Собни растенија

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 6 октомври 2011.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Подалеку од грејно тело, си бара светло, немора директно сонце, обично се додава само вода, и еднаш се менува месечно или на две недели ако е вака помалку вода, само гледај да водата биде превриена или отстојана, директно од чешма немој, пробај нешто од ова, не знам зашто вака, обично не се нежни и не бараат кој знае што.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  2. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Помош
    Бара ли посебна грижа за одржување,бара ли светлина многу,вода
     

    Прикачени фајлови:

  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    Ова е вид сукулент, стави го на светло место без директно сонце, и вода ставај кога земјата убаво ќе се просуши. Летно време ако имаш каде, стави го надвор, заштититено од јако сонце.
     
    На moni.poni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Ова е Haworthia limfolia. Како и сите сукулетни и таа бара доста светлина, така што најдобро е да ја чуваш до прозор, ама не на некој кај што цел ден директно ќе ја пече сонце, зашто така се стресира растението и поцрвенува, најдобро е на место каде преку цел ден има индиректна светлина.
    Внимавај да не ја залеваш повеќе одошто треба, и провери дали е во саксија низ која се процедува водата (со дупче). Треба да ја залеваш со вода само кога почвата е комплетно сува, а и самите ливчиња ќе почнат да се виткаат и така ти кажува дека е жедна (во пракса тоа е секои две то три недели летно време, во зима и еднаш на месец-два).
     
    На moni.poni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Може ли идеја за некое собно растеније да не расте многу високо средно значи и да не е со големи листови и да не бара некоја посебна нега? По можност и слика
    Фалаа однапред
     
  6. Manilla

    Manilla Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Антуриум или Замија, бараат индиректна светлина, вода еднаш на две недели (не ги полеваш директно во саксијата, туку ги ставаш во сад со вода некое време). :D ace580d2223a1dd03aa37a848e5a1d05.jpg 0a5609693ccb24b9ac3862a2cff14829.jpg

    Или Драцена, и таа не сака директно сонце, а вода по потреба (чим малку и спаднат листовите, ставаш вода).
    8be82386afc5c182f7259771343f20ff.jpg
     
    Последна измена: 13 април 2021
    На Cherry blossom89 и Anaouou им се допаѓа ова.
  7. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош, ни една недела не ми е дома и видете каква стана. Сансеверија е инаку.
     

    Прикачени фајлови:

  8. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Дали орхидеата може да се чува надвор овој период и какво место бара?
     
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.346
    Пол:
    Женски
    Не би препорачала цело деноноќие надвор, ќе изгори од сонцето. Сака светлина 10-14 часа ама не директно да ја пече. Се познава по листовите (ако се темнозелени тогаш фали светло, ако се ссветлозелени, таман и е светлината). Место покрај прозор, источен најдобро. Почетник сум за орхидеи, сигурно има некоја поискусна феминка што може подобро да ти објасни.
     
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Орхидеите не се за надвор, тие се собни растенија, близу прозор, на светлина ама не директно да ги пече сонце. Кога ќе ги ставиш на соодветно место, не и ја менувај местоположбата, доколку местото често им се менува се расипуваат.
    Се ставаат во прозирна саксија и се прават дупки (дупки се прават со подгреан нож на саксијата) да влегува воздух. Се полеваат со вода (најдобро стоена вода), на 10 дена се наводнуваат, најдобро ќе приметиш кога е за вода по корењата, доколку се сивкасти се за вода, доколку се зеленкасти не се за вода.
    Исто така еднаш месечно ставај и прихрана. Цветовите пагаат по некое време ама за некој месец пак цветаат.
    Премногу се нежни за одгледување. Во однос на корењата доколку приметиш болест ги проверуваш на тој начин што ги чистиш од земјата, она што е скапано го сечеш и им ставаш хидроген со памукче. Во однос на ова не сум баш запознаена, затоа што има доста начини на лекување, и доста начини на спасување на орхидеа.
    Има многу пишувано на интернет објаснувања во однос на болестите на орхидеи и нивно лечење. Баш се комплицирани, доколку се болежливи ќе ги приметиш по цветовите и листовите, доколку има жолтеникави дамки.
    Лошо е што гледам по цвеќарите се продаваат такви а ние што не сме баш искусни некогаш се излажеме и такви да купеме, а не се баш ефтини да речеш, може на поголемите места се наога и за поефтино ама кај нас ретко за 800 ден. се наога како најефтина варијанта, обично се 900-1500 ден.
    Сепак од цвеќињата се најнежни, а тек па какви бои има човек да се загуби од убавини кога треба да бира :inlove:
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Здраво њдно прашање имам бамбуси 2 ги добив на поклон ама се огромни. Сигурно се метро мозе и више. Како да ги чувам дали можат да се скратат? Имаат и коренчиња пуштено
     
  12. Dea.1519

    Dea.1519 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој знае како се вика ова растение?
     

    Прикачени фајлови:

  13. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    29
    Здраво, сакам да купам драцена и да ја пресадам во голема саксија. Но од тие што ги гледам сите декоративни саксии се без дупчиња...дали ќе и наштети ако ја пресадам во таква без дупчиња?
     
  14. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    25.282
    Пол:
    Женски
    Обична со дупчиња ставена во декоративната не бива?
     
    На tweety123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    29
    Епа ќе морам така :D уште да најдам да одговара големината. А може да не ја пресадувам како што е купена така само да ја ставам во декоративна саксија...или мора да се пресади наново во друга саксија со хумус ?
     
  16. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    25.282
    Пол:
    Женски
    Мене ми имаат кажано кога купувам ново цвеќе да не го пресадувам барем 2 недели, да се навикне на промената. Нека стои во првичната некое време, па после пресади.
     
    На tweety123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    29
    Благодарам многу :)
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    имам дрво со лимон (т.е цветови има не лимони)
    ми го дадоа на подарок,обожавам лимон
    е сега ми рекоа еднаш во неделата да давам вода и да биде на светло
    што би ме советувале друго,да не е многу вода тоа? го ставив на скали бидејки таму е некои си 15-17 степени
    внатре во домот ќе му е топло а и немам соодветно место каде да го наместам да не биде во дофат на децата
    каква топлина бара?
     
  19. theTulipsLover

    theTulipsLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Совет за бонсаи, како се одгледува - колку пати да се наводнува,дали да е на прозор ?
     
  20. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Како се вика ова растение? Совет за одгледување?
     

    Прикачени фајлови: