1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собни растенија

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 6 октомври 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.780
    Темава ја отворам инспирирана од мојата денешна реакција на добивањето на првото собно растение во мојот дом во кој живеам веќе шест години.
    Отсекогаш сум сакала да одгледувам растенија. Кај моите дома имаше многу, и во домот, и во двор. И во мојата соба имав една голема палма кога ја чував од мала - тогаш беше висока едвај 10 сантиметри, а по некое време стана 2 метра висока, и ми ја зафаќаше половина соба, ама многу ја сакав, и со посебно внимание ја негував.

    Во изминатите шест години не се чувствував спремна да одгледувам цвеќе, па затоа и не купував. Едноставно се чувствував хаотично и сакав прво да се средам. Имав само еден кактус од кој не се делам затоа што ми е подарок од една многу драга пријателка, и имаше уште 2-3 мали саксиски цвеќиња кои ги добив како подарок, и сите успеав да ги исушам во рекордно време - нешто што кога живеев кај моите не ми се случувало.

    Пред една година конечно добив желба да одгледувам цвеќе. Пролетта насадив саксиско цвеќе во дворчето, а за дома сакав да почекам прво да ја средам дневната како што треба. Откако ја средив никако не ми се допаѓаше, ми фалеше нешто, и никако не можев да седам во неа.
    Денес, кога го добив првото собно растение, сфатив што е тоа што ми фалело. Совршено се вклопи, внесе живост и свежина. Сега собата има душа.

    Имате ли собни растенија во домот? Колку имате и дали вие се грижите за нив?
    Дали ги имате во сите соби, или избегнувате растенија во спалните соби?
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Моментално кај Петко во новава ми дома имаме едно и единствено собно растение, за кое гордо кажувам дека јас се грижам.
    Свекрва ми го заборавала да го наводни и тоа сирото во едно мало саксииче две години иста големина, еднаш месечно кога правела генералка го наводнувала и чудно како не умрело, зошто претходно и кактуси и други растенија и се исушиле.
    Јас зедов го пресадив во поголема саксија, и редовно на неколку дена го наводнувам и сега е како друго цвеќе, 3 пати поголемо, побујно, позелено. Баш пред некое време свекор ми коментираше дека како ново цвеќе било.

    А мајка ми стандард се китки насекаде, од сардели, фикуси, палми, љубичици, трендафили и остали цветичи свашта има. И она си се грижи за нив, чистење, копање, наводнување... Повеќето и се надвор но има и неколку внатре.

    А ова со спалниве и цвеќињава, еднаш одамна една тетка ми кажа дека не било добро да се чуваат во спална соба, а зошто и како незнам. Не ме интересираше зошто и онака во дневна ни стојат.

    И да дополнам дека според како што кажа и Ариел даваат некоја хармонија и топлина, некако одма поинаква енергија се шири кога ете ќе имаш макар и едно малечко кактусче.
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    темава ко порачана ми дојде! и јас исто некое време се мислам некако да освезам дома , некако дневната ми е без зивот и си велам да купам цвеке, ама верувајте нити имам престава какво нити знам какво , само вака си мислам да биде некое кое не цвета , имам проблеми со алергии , сакам некое зелено со убави зелени листоби хахаха колку не знам од цвекинја , ајде некоја ако има некој предлог за мене :lol: :?:
     
  4. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти предложам да си земеш бенџамин со темно зелени ливчиња. Лесно се одгледува, најбитно е да го ставиш на директна светлина , некаде блиску до врата или прозор. Се вади на два три дена , кога ке биде земјата сува , и брзо расте .
    Ќе заборавев , сака и туширање , не многу често ,еднаш месечно е сосема доволно .
    Се надевам ти помогнав во изборот :)
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Најпопуларен вид на фикус со мали листови е бенџаминот.

    Ова растение може да порасне во големо разгрането стебло, ако ги преживее првите три месеци на прилагодување. Не му одговара секој простор, и мора да се внимава додека е растението младо. Никако не смее да биде на провев, а потребно му е повеќе светлина, бидејќи листовите ќе почнат да пожолтуваат и да паѓаат.

