брзал да земе нешто па да улетал без да тропне и секако дека не ме гледа така Бог да чува . Никому ништо де .
    Ама не ми е разбирливо оп труп се пресоблекуваш пред брат ти :x
     
    На rak1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не, не, не никако не го поддржувам ова. Ми нема логика.

    Само пред сестра ми можам да се пресоблечам затоа што делиме иста соба и некако се имам навикнато. Ама само по долна облека, никако гола. Тоа нема шанси. Дури и пред мајка ми ми е некако незгодно да се пресоблекувам. Не знам зошто, можеби дека не сум навикната. А за пред татко ми ич да не зборам.

    Да се пресоблечеш по долна облека пред сестра, блиска другарка или мајка ајде во ред ќе сфатам. Ама пред брат, татко? Е тоа не сфаќам никако. Мене лично за една возрасна личност не ми е оправдување "па татко ми е, он ме створил", "брат ми е, сме израснале заедно"... Немаат врска изјавиве. Едно е кога сме мали, а веќе сосема друго е кога веќе ќе пораснеме. Не оправдувам ни шетање низ дома пред татко, брат по стегнати хеланки со танги или шетање летно време по тенка маичка без прслук. И тоа е неубаво.

    Скоро сите другарки си се пресоблекуваа дома пред сите. Еднаш седиме кај другарка и чекаме да се спреми за да излеземе. Си ги зема алиштата од нејзината соба и во сред дневна застана да се пресоблекува додека татко и' на пола метро од неа гледа телевизија. Јас вака :o
    Додека пак татко на друга другарка низ дома по гаќи се шеташе. Е тоа колку не можев да го сфатам, не можам ни да ви опишам. Идам јас кај неа, он по гаќи низ куќа се шета. Јас главата во земја и кај другарка ми во соба. Дури и на тераса си излегуваше така. Сите го гледаа и немаше гајле. А не е некој настран човек да речеш, супер си е човекот, ама многу либерте и воопшто не се замара што другите мислат за него.
    И друга постојана случка што никако не ја оправдував е што на одмор другаркиве заедно се бањаа. Е ај сфати ги. Ако нема доволно топла вода за сите, си влегуваа две по две. И мене ме правеа срамежлива, демек јас сум била многу стегната, што имало тоа врска, сите сме биле женски дрн, дрн, дрн...

    Ова е честа појава и мислам дека е до домашното воспитување. Штознам според мене ќе да е тоа. Како дома прават, така и децата ќе прават. Ни мене никој дома за таа работа не ми рекол "Немој така срамота е." ама сум гледала дека моите тоа не го практикуваат и сум си сфатила дека и јас не треба така.

    А за тоа шетање гола низ дома пред сите или да се соблекувам гола пред сестра ми, мајка ми, другарки, татко, брат ич не сакам ни да дискутирам. Тоа за мене лично е настрана работа. Кој, како сака нека ме сфати ама што не е ок, не е ок... Тоа пред никого освен пред тој со кого сте најинтимни.
     
    На LittlePinky, Rama, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Немам брат ама некако ми е чудно мислењето дека ако братот ја види сестра си во долна облека ќе му се роди сексуална желба.
    :o :o :o
     
    На butterflysk и bittersweet им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Јас го делам мислењето на Ариел, некако си се развива срамот и тоа е тоа.
    И јас дома не сум се шетала по долна облека, не дека мислите ми одеа кон нешто сексуално, туку едноставно од срам. Брат ми на пример по гаќи му се случувало да се прошета, па ништо страшно.
    Целосно голи е ми е сосема несфатливо.
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Неее, срам ми е, поготово што сме голема разлика и не сме многу блиски. :D
    А и брат небрат, сепак машко си е. :$
     
    На LittlePinky, rak1 и Rama им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.661
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не е на место такво пресоблекување. Имам помал брат точно 5 години, но никогаш не се пресоблекувам пред него. Срам би ми било да ме види гола, тоа да, но не ми е срам да ме види по долна облека чисто поради што ме видел по купаќи, само знам дека едноставно не треба така да биде. Додека пак тој знае после бањање да си прошета по боксерици низ дома и да изиграва химен :D

    Имам братучетка кој се пресоблекува пред брат и, и татко и. Слободна си е ок, но сум приметила дека на нив не им е сеедно. Нема оправдување за тоа.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    На девојката примерот е сосема во ред и е во право.

