Сингониум, шамадоре палма и неон ползавец. Доволно е барем слаба светлина и секако еднаш неделно туширање на растението, додуша палмата си бара и влага, ама па од друга страна може да расте и да се развива во темна просторија. Инаку важат и за прочистувачи на воздухот.
Кажете ми од каде е најдобро да си купам кактус? Или алое? Сакам некое такво цвеќе кое не бара многу одржување, оти ич не ме бива, а сакам на прозор да ставам неколку. И на кој начин може да останат мали? Или има разни видови?
Кактуси има буквално во секоја цвеќања и по пазари, разликата е во цената. Истото важи и за алоето. Најголем избор има во Green Planet кај АБЦ тениското и во Бриколаж. Земи си зебра кактус, всушност тоа спаѓа во групата на сукуленти, ама па од друга страна постојат многу попривлечни видови. Исто така, немој никако да пресадуваш кактуси и сукуленти во керамички саксии, за кратко време ќе скапе коренот. Наместо, пластичната саксија во која е насадено растението, ќе ја вметнеш во другиот сад. И секако, вода ретко, пожелно со шприц.
Случајно сабајлево влегов во една од тоа цвеќарите кај мене и куп интересни кактуси и сукуленти и некои други суштества во интересни саксии, шољи, чуда и врагови а баш мислев до Меркур да одам. Изгледа од тука ќе си купам некое
Ајде ве молам женски ако има некоја запознаена со нешто повеќе околу зумбулите да ме информира ако сака на пример дали се погодни за домашно чување и дали ако ги чувам дома наредната година пак ќе цветаат исто..?
Здраво, дали некаде во Скопје имате видено да се продава лаванда во саксија (денес го поминав цел Бит Пазар и има еден куп цвеќиња но ова немаше) и дали некој го има чувано во стан?
Здраво женски Сакам да ве прашам нешто во врска со "дрво живота" Го чував дома и сега пред некој ден го ставив на тарасата ама нешто му се случува со лист овите Ако некој знае ве молам за ПОМОШ
Купив вакво цвеке за подарок и баш прашав како се одлегуваат не сакаат многу вода дали еднаш неделно и тоа мн малце сакат голема саксија и некоја собна темп. ништо др не сакат и може некоја убава земја што е за цвеќиња мислам дека во меркур има
Дрвото на животот е доста жилаво растение. Можно е да си ставила премногу вода, премногу прихрана или било изложено на јако сонце. Обрати внимание на овие работи и кажи како ќе тера понатаму.
Daj slika od celoto ....da gi vidime novite,mladi listovi u kakva sostojba se. Inace,dolnite listovi se secat ,na toj nacin se formira stebloto
А штом вакво станало кога си го изнела на тераса,можно е и нагло сонце да му дошло,па да го запекло на листот малку.
Препорака за саксиско цвеќе за на тераса? Сакам да ја разубавам и разиграм, па доколку имате некој предлог супер! Сонце има докај 12h претпладне, а после тоа е сенка... кои цвеќиња најдобро виреат при овие услови?
Девојки, како се одржува бамбус? Го имам од март и има неколку мали пожолтени ливчиња, а горе на врвот има две нови мали стебленца. Што да им правам?
Дали знае некоја колку често треба да се наводнува растениево и каква "прехрана" треба да набавам за да остане во форма? Спојлер
Сака светло, наводнувај го 1 неделно, само не знам дали има дупчиња доле ова каде што ти е посадено за да истекува вишокот вода. Ако нема, пресади го. За прихрана побарај од течните прихрани за сукуленти. Јас го имам, ама моето е поголемко и како плетенче е, ама немам прихрана ставано на ниту еден од сукулентите Спојлер https://www.exotenherz.de/media/ima...-styles-in-65cm-pot-mother-in-laws-tongue.jpg Ако сакаш да си прочиташ плус гуглај го како sanseveria cylindrica.
леле фала ти премногу Поклон ми е и на сакам да го убијам хаха, иначе внатре е засадено во мало вазниче со дупчиња со се, ова надворешно е повеќе како украс. Да пораснит малку и јас ќе го сплетам, фала уште еднаш