1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Собни растенија

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 6 октомври 2011.

  1. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Имам едно цвеќе поима немам како се вика, ама знам дека е собно и дека живее една година, мене ми е малку старо а подарок ми е, и ќе ми умре кај и да е. Не знам колку вода му треба, неделно, количински? Енибади?
     
  2. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    да се пофалам дека земав од пријатели алое му купив саксија го пресадив , сакав да му купам хумус ама ми кажаа дека подобро земја најобицна , као е тропско и не мора нисто посебно да се негува , ке видиме до каде ке стигнам :lol:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    Да ви кажам мои феминки многу си ги сакам кактусите најомилени цвеќиња ми се, ама тие неколку што си ги имам (5-6) откако ги насадив, а можи има околу една нецела год. никако да ми пораснат се така си седат не знам зошто, ;( а му турам вода на одредено време ко ке мислам дека му треба, кутрите тие ко запечени се, :lol: па би сакала да ми дајте некој совет за то шо да му ставам или шо да му напрам, кај да ги качам :^) за да ми подпораснат малку и да му се израдувам :geek:
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.122
    Помагајте, имам проблем со мојот бенџамин, кој ми беше инспирација за темава.
    Или подобро кажано - тој има проблем со мене.

    Откако го ставив само ми жолтее, му ја сменив местоположбата - го ставив до прозор иако и таму каде што беше не му беше темно, внимавам да има таман вода - ни малку ни многу, и абер нема да се орави, секој ден има ново жолто ливче.

    Читав за дохрана, ама во зима не се ставало, зошто тогаш цвеќињата биле во мирување. Ќе треба да почекам до пролет, а тогаш веројатно ќе биде касно.

    Многу ќе ми биде жал да го исушам, големо е, 2м високо, кај свекрва ми супер вирееше, а сега е многу стужнето.

    Има ли некој иљач??? Да ставм ли дохрана, ич да не ми е гајле што е зима? Да чекам? Друго чаре?
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Мојот бенџамин во текот на зимата ги губи скоро сите листови. Без разлика на какво место да го ставам, тоа е. Некогаш останува дури и со скроз оголени гранки.
    На пролет кога затоплува времето го изнесум надвор и буквално се регенерира и целосно се разлистува.
    Не знам дали ова важи за сите растенија од овој вид, но мојот функционира како листопадно растение.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.624
    Допаѓања:
    251.158
    Пол:
    Женски
    Јас имам во дневна 3 големи дрвца дифенбахија, фикус и дрво на живот супер си растат им ја имам погодено местоположбата најверојатно. Но сега со малово бебче по дома почнаа по малку да ми пречат па се прашував дали знаете дали ќе ја преживеат зимата ако ги ставам во просторија која не ја користиме моментално но и не ја грееме. Незнам колку степени им се потребни за да не ги уништам :?:
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.122
    Ние кај моите ги чувавме во соба што не се грее, и немало проблем. И тоа многу цвеќиња, секакви видови, вклучувајќи ги овие што ги наведе Божица. Во собата температурата беше околу 8 степени.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Еве некои корисни информации:

    Дифенбахија

    Температура: Добро се развива во топло, не пониска температура од 18Ц, подобро повисока. При температура пониска од 10 Ц растенијата гнијат. Не поднесува промаја.
    Осветлување: Во лето треба да се држи во сенка, а во зима бара добро осветлување. Во многу темно место лисјата на растението ситнеат и ја губи декоративната привлечност. Добро ќе расте под заштита на завеса од тул поставено на источен или западен прозорец.
    Наводнување: Обилно од пролет до есен,во зима умерено.Почвата се одрзува цело време во влажна состојба, но не треба да биде премногу сирова.
    Влажност на воздухот: Сака многу влажен воздух, Потребно е регуларно миење и попрскување на листовите со вода.Пред попрскување,убедете се дека во собата е топло и дека од никаде „не подувнува„ , инаку може да му наштетите на растението. Доколку во собата е околу 18 C, подобро е да не се прска туку периодично да се протрие со влажен сунѓер.
    Ова растение не се препорачува да го чувате во просторија каде има деца. Неговиот сок е отровен, и ако бидете во допир со него може да дојде до непријатен оток и црвенило на кожата. Затоа внимателно! Кога ќе одрежувате листови или ќе го пресадувате, користете ракавици.

    Фикус
    Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на Сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.
    Полевајте го еднаш седмично во зима, а во лето два пати. Не дозволувајте да остане вода во подлошката. По петнаесетина минути истурете го вишокот вода. Ова е особено важно да го правите додека е растението младо, бидејќи може брзо да угине. Фикусот како популарна собна билка, која не е толку отровна, во контакт со кожата може да предизвика чешање и печење, а во случај на проголтување, чешање на грлото. Помага испирање со ладна вода.

