Еве ова го најдов сега пишува на две недели да се полеваат, дали тоа значи дека треба секогаш кога ќе им ставам вода на орхидеите да ставам и од ова плус?
Истово и јас го имам. Ставав и сега последниве 3-4 месеци зборавам, посегнувам по зелениот чај. Инаку од тоа што пишува позади, помалку ставав, страв ми беше да не ги "изгорам".
Да не мислиш на перлит? Перлит е иначе состојка што се додава во земјата за цвеќиња, и која главно ја регулира влагата на земјата и има бела боја. Ако има многу влага ја апсорбира, а кога земјата е пресува тогаш ја испушта водата што ја вцицал.
Незнам свекрва ми ја знае како перлус тие одамна ги знаат како под тоа име внатре коренот им се лупи и останува бело и тоа го јадат :/ појма немам како еден вид ниска палма мене ми личи
Го имам две години. Вода еднаш неделно, кога ми е дома. Во мај го вадам на тераса, па летото му ставам вода секој ден.
Дајте ми предлог за собно цвеќе што цвета, во светла просторија каде што температурата е континуирано над 25 степени.
Отвори ја фејсбук страната “Орхидеи и егзотични билки“ таму има многу пишувано за овој случај на бебе Орхидеа. Никако не ја одделувај сама без да се собереш со знаење како, многу се нежни може да ја уништиш
Здраво феминки, јас сум почетник во одгледување на собни растенија, имам 4 моментално и засега се ок, освен едното... Приметив дека има некакви ситни бубачиња на него, како мушички, се движат леткаат И во почвата забележав мали ситни бели црвчиња, или што и да се. Што треба да правам не знам, дајте некој совет За ова цвеќе се работи, дифенбахија мислам се вика.
Многу тешко се убиваат, скоро па и невозможно, зборам за мушичките. Од каде ја зема земјата? Единствена добра земја има во земјоделските аптеки или меркур. Исто мушичките не трпат сува земја, се размножуваат на мокра. Мој совет пред да ги водениш растенијата, почекај бар првиот слој да се засуши. Сум пробала се, џабе. Единствено пресадување или да закачиш едни жолти ленти во близина на нив, исто во земјоделска ги има. Така ќе бидат привлечени од жолтата боја и ќе се лепат една по една. Ќе се изненадиш колку ќе се закачат, од жолта, црна ќе стане. Јас спасот само со тоа го видов и што чекав да се засуши земјата, ни инсектицид ни ништо. Спроведи на време, затоа што сите после ќе бидат со мушички.
Уште од дете сум љубител на цвеќиња ама тогаш мајка ми ги одгледуваше. Јас дури сега почнав,од пред неколку месеци. Сакам да прашам кога се пресадуваат цвеќињата со обична земја се садат или мора да се додаде хумус? (Бледо се сеќавам на хумусот зашто мајка ми некогаш купуваше и ставаше па затоа прашувам)
Здраво. Го имам околу 2 месеци алоето, последниве 2 недели го фати некоја болест најверојатно и ми стана вакво. Дали има начин да го спасам некако?