Здраво. Сакам да прашам за Спатифилим, го пресадив во нова земја и како да почна да ми скапуваат лисјата. Вејќе две години го имам и вака стои
Да не е директно на сонце, не многу вода и туширај го. Не е тешко за чување. Дали има доволно светлина? Моите растат многу, до прозор стојат ама не директно на светлина. Ако немаш светлина премести го каде ќе има светлина, ќе потера.
Ima dovolno svetlina ne e na direktna ama go presadiv vo nova zemja izmesana so gnoj mozno e da e izgorenonod gnojot
Има ли нешто за прскање на собните растенија да не фаќаат толку прашина, ги бришам лист по чист освен туширање а секогаш не можам да ги туширам, не се малку. Се мислам имаше едно како спреј напрскаш и светат, знам мајка на времето со пиво ги бришеше ама тоа нема шанси многу мириса а некои па и со мајонез тоа па ич нема шанси
Што можам да сторам на гранка од орхидеја што се суши на крајот. Имав читано дека исушениот дел се сече и се става хидроген, така спасив неколку, но овојпат на оваа не ми успеа. Гледам продолжило гранчето да се суши. Има ли и некое друго решение? Баш ми е криво да се расипе на другата гранка веќе има цветови кои цветаат
Јас не ставам цимет, не ми прави разлика кај гранките. Ама многу помага ако ставам слој од восок. Запали некоја свеќа, на чепкалка за уши земај од растопениот восок и ставај на отсечениот врв. Да му се формира како слој што ќе биде „капаче“. На тој начин гранката не поприма влага и не продолжува да се суши. Ќе продолжи да си цвета од секундарните ограноци.
Препорака за цвеќиња домашни што не сакаат многу сонце? Тука каде што живеам нема многу сончеви денови па не ми успеваат