    Дрво на Животот

    Температура: Умерена , не пониска од 15 С, поладна температура во текот на зимата до -3 С.
    Осветлување: Светло место или полусенка, не ги поднесува директните сончеви зреаци. Многумина мислат дека Дрво на Животот повеќе сака сенка , но на темно место ќе се исуши.
    Наводнување: Во лето обилно наводнување, а во во зима умерено. Не поднесуваат застојана вода во подметачот или пресушена земја.
    Влажност на воздухот: Сака сув воздух, но треба редовно да се попрскуваат листовите во зима ако стои во просторија со централно затоплување. Периодично треба да се прави топол туш со што би се измила прашината и би се освежило растението.
    Дрво на Животот ја намалува концентрацијата на штетни материи во воздухот (кои потекнуваат од испарувањето од градежни материјали, теписи, бои или мебел), дури и од 50 до 70 отсто.
    (Моето цела зима го минува во ходник, каде температурата е еднаква на надворешната, така да нема да се исуши)

    Други растенија и нивното влијание

    Олеандар -е познат како отров за срцето. Доколку детето голтне дел од цветот или од лисјата се јавуваат проблеми со крвотокот, аритмија, мачнина, повраќање и пролив.Во тој случај што побрзо побарајте лекар.Олеандарот е посебен по тоа што баш секој негов дел е отровен - дури и случајното вдишување на чадот од запален олеандер може да предизвика здравствени проблеми. Кај труењето со олеандер доаѓа до забрзување или забавување на работата на срцето, па е потребна итна лекарска интервенција.

    Домашна јаглика-со своите влакненца на кората остава црвени траги кои предизвикуваат чешање,а понекогаш се јавуваат и меурчиња.Доколку детето касне дел од јагликата ќе почне да повраќа и тогаш треба да му се даде многу вода за да се намали концентрацијата на отровот.

    Хортензијата е чест жител на домашните градини, но доколку имате мали деца, не садете ја. Неколку часа по голтнувањето се јавуваат болки во стомакот, чешање, слабост и потење.

    Нарцисот е прекрасен, но неговите луковки се отровни. Ако по грешка се најдат во вашиот желудник, се јавуваат грчеви, пролив и повраќање, па потребно е итно да се надомести изгубената течност.
    Aзалеите предизвикуваат повраќање и пролив, по што може да следи главоболка, мускулна слабост и заматен вид. Срцето може да почне неправилно да чука, па и да застане. Потребна е итна лекарска помош.
     
    На bella.gk и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Феминки, а како се справувате со бамбусите? За нова година добив букет од бамбуси и сега е знам колку вода да им ставам, на колку дена? :?:
     
  10. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    [​IMG]
    Бамбусот е лесен за одржување, не бара голема количина на светлина, и не треба директно да биде изложен на сончеви зраци. За негово одржување е доволен сад со вода, а може да се одгледува и во земја.
    Постојат собни растенија кои во животниот простор внесуваат повеќе придобивки отколку некои други. Една од овие е и бамбусот (Фенг шуи, горе на сликата). Тој донесува просперитет и среќа на оние кои го чуваат во својот дом. Исто така, исклучително корисно е да се смести во работна соба, канцеларија или во близина на место каде што се чуваат пари.
    Најдобро место за чување на бaмбусот е правецот на истокот или југоистокот.

    Ако ти подариле 3 стебленца или 6, претставува среќа. 5 или 7 стебленца симболизира здравје. 2 стебленца ја претставуваат љубовта и бракот, 8 претставуваат богатство, 9 се залага за среќа и 21 стебленца симболизираат благослов :) .
     
    На IvanaMkd, Mayyya, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Имам дома неколку саксии со дрво живота, сега не знам како да го пишам на македонски ама така го викаме нели, ги чував во салон, едното лани додека беше помалечко ја помина зимата, еве сега го гледам има израснато нови листови ама некако е спуштено, не е цврсто. Страв ми е да не се исуши, ама се чудам лани седеше таму еве годинава како жална врба е.

    Ако некоја од вас знае да ми каже каде да го ставам да му се врати живоста, а толку е убаво си расте право. Како да го потхранам или пак да го ставам на потопло? Ве молам пишете побрзоо :)

    Јука се викало... :) :)
     
  12. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Можеби малку доцнам со одговор ,ама сепак пробај да го тушираш дрвцето два пати месечно ,или со прскалка прскај ги ливчињата. И не му се секирај многу ,нормално е да му пагаат ливчињата на есен и зима. На пролет извади го на тараса да седи до есен, и ке се оправи. Поздравче ,се надевам ке го спасиш дрвцето
    :)
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.441
    Допаѓања:
    34.243
    Пол:
    Женски
    Во мојата стара дома имавме 2 собни цвекиња многу убави . Мајками се грижи за нив сега . Во мојата нова дома имавме веке Не ;( едно прекрасно собно цвеке . По име не знам како се викаше ама беше навистина убаво и и даваше на дневната соба некој прекрасен шмек . Е сега изгледа од премногу вода , се појавија инсекти и никако да ги снема. Земав ја прекопав земјата , и пак ништо уште беа таму, И еден ден го изнесов на тераса да се излуфтира , арно ама мојов Го заборави цела нок цвекето на минус степен надвор. Другиот ден утрото го внесов ама лисјата му беа наведнати . Премрзнало ;( И после ми беше а и уште ми е криво . Пред некој ден решивме да го фрлиме нема смисла да седи така умрено во соба , Лисјата попагаа :|
    Тоа е :x
     
  14. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    ^ Си можела стеблото да го исечеш, коренот да го извадиш и да го пресадиш повторно во друга односно нова земја.
    Има сретства за отстранување на инсекти и др. натрапници кои го напаѓаат растението, требало да се обратиш во земјоделска аптека или во цвеќарница.