    Треба да се внимава на правилно залевање. Во зима залевајте го секој десетина дена, а во лето од прилика два пати седмично. Никако не дозволувајте да стои во вода. Петнаесет минути по залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката.

    Во текот на пролетта и летото прихранувајте го еднаш месечно со течно ѓубриво за собни лисести растенија. Повремено оросувајте му ги листовите.

    Пресадувајте го секоја година. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно тргнете го горниот слој земја, и заменете го со нов.

    Ако сакате да му го ограничите растот, обрежувајте го, и тоа најдобро да биде во пролет. Одрежаните врвови може да ги користите за размножување. Земете резница од околу 10 см која има два пара на листови. Стебленцето одрежете го косо веднаш под долниот пар листови, а потоа и нив отстранете ги, така да остане само еден пар листови. Оваа резница насадете ја во земја до листовите. Чувајте ја на топло и светло место и редовно полевајте ја и набрзо ќе има нови ливчиња.
    ова го најдов за бенџаминот , малку ми изгледа како захтевно ама убаво на изглед, ке отидам до цвекара ке разгледам , сепак фала на предлогот ;)
    сликава е од шефлера ..и ова исто ми изгледа убаво
    а дали некој цувал бамбус ????
     

    Прикачени фајлови:

    • sheflera.jpg
      sheflera.jpg
      Големина на фајлот:
      19,1 KB
      Прегледи:
      1.796
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    е супер што имаме сега и ваква тема :rofl: јас многу сакам собни растенија, ама искрено само големи, несакам онакви малечки и низ цела кука саксии да имам ]:) е сега си имам еден адам и мн мие убав и има некаде 15-16 години и си го зедов од кај мајками во новата дома :D а исто лани ми даде една комшивка на подарок дрво на животот,ама некако мн бавно ми растит???ајјде ако може некој да ми каже што да му направам,да му го забрзам растот, или тоа е нормално? :?:
     
  7. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Сега гледам по интернет слики на собни листести растенија и најмногу ми се допага СОБНА ПАЛМА ! знае ли некоја која е цената од прилика на собна палма , и општо на другите така поголемки листести како бенџамин и слично
     

    Прикачени фајлови:

    • sobna_palma.jpg
      sobna_palma.jpg
      Големина на фајлот:
      15,6 KB
      Прегледи:
      1.777
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Леле чекај мајка ми да ја пуштам да си дискутира!Опседната женичка!Луѓе им зборува на цвеќињата,ги прска секој ден со различен раствор,ги пресадува,прекопува,веќе не знам што и многу ми е мило сето тоа кога го гледам од страна.Им пушта музика и ми вика,види како ливчињата ќе бидат поживи,ќе се кренат нагоре,а јас ја гледам со солзи во очите,се воздржувам да не се изнасмеам.Порано имавме едно огромно дрвиште,што ми се чини зафаќаше простор ко еден орев,не знам како се вика,ваљда фикус,она со мазни,цврсти,елипсовидни листови.Работата стана неподнослива,па цак-цак,гранче по гранче,се рассади,некои се подарија,а остатокот си остана да си расте до моментот кога пак ќе стане џин!
    Ги имаме во дневна,не знам веќе какви не,наместени до голем прозорец со специфичен ред,затоа што и кај нив имало кое со кое не се трпи! Философија! И бидејќи ќе го менуваме домот во брзо време,па идниот дом специјално беше испланиран со катче за нејзината пасија! На тераса имаме сардели,оние висечките,бели се и многу се густи и сите и ги сакаат,а има и петунии ситни и тие се прекрасни,ама ни на обете не им ги поднесувам мирисите,па и не им се ни најубави да бидеме искрени.
    Немаме цвеќиња во другите соби,затоа што верувањето дека не треба да се спие во соба со растенија е точно,иако има едно кое може и е препорачливо (не му го знам името),па катадневно му го подметнува на татко ми,као,абе до прозорон како убаво ќе стои,да му го пикне под нос.
    А баш пред некој ден,во една прилика,добрив желба да си купам некоја билка,цвеќе,што и да е и да си ја одгледувам ко животинкиве по дома и нешто како мајка ми,да и зборувам,да ја вадам,да ја садам,да и пуштам музиче! :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ние немаме ниту едно саксииче по дома. :(
    Мајка ми си беше арна жена, порано имаше и по 20-тина саксии, ги одгледуваше со љубов, ама што ѓавол и влезе - еден ден сите ги исподаде, нешто фрли, нешто исече и амин.
    Јас имам многу мерак на оние како палмички што растат, убаво е за око, ја разигрува собата, и' дава душа и живот.
    Баба ми вика - земи го ова цвеќенце, нека ви заличи куќата на дом, викам
    - Да го земам на умирање?