    Епа не е исто кога на дечко ќе му се соблечеш во гаќички и прслук и кога си во бикини.

    Не и е лоша споредбата, самата помисла е тука во прашање иако сепак си полугола.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Пред никој од фамилијата се немам прошетано гола, откако мајка ми престанала да ме бања или помагала да се избањам. На долна облека, и без прслук ме видела сестра ми многу пати оти делевме соба, а никој не ни се убацил без да тропне, вклучувајќи ја и мајка ми. Откако почнав да се срамам ептен бев осетлива да не случајно некој ме затече по гаќи и прслук, а за гола да не стане збор. Ако брат ми или татко ми ме виделе гола ќе сум умрела од срам, буквално на место.
    Не знам кои години се одредени, ама во западнава земја по закон мора да им дадеш посебна соба на деца од различен пол кога наполнат години. Две машки или две женски не е проблем.

    Денес, ни пред маж ми не се пресоблекувам, и не се шетам по дома гола или по гаќи. Освен ако не ми дошло нешто на ум, ама тие гаќи се разликуваат од секојдневните бабски :lol: Не дека ќе види нешто што не видел ако ме затече, и ме затекол, ама во главно си ја чувам таа приватност(како и кога не би копала нос пред него на пример).
    Не ми е срам пред жени, се пресоблекувам во женски гардероби во сауни како од мајка родена, ама повеќе ќе те забележат ако влезеш во кабина отколку наааа на мегдан :D
     
    На rak1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Што знам, не ми било дилема за размислување, ама ако правам логика, вака ми одат работите.

    Целосно голи, во ниту еден случај,што знам зошто...не е воопшто општествено прифатено нали.
    Ама по долна облека... понастрано ми е толку да се крева паника околу тоа и да се создава некаков огромен срам, отколку природно,никому-ништо да биде работата, оти разграничено си е, брат е брат, сестра е сестра, мајка татко си се мајка татко и нема тука сомнеж дека некој некому нешто ќе побуди,тоа е тоа. Дали долен веш или бикини, исто се фаќа.

    И како бе така, такви мисли од малиот мозок- сепак, машко е машко?!?!?! За вас е здраво да постои сомнежот дека вашиот татко/брат сепак машко е машко и може да му дојдат настрани мисли за вас???
    Онда имате некој проблем во односот по дома и преиспитајте се ако имате сомнежи. Нема машко е машко!!! Татко е татко, брат е брат,толку!

    А и баш ако сакате да знаете, кај помалите деца сомнежите и криењата може да предизвикаат само љубопитство и воајеризам, па да не објаснувам натака како може да застрани работата, па видете што е понездраво. Градење на здрав близок однос без табуа во однос на некои нормални работи или криење како да е не знам што.

    Јас имам проблем со она амамско однесување и градење на таква блискост со жени. Не сакам да ми се соблекуваат пред мене,ниту јас пред нив и при тоа мислам на другарки,а голи па да не правам муабет колку ми е...бљак. Како чувате интима од маж, а пред (непознати) жени тоа е сепак ок?
    Муабетот ми е, туѓи луѓе се туѓи луѓе и точка!
     
    На 1209, bittersweet, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас немам брат, но не би се срамела да одам по долна облека.
    Некогаш по цел ден сум си по долна облека и се шетам по дома иако ме гледаат. Природно си е се кај мене нема што да кријам...
    П.С.
    Неможев да се воздржам да не ја видам темава бе! Малку си се насмеав што сте се срамеле по долна облека да ве затекнат родителите. Мене денес во соблекувална другар ме затекна во долна облека т.е маица и градник и се засрамив маалку, но после се изнасмеав. Не се лутете што така сум мислела за вас, само сум искрена и го кажувам мислењето... :*