Никако,тоа не би го направила ни пред мама,а не пак пред брат ми...Брат ми кога се пресоблекува за некаде,си излегува по собиве така понекогаш,нема гајле,ама почна мама да го кара за да не се расшетува така по дома...
Не се согласувам со она: Машко си е машко. Ми нема логика да мислите дека вашиот брат или вашиот татко има шанси да ве гледаат на оној начин. Имам постар брат кој сега не живее со мене, но кога живееше најпрво како мали делевме иста, а потоа добивме одделни соби. Откако станав свесна за своето тело на памтам некогаш да сум била скроз гола пред него, а ниту пред татко ми. За мене тоа не е во ред. Срам ми е и да ме видат по гаќички и по прслук, не се шетам така по дома, но се случувало ете да ми улетаат во соба без да тропнат па не ми било нешто проблем, само ме нервира што така направиле. Или пак при пресоблекување да ти текне нешто дека ти треба од другата соба па да истрчаш набрзинка, во ред ми е... Ама не ми е пристојно цел ден да ме гледаат по гаќи и прслук или пак скроз гола... И не затоа што сметам дека тие ќе ме гледаат на друг начин туку чисто ради мене, сметам дека не е пристојно, ниту јас нив да ги гледам да се шетаат по гаќи дома... Си се знае како треба, не им барам јас да се наоблечат не знам колку, ама ете основа, шорц и маица. А голи или по долна облека се знае пред кого може, парнерот. Сепак не ги ни осудувам оние кои си шетаат по долна облека дома, ете едноставно така се навикнале луѓето, така живеат и сметаат дека нема ништо страшно во тоа. Се зависи од она како ќе си се поставите.
Исто, скроз исто!Јас дури и им се лутам коа ќе ми влетат в соба и ме видат по долна облека, и сега се навикнаа да тропаат.
Искрено се изненадив дури до тоа колку ве потресува шетање по долна облека пред блиските. Не знам, можеби е до мене ама немам проблем да се шетам по долна облека пред брат ми а ниту сум забележала дека тој има таков проблем. Иако не живееме долго време заедно, откога знам за себе било така па и сега кога сме двајцата дома повторно немало тука некоја дискусија ил дилема. И читам поназад мислења и прочитав егзибиционисти, сексуална возбуда? Не знам како ги поврзавте овие работи и ми изгледа болно ама воопшто не ни забележувам дека се движи по гаќи или како и да било. Го гледам како човек кој познавам како дише, како парче од мојата сложувалка и човек кон кој чувствувам неизмерна љубов и од самата помисла на сексуална конотација во сето ова ми е чист апсурд.
Ни јас се соблекувам пред него ни тој пред мене...Ете може некој не се срами ама ја сум поинаква(срамлива душа ).Шо имав една другарка на времето пред татко и си шеташе во долна облека.Тогаш беме 6то одд ама девојчето беше развиено(имаше гради)....И тоа цело друштво беме кај неа и сеа да сватам дека пред нас еве не се сраме ама влезе и татко и и она ко ништо да не било Ама нели секој е различен
Имам постар брат и никогаш не се шетам ни во долна облека пред него.Пред мајка ми да,пред брат ми и татко ми никако
Јас имам брат една година сме разлика и никогаш не ме било срам да се пресоблечам пред него.Некогаш се спремам пример за излегување и треба да сменам блуза или нешто се соблекувам пред него.Гола никогаш не сум била ама по долна облека да, дури често ми се случува да ми закопчува прерамка од градник Ептен пазам да не се шетам по танга или некоја провокативна долна облека од што обично повеќе открива отколку што покрива мојата долна облека ама од обична домашна гаќа што би рекол тој не ми е срам.Јас и тој долго време делевме соба и некако го преминавме делот со срамење еден од друг.И тој често бил на боксерки пред мене и мене ни малку не ми било непријатно.Тој ми е брат, делиме иста крв и гени, па што знам јас тоа го сметам за нормална ствар. Мене искрено повеќе ми е незгодно пред мајка ми да бидам во долна облека отколку пред него, мислам не дека не се шетам пред нејзе ама некако поглупо ми е. Дали некако со брат ми што сме ептен поврзани па осеќам како дел од мене да стои таму во некој ќош од собата и немам потреба од срам од самата себе.Тој мене ми е најголем критичар и јас со него се консултирам во врска со се. Пред татко ми припазувам, не се пресоблекувам или слично, ама ми се случило да ме види по долна облека и не ми било толку незгодно. И мене ме чуди толку што се потресувате за темава.Мене ми е чудно како може воопшто да стварате срам поради помисување на нешто сексуално.Никој нормален брат или татко не би помислил на нешто сексуално да ве види во долна облека па дури и гола да ве види.
Брат ми е помал 7години, а многу е опуштен и сѐ може да каже. Така да, пред него обавезно скроз облечена. Ни во крпа замотана ме нема видено. А тој пред мене секако дека оди и гол. Т.е. кога го бањам, нема ваљда во облека да се бања детето.
Нема шанси,мене ми е срам во некој тесен фустан или поразголена облека да се шетам по дома а не пак да се пресоблекувам или пак во долна облека да сум,не ме видел ни во купаќи до сега освен кога сме биле мали.Мене мајка ми нон стоп ми наоѓа замерки кога сум во обична маица,женава изгледа има ептен dirty mind па и се привидуваат некои работи а плус и сама сум свесна,сигурно нема во екстра кратки панталони или деколтирана маичка да се шетам по дома,срам ми е бре.А татко ми гајле си нема,се пресоблекува надвор на тераса пред некој ден онака си излегува од соба и го гледам човекот само по гаќи си влегува дома,надвор се пресоблекол,една смеа што ми дојде ,а летно време редовно е само во куси панталони и гол на горе со пивскиот стомак,па гајле му е кој ќе ни дојде на гости,во послено врме и брат ми гледам го имитира па до купатило оди само на гаќи а мајка ми му се дере,женава е умри боже значи
не не се пресоблекувам пред никој ама еднаш брат ми влегол во соба јас не го видов си се пресоблеков и кога се завртев тој седи на компјутер ама ни тој не ме забележал и не обрнал внимание едноставно во моментот бил исклучен
Не ми е во ред некако. Имал помал брат ама многу внимавам на тоа ако е во соба за да не го бркам си ги земам алиштата/пижамите и си одам во купатило или спалната на мајка ми и татко ми и набрзина ќе си се облечам. Дури и зимата иако само во дневната имаме греење јас одам во друга соба и си се облекувам. Дури и на хеланки да ме види ми е непријатно. Инаку мајка ми ме има видено не сосема гола ама пред неа си се облекувам и соблекувам сепак женско таа ме родила.
Брат ми е постар од мене една година и цел живот делиме една соба што значи често го гледам по долна облека и не ми е незгодно. А јас не се пресоблекувам пред него.
Имам тројца браќа поголеми од мене и никогаш не сум се соблекувала пред нив само знаеле понекогаш да ми флезат у соба ненајавено да ме видат на гашти но брзо ми се извинуваа,а пред татко ми да не коментирам не можам да се замислам пред него на купачи не па така нема шанси.
Брат ми е постар 7 години, јас и он сме многу поврзани, па многу ми е гајле ако ме види по долна облека, он си седи по боксерци кога сме сами дома А пред татко ми нема шанси, срам ми е по хеланки да седам пред него, а не па да се соблекувам
Мене лично ми е незгодно да се пресоблакам пред брат ми ме има видено по гаѓи и по прслук али ретко а мајка ми пред нас се пресоблака а во лето дома по гаќи си седи али не ми е чудно