    Баш утре ќе одам да земам едно коренче, ќе го засадам сама, ќе го одгледувам кај мене во соба.

    И тоа е, не сака женава цвеќиња.
    А јас од пуста мака и Трендафилка се прекрстив...
    :f:
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.589
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Морам да пишам овде во чест на мојот кактус Хорхе кој почина пред два дена.
    Значи за да ти се исуши КАКТУС, треба да имаш талент и да си страшно неодговорен. Епа ете.
    Тоа беше единственото нешто за кое се грижев(да де) и единственото собно растение кај мене во соба, и ене го се сплеска, се исуши, на ништо не личи, ама од жал не го фрлам.
    А до него имаше пораснато и помало кактусче кое се викаше Ла кукарача, ама тоа пак почина уште ехе, пред месец дена.

    :lol:

    А што се однесува до собни растенија надвор од мојава соба, кои се под надлежност на мајка ми, ООООО, па станов е џунгла, го има секој можен вид, да не зборам на балкон има уште дупло. А тие од балкон кога е ладно ги става внатре и дневната искрено лини на мини џунгла. Не дај Боже да и ги чепнеш и да им се случи нешто, уффф може да убие за нив.
    Не им ги знам имињата на сите, знам дека најмногу има фикуси и мали палми.
    И така..
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Охоооооо не само мајка ти, и јас си зборам со нив, и си ги гледам како мачето мое.
    Во Нег немам во соба, но затоа во дневна, трепезарија, балкони, дворови, секаде се сместени, и мајка ми е луда по цвеќиња, има премногу, и сите си ги гледа и пази.
    Тука во Ск, кога се селев пред некоја недела, си купив од пазарчето Буњаковец, 3 обични и едно, го викале, цвеќето на среќата, е ајде си викам, и така овие ги зедов, ајде нека ме прати среќа, ако е до него :lol:
    И еве овие 3 нешто ми умираат :( Зедов вчера на сонце ги преместив на балкон, а цвеќето на среќа нема гајле, срцко тоа, нека живее!
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Ич не сакам собни, саксиски цвеќиња, да не речам дрвја во куќата, во ниедна соба. Може изрод сум, ама не ги можам бре... не знам зошто. Можеби дека кај моите мајка ми е опседната со нивно одгледување, па цела куќа ни беше обрасната со разни видови цвеќиња и цвеќишта - мислиш во џунгла влегуваш. Среќа, се потсмири малку и мајка ми, сега чува само неколку така помали цвеќиња, а другите надвор, во двор.

    Овде дома во Скопје, исто било џунгла пред реновирањето - леле, се ежам кога гледам слики какво било порано. Како некој фрик звучам, немам уплав од цвеќиња, ама според мене, растенијата, вклучително и цвеќињата се за во двор, во бавча. Е така можам да ги одгледувам, ако се нафатам, и можам да се нафатам. Инаку, за во соба... па да ми оставиш пиреј во саксија ќе го умрам :wasntme: што ми останува за друго нешто.

