1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собни растенија

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 6 октомври 2011.

  1. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    7.453
    289131C2-B10A-492C-AF78-56AD20A9A70A.jpeg
    Ваква е од многу ладно :( дали има начин да ја спасам :|
     
  2. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Ова е Kalanchoe. Чувај го на добро осветлено место без директно сонце. Му треба земја што не задржува вода. Вода се става кога ќе се исуши земјата.
    Остави ја вака уште ден-два да видиш како ќе се однесува. Ако остане вака, јас би ги исекла листовите и би продолжила со нега. Мислам дека ќе си пушти нови листови.
     
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    Дали ќе има цветови кактусов? И во кој период обично расцутуваат? Досега сум немала искуство со вакви кактуси.
    Screenshot_20220317-150411_Gallery.jpg

    Во цвеќара ми рекоа дека цутел, се надевам не ме излажаа. Гледам има како исушени цветови од порано, а нови нема сè уште.
     
    На Hecate му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Сите кактуси цветаат. Ама може и по неколку години. Многу е индивидуално и општо, затоа што треба да му се погодени и условите и да биде зрел за цветање. Јас имам кактуси што цветаат ама преку една две години, и некои што никогаш не процветале. Затоа никој не може да ти каже конкретно дали ќе ти процвета кактусот, затоа што зависи од многу фактори
     
    На Aztec и f.girl им се допаѓа ова.
  5. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    Ова не го знаев :o Ти благодарам на одговорот :f:
     
  6. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    17.988
    Еве пример како цветаат.
     
    На Elenpelen, f.girl и Aztec им се допаѓа ова.
  7. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    За да го поттикнеш да цвета пробај во зима да го чуваш во соба со пониска температура. А ако веќе цветал треба да почекаш. Уште е рано за цветање. Мислам дека јуни отприлика почнуваат да цветаат. Ова не се однесува на кактуси што зимата ја поминуваат во стакленици на топло.
    Во Меркур имаше кактуси со пупки и цвет ако сакаш да си купиш. Сигурно има и во други продавници од тој тип.:)
    @Antolinaa преубави ти се кактусите! :inlove:
    Од каде ги купуваш најчесто?
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    17.988
    80% од Грин Гарден на Илинденска, другите од пазарче и поклон. Ова мал дел од колекцијата цела сталажа имам:tmi:. И уште купувам, ама љубов ми се кога ќе пуштат бар едно цветче ко дете им се радувам. :inlove:
    Кога се преселував па, голем дел дадов и уште ми е криво.
    Овој кактусот што го имам во првиот пост со портокалов/розев цвет лани ептен ме израдува се растури цутејќи. А пред тоа таа година, ниту едно цветче не пушти.
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Сигурно имаш убава колекција. Се гледа по овие неколку слики. :inlove: И на мене би ми било криво да дадам дел од колекцијата. Цел живот ќе ги мислам.
    Оваа година има интересен избор на кактуси. ^_^ На Илинденска сигурно уште подобар избор има. Никако да отидам таму...
    Сега сакам fishbone и monkey tail кактус. Лани имаше ама беа релативно скапи. :?:
     
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    @Antolinaa преубави ти се кактусите :inlove: Се надевам и моите ќе расцветаат :$

    @Aztec ти благодарам и тебе :hug:
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    14.817
    Пол:
    Женски
    Го имам од 8 март го чувам во дневна
    Треба да го предадам во поголема саксија? IMG_20220404_104829.jpg
     
  12. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали бамбусот собен може да се пресади?
     
  13. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Бамбус се чува во вода, не се сади во земја колку што знам јас :)
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Да, пресади го во поголема саксија. Оваа сигурно целосно е исполнета со корења. И вештачкиот цвет извади го. :)
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    14.817
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram :)
     
  16. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Предлог за собно растение (за поклон). Да не е премногу скапо, до кај 600-700. Не се разбирам во растенија ама сакам да подарам некое што ќе цвета повеќе години, не 3-4 месеци.
     
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Спатифилиум, јасмин, Каланхое...
     
    На ALISA0000, Aztec и Maryland1087 им се допаѓа ова.
  18. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Како се одгледува Кала? Колку пати де наводнува и каде треба да стои? И дали цвета секоја година или е само за една година? Колку време живее?
     
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    24.345
    Пол:
    Машки
    Кактусот ми изгледаше навален на едната страна и само што го допрев се скрши целосно. Дали може нешто да се направи?
     
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Слободно насади го во земја ,одма се фаќаат кактусите.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.