Зависи за кое цвеќе. Некои трпат само обична земја од бавча (како сарделите), некои сакаат поубава хумусна и попропустлива земја. Обично купечките се доволно богати со сите салтанати. Што цвеќиња сакаш да пресадуваш?
Чудно изгледа. Да не му ставаш премногу вода или некоја јака прихрана? Алоето обично има скромни побарувања и за вода и за чување.
Не знам. Смени му место, вода ставај кога убаво ќе се просуши земјата, и не го прихранувај дури не се оправи. Па може нешто ќе упали.
го имам ова Ми го даде една пријателка едно коренче ама ми е ставено во чашка од кисело млеко (привремено) со обична земја. Не ми е многу познато ама кај неа убаво изгледаше.
Не можам да препознаам што е, ама еве една добра апликација за препознавање цвеќиња - PlantNet. Симни си ја и сликај го цвеќето (со камерата во апликацијата), и ќе ти каже што е. После ќе видиш што услови бара.
Девојки од каде купувате собни растенија? Бриколаж, Меркур, Green Planet знам дека има, ама може знаете некоја локална цвеќара со растенија по пристапни цени. Фала ви.
Здраво девојки Дали некоја има искуство или знае како треба да се грижам за растениево? Подарок ми е, го имам пола месец, а веќе почнаа да му се сушат долните ливчиња Имаше повеќе вакви како да се стиснати со прсти на меурчето, а не му ги чепкам
Многу е симпатично. Не знам што е, ама пробај редуцирај со вода ставање. Каква е површинска земја на допир, има многу влага или не? Ако има, не ставај вода дури убаво не се засуши тој горен слој. И уште нешто:има ли саксијата дупчиња на дното? Ако нема пресади го одма, оти сигурно ќе му скапи коренот.
Градинарски центар Фоја, Реклама 5, групи на фб за цвеќиња - има луѓе кои продаваат по пристапни цени. Ми личи на Haworthia cooperi, прочитај на интернет подетално, во глобала бара малку вода и не директно на сонце, само на светло место и пропустлива почва, да не држи влага. Можеш и да го пресадиш, саксијата изгледа тесна.
Дали е на директно сонце? Исто така провери го и коренот. Алоето најчесто не трпи силно сонце. Може ама гледај да е на силна ама индиректна светлина. Алоето не трпи силно сонце а чувар куќа се издолжува ако нема доволно светлина. Симни ја PlantNet и пробај да го идентификуваш. Можно е да не му одговара земјата, условите или да сака прихрана.
Во малечко вазниче е со дупчиња па во украсното. @Elichka да такво било најдов откако ми кажа (haworthia cooperi var. truncata), фала ме спаси.. Иначе по се сум претерала со водата, го вадев на 2-3 дена зошто лисјата му се ко полни со вода и по некоја "логика" мислев дека ќе требит почесто да го вадам Среќа на време пишав, фала ви многу Иначе исто мислам дека убо ќе е да го пресадам премало му е вазничето ама малце ми е страв.
Супер штом си го открила . Не му се плаши, земи сосема малку поголема саксија од оваа за да не ти стагнира и да расне само во коренот ако е преголема саксијата, хумус, ќе внимаваш да не го оштетиш коренот и ќе биде во ред.
Како се вика ова првото горе? Дали божиќниот кактус може да се прифати од ливче едно или? И да прашам вака значи на драцената една што ја имам и скапаа корените од мн вода е вајда но и сменив земја се тоа исчистив остана еден корен ја ставив во новата земја и купив уште една драцена на таа корените и се ок.но забележав мн мали мушички летаат од нив што е најлошо почнаа и орхидеите да ми ги нападаат тие мушички што да им правам сега?