    Слични се:

    [​IMG]
    Јука
    [​IMG]
    Дрво на животот

    Не мора да го ставаш на топло и онака тоа растение не трпи многу топлина ( подалеку од печка, парно.... ).Вода додавај му на 10-12 дена, не сака да седи во пресушена земја, ниту во многууу влажна.
    Имам прочитано дека еднаш месечно ливчињата треба да се премачкуваат со пена од пиво за да растението го добие својот врв на убавина, ама јас сеуште немам пробано :) .
    Ако е големо пробај да го пресадиш во поголема саксија.
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Па не е баш високо 40-тина сантиметри. Листовите се доста големи, половина метро можеби. Земјата е влажна ама вода многу слабо му ставам, еднаш месечно, еве баш денес му ставив ама видов дека не беше суво. Значи си ја чува самото влажноста.
    Се мислам цел ден и можеби сака повеќе светлина. Можеби е до тоа, зошто во салонот имам големи прозори ама ете сепак ладно, денот краток, плус на северна страна ми гледаат прозорците, сигурно е до тоа.

    Ништо тогаш ќе пробам со пивото, ќе го ставам на светлина па ќе видиме што ќе биде. Имам и едно друго ама тоа е помалечко, и уште 2-3. Ама ова ми е најомилено.

    Еве како изгледа моето, сликиве се од инетернет. Само моево е погусто.

    еве моето е баш вакво.

    Само ме чуди, на интернет гледам повеќе видови, како мојот послабо има.
     

    Прикачени фајлови:

    • 16240-Yucca-aloifolia.jpg
      16240-Yucca-aloifolia.jpg
      Големина на фајлот:
      74,9 KB
      Прегледи:
      568
    • juka.jpg
      juka.jpg
      Големина на фајлот:
      92,8 KB
      Прегледи:
      569
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ете сега разгледав во темава... и моето седеше во салон, има нови листови излезено, светло зелени се ама се спаднати... гледајќи низ интернетов мислам дека е до светлината и положбата каде треба да се чува. Го сместив сега во дневна на светло па ќе видиме. Само да најдам нешто за потхранување, ми е страв да не се исуши стеблото.
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.122
    Фала за одговорот :)

    Купив некој адитив, вештачко ѓубриво, прехрана, како ли се вика, пишуваше дека се става еднаш месечно кога растението е во хибернација, па иако до сега два пати само сум ставила, има значително подобрување. На незгодно место е за прскање на листовите, а знам дека треба, ама здравје, во пролет ќе го однесам надвор, па ќе го прскам. Како и да е, сега за сега ми делува „спасено“, па ќе видиме.
     
    На mia9184 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Бабичката моја има 3-4 саксии собно зеленило, ништо посебно, ама едното расте нагоре и се витка, па го натерала дедо ми да и донесе обична прачка од некое дрвце, да се вртело растениево околу неа.
    Отишол дедо ми послушен, откинал една стројна прачка, ја изделкдале на дното, ја зашилиле, да го држи нели цвеќево.
    Луѓе - прачкава расцветала!
    :D :rofl:

    Јас не верував дека е можно, одам и има што да видам - и' никнале неколку гранченца, а на секое од нив зелени ливчиња, како мини дрвце!

    До човекот си е, јас мислам камен да засади, ќе му никне. :D
     
    На <3 pleza4e <3, awl, BurstBerry и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас немам многу собни растенија дома ама неостварена желба ми е едно Бонсаи да си имам. Такво малечко, а дрвце. Задодуше јас кога ќе имам мој дом ќе си имам големо дрво на среде соба, па што сака нека биде, мојата љубов кон дрвата не можам да си ја доискажам :lol:
    Сакам необичи растенија и многу видови кактуси, имам неколку дома и една палма што стои од којзнае кога, ја одгледуваме фамилијарно, кој пројде и фрла по една чаша вода.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Потполно во право си.

    Мене цвеќките не ме сакаат. Ми се сушат, ми скапуваат, а тукушто засадени. И на мајка ми исто.
    Ама затоа баба ми е махер. Низ цела куќа има различни видови, мерак да ти е да гледаш само. Чиниш во рај си. И се грижи ептен за нив. Некогаш заасадува и за нас, ама незнам што е работата што не ни виреат долго. Може затоа што не се соживуваме со нив, не им пружаме доволно љубов :)

    Од друга страна и јас не ги љубам многу цвеќињата. Немам желба да се грижам за нив, а баба ми не сака да го сфати тоа, па само ми се јавува да ми каже каков расад нашла. Стара жена, тоа е.
     
    На Nadika му/ѝ се допаѓа ова.