    Ама затоа дворот ми е цут, благодарение на свекор ми, да не е тој, пустелија ќе беше :D

    Инаку, цвеќиња не се чуваат во спална соба, некој погоре праша зошто, затоа што цвеќињата ноќе го трошат кислородот ;)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Лилит ма :lol:

    Јас обожавам да гледам како некој одгледува односно расте убави растенија и цвеќиња. Не за џабе ме викаат некои биљарката :D Кога бев мала секогаш кога поминувавме од кај парламентот мајка ми ја влечев за рака да подзастанеме за да ги надбљудувам како копаат, садат цвеќиња со љубов бе! Мерак да ти е да гледаш - и сеуште ги надбљудувам таквите, градинарите, едноставно ме фасцинираат! :)

    Е сега јас сум некој изрод, а не сум ни нашла време посебно, јас сезонски садам цвеќиња - односно многу сакам такви обични, зелени растенија. Ама не ги имам многу :( Една до две саксии и третата се спрема сега.
    Имам едно кое не знам како се вика ама така фино и убаво ми расте, ма немате поим. И слушнав дека галењето им помага па си го галам чат пат и музиче му пуштам така да Лилит немој да и се смееш на мајка ти, помага тоа, остај ти :D
    Имам и уше едно, јас си го викам чума - ќе исечеш едно ливче, го ставаш во вода и одма се размножува па можеш да го садиш и пресадуваш колку ти душа сака. А убаво изгледа, едноставно е, ма не знам како се вика!

    На пролет обавезно си садам босилок, рузмарин, оригано и нане во лимени саксиичиња и си ги обесувам во кујна. Се чуствувам како во Тоскана да сум - правам тестенини или мохитце и пап скини си од овде, пап скини си од онде.
    Џејми бе Џејми :)
    И тоа е тоа. Љубичасти растенија не сакам. Сакам зеленило, убаво е за окцето и доволно ми е. Ова другово шаренило ми е многу кичесто. Кога ќе видам љубичици на тераса, убави ми се кај другите да ги надбљудувам ама кај мене би ми изгледале многу кичесто. Башка што гарант би ми умреле кутрите.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Го чекав маж ми 2 год. да ми направи цвеќарник во ходник бидејќи ми е голем (8м*4м) и едната страна е цела во стакло и е идеална за чување на цвеќиња. Ама ништо, се си велиме ајде од есен, ајде од пролет и никако да биде. И затоа решив да си носам и трупам саксии па ваљда му текне да ми направи :) .
    Летоска кога не ме остави во Грција во Икеа мислам дека ќе ме трпи цел живот :D . Имаше преубави саксиски цвеќиња и беа многу евтини околу 1,5 евра. Си земав 3 ком од кои 2 се палми-ги обожавам и третото незнам како се вика. Порцеланските саксии им се фантазија. Од тогаш земав уште 2 и сега си имам вкупно 5 и + 1 кактус (на лик не ми е нешто посебен ама цветот му е преубав). Сега сум во преговор за кала и ми чуваат чепка ;) .
    Во дневната соба не чувам цвеќиња. Знам дека испуштаат јаглерод диоксид и немам така некој погоден агол за чување на цвеќето.
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ако нешто не знам да чувам тоа се собни растенија, мене ми овенуваат, стварно не знам зошто. :(
    До сега за секој 8 март (нели само тогаш се дава цвеќе :lol: ) свеки ми поклонуваше собни цвеќиња, ама до сега ниедно не останало живо, дури ми се чини дека женава ќе си помисли намерно ги умирам :tmi: , а не е така.
    Оваа година и мм ми даде едно многу убаво собно цвеќе, и тоа ми овена....среќа што е презафатен па не ни примети дека го фрлив. :wasntme:

    А мајка ми и свеќи си сакаат да си чуваат, дури и им успева.
    Мајка ми во салон има еден куп саксии-фикус, филадендрон (ваљда така се викаше цвеќево :?: ), љубичици кои потоа си ги пресадува во двор и др. на кои не им ги знам имињата. И свеки, благодарение на неа ни се зеленее куќава.
    Не дека не сакам, едноставно не ме бива, не ми виреат.

