Како се одгледуваат алое вера?Читав нешто на нет ама моите не ги наводнувам многу а гледам почнале некои лисја да пожолтуваат
Здраво. Имам орхидеја од месец март, еднаш цветаше. Сега не знам тоа зеленото што виси нанадвор дали е нов корен? Дали треба да ја пресадам во поголема саксија и ако да, во каква земја? Секој совет е добредојден.
Летово Сансевериите почнаа да растат. Се издолжија и сеуште ги должат шпицевите на врвовите. Многу се убави. Имам 2 бебиња, едното е израснато 10тина цм над земја, а другото го приметив вчера дека само што ја пробило земјата. Дали ако ги пресеам нив индивидуално во посебна саксија ќе преживеат или да почекам да потпораснат?
здраво сакам да прашам, прочитав тука некаде но не можам да најдам сега, во врска со одгледување на красула или дрвото на паричките, ми расте многу во висина па ако може постапка за ,,одделување на гранчиња,, и пресадување, бидоб на јууб со сечење на пупките но тука прочитав дека се вадат цели гранчињапа се садат веднаш до ,,главното стебло,, ако знае некој помош, разнмножив 3, 4 но не се лични веќе, се познава дека се диви
Многу поубаво ќе изгледа едно стебленце во саксија, правилно негувано, отколку повеќе стебленца едно до друго. Тие што ти се многу во висина отидени, скрати ги до каде сакаш, од таму ќе си пушти нови ливчиња, и ќе се згусне.Сепак и вака нема да има убава форма, бидејќи обликувањето треба да започне многу порано. Ако сакаш убав подмладок, исечи едно гранче со 4 до 6 ливчиња (без странични ливчиња, само нагоре што одат) остави го еден ден да се засуши, па после насади го во помала саксиичка. За да има убава форма, не му давај да пушта странични стебленца (крши ги), се додека не пушти барем два пара ливчиња во висина. После тоа пушти ги и тие од страна да растат. Со ова ќе добиеш убаво дефинирано стебло, кое се шири во крошната. А крошната исто ќе ја обликуваш понатаму, со кастрење на ливчињата на врвот, и така ќе се згуснува, на секое пресечено членче ќе изникнат два пара ливчиња. Пробај, па ако имаш прашања за понатаму, тука сме.
Алое се едни од поспецифичните за одгледување, мајка ми неколку фрли. Тие се многу ретко наводнуваат, да не се директно на сонце а сепак на светлина. Пожолтуваат од премногу вода, како да се скапани. Со прст во почвата проверува ако е мокра, влажна не ставај ни капка вода.
Пресади ја во истата саксија со земја за орхидеи, ја имаш во Електрометал, Бриколаж, Меркур и по цвеќарите. За цвет да има треба да пушти гранче и да го врзеш за некое стапче да стои право нагоре, тоа што мислиш дека е корен можеби е гранчето што треба да цвета, не се гледа убаво на сликава.
Красулата нај убава е како едно стебло и крошна како од дрво, се крои и се оформува по желба. Скроените гранчиња само се ставаат во земја и се фаќаат без промашај, доста отпорно растение но бара сонце. Ако му се погодени условите може и да цвета. Од красула се прави и бонсаи, но треба малку знаење и умешност.
како да ја ..кројам,,? после 4тиот пар ливчиња се поткинува и се става во земја до другиот корен? ај малку детали, гледав нешто видеа ама ми е страв да не ги уништам
За красулата нема правило баш, скрој си ја коко што тебе ти се допаѓа. Толку многу е отпорна на сѐ, што и едно ливче да има таа ќе живее. Од тие што ќе ги скроиш одбери ги нај убавите гранчиња и засади ги во друга саксија,не во истата. Мене ми е убава како едно дрвце и не би ставал неколку во иста саксија.
Што да правам со замијава, пресадена е летово, никнаа нови гранки на средина, овие стариве почнаа на страна да бегаат хоризонтално.... И компирчиња гледам уште куп. Дали да ја замотам во најлон за да се исправат стариве стебла? Еве и слика
Нормално е тоа, сега и уште ќе паѓаат надоле и тие младите за година дена ќе паднат, нормален раст и е тоа. Ако сакаш нагоре да биде земи стапчиња(бамбус) и врзи ја ама не ја мотај со најлон туку со конец (внимателно да не ја оштетиш, не ја стегај многу)
Орхидејава ја имам 15 дена, ја добив на подарок веќе расцветана, но во последните неколку денови и паднаа цветовите од едната гранка. Еднаш неделно ја оставам во сад со вода по еден час. Ве молам за совет како да ја одржувам.
како се одгледува ова растение на дневна база? и каде е најдобро да биде поставено во однос на сончева светлина?
Дали некоја чува кактуси надвор? Дали е можно да се чуваат и во зима, без да се собираат внатре? Пример со фолија да се покријат? Имам видено една куќа чуваат во жардињери на прозор, и баш се убави и големи...
Јас лани го оставив надвор на среќа и тераше. А еден огромен прелани ми смрзна. Ама едниот ден беше 20 степени а ноќта -2.
Imam zamija i stoe na svetlina no ne direktna i vo ne mnogu topla a ne i ladna prostorija. Ne toplime vo taa soba no deka stan ne e ladno ic. I veke dve nedeli nesto ne e vo red.. 3 granki go da se navalija padnaa i gi presekiv i gi staiv vo voda da vidam dali ke pustat korenja. Denes pak isto druga granka. A stenlencata se nekako cudni ko temni damki da ima na granceto. A ima i nekoi zolti mali grancinja. Voda stavam ednas na 2-3 nedeli. Dali mozam sega da ja oresadam dane i e nal crepot.. sto da napravam da ja spasam? a i golemka e dali mozam da ja razdvojam vo dva crepa?