    За дворот е задолжен свекор ми, тој си ја одржува градината. Моја работа е само одвреме навреме да ги навадам, плус и пред да вадам ги прашував, за да не уплескам, па и нив да ги снема.
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Некако ми олесна дека не сум единствената која не е луда по цвеќиња и др.собни растенија исклучиво од декоративен и естетски местетски шмек некој веројатно бидејќи тоа некако како вткаено во ген му доаѓа со полот кај повеќето барем од нас. Ок, де имам еден хибискус ама нели тоа е чај и две саксии чили во станов, во принцип јас сум многу практична личност зошто би одгледувала растение што ни се јаде ни пие :wasntme: ?!

    И не е кај мене проблем самиот одгој, кога успевам да се снајдам со сите градинарски култури ќе му го најдам и нив крајот, само неам баш инспирација. Плус Марко ми го гризеше хибискусот морав да го преместам превисоко за да му е вон дофат. Инаку за градинарските култури кои ги садиме на отворено си имам неограничена желба, прво се опремив на мој начин-со знаење исчитав добар дел литература за одгој на различни култури, време и начин на сеидба, нега на расад, расадување, ѓубрење и наводнување, копање и сите активности кои водат до онаа најлесната - кинење на зрел плод. Секоја една култура е права мала наука за себе и треба голема грижа за едно подникнато бледикаво налик на конче стебленце со мали ливченца да го одгледаш до еден џиновски патлиџан со човечка височина или стебло пченка или било што др. да се радуваш на првите цутчиња, да ги забележуваш првите минијатурни облици на плодовите, да го пратиш нивниот раст, :) . Јас сум градинар во душа, ете и со чаевите и зачинските растенија стојам добро - босилек, чубурица, целер итн ама со цвеќинава не сум се пронашла на иста бранова барем досега, и да имам двор јас ќе засадам побргу пиперки него ли петунии. Детс ми, ама па затоа што сум докажан градинар :lol: ја разбирам пасијата на одгледувачите на цвеќа и др. собни билки и го почитувам и ценам нивниот труд, иако сепак нема голема практична употребна вредност ни се јаде ни се пие, :fubar: :D :wasntme: !
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.780
    Јас научив дека моево цвеќе се вика Бенџамин, и сега малце сум под стрес, зошто како мала мајка ми ми викаше дека тоа тешко се одгледува!!!
    Ако го исушам свекрва ми ќе се откаже од мене во весник! Не сум проверила дали во „Вечер“ уште има рубрика „Разно“ кај што си се откажуваат луѓето од некој што ги изрезилил.

    Се молат Пирамитка и Теодора одма да кажат кај набавуваат материјал за садење нане и чили!
    И признајте уште што се имате по саксии :D

    Пирамитке, ова нанево е обично, за во грав, или од тоа за во Мохито?
    Ако е од тоа што мириса многу, одма да кажеш од каде ти е! :D

    Јас кога имав двор имав и нане, и патлиџани, и пиперки, и босилок, и заборавив уште што се не, ама некако не ми влегува во глава дека можам да ги имам и во саскија. Тие растат на нива, а дворот полесно ми беше да го замислам како нива од колку саксиите.
    И ја па полна сум предрасуди. Сенешто!
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ариел, јас одгледувам чили ама не ги јадам, не сум по лутото ама ич, сепак дома сите останати јадат.

    Конкретно за чилито сами си правиме расад, се вадат семчиња од здраво, добро зацрвенето пиперче и се сушат додека не добијат златеста боја и се засадуваат на почетокот од пролетта семчињата и кога ќе никнат (стебленце со неколку реда ливченца) се расадуваат по саксии (не знам колку ти помогнав со описов). Инаку чилито покрај за хранење има доста декоративен изглед кога е полно со црвени пиперчиња личи на мини новогодишна елка со црвени сијалички, :) .

    И освен чили и хибискусот немам друго по станов најискрено не ти кријам :D , другото го садиме на отворено.
     
    На Ariel и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  19. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    кај да најдам оригинал чили пиперче :o и тоа свежо за да му извадам семенки и да го засадам , и мене ми се допадна идејата
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Рајна, мене пред неколку години ми даде една сосетка расад за чили пиперчиња.
    Инаку по земјоделските аптеки веројатно има семчиња за чили, можеш да прашаш таму, :) .
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.