од топчињата во боја кои се или не ? пошто мене БАМБАМ почна да ми добива боја од тие топчиња и сега го вракам во живот само со вода...без никакви додатоци
ај да видам дали ке добијам одговор од тиа што се подомакинки имам палма дома ок си е ама имам и кала маска и женска и едната и другата еден лист ке испадне еден ке се исуши и се е со толку лисја ај пишете што тоцно сакаат они???
Епа не се машка и женска штом не цветаат . Сакаат светлина-сонце и вода. Цветаат во пролет. Свеки моја има околу 5-6 и во пролет некаде Мај месец ги изнесува во двор и преубави се, а јас кога порано чував во стан не ми цветаа
Сталажа за цвеке *http://www.designsponge.com/2012/08/diy-project-recycled-leather-wood-shelf.html#more-144451* идеа
Дали некој би можел да ми препорача собно цвеќе кое нема потреба од многу светлина, за северна страна? Уште па ако има некое такво што цвета би било идеално
Никако не успевам да го воспитам мојот бенџамин! Му ставам течно ѓубриво во водата, му ги прскам листовите со вода, а тој е во очајна состојба. Пробав да му сменам и локација, ама не помогна ни тоа. Страната што му се допира до ѕидот му остана цела без листови. Денес му ја сменив земјата бидејќи во претходната најдов црв и купив некој спреј за листови и ако после ова не се опорави - кревам раце од него. Да бидам искрена, полека почнав и да спремам терен - исеков 2-3 гранчиња со надеж дека ќе ми пуштат корења и ќе ги засадам. Истиот овој до пред неколку месеци седеше кај свекрва ми позади врата, и изгледаше супер. Ја прашувам што му правела, а таа не знае ни на колку време вода му ставала, камо ли да го третира со ѓубрива и не знам што. Се надевам дека ќе се среди. Не знам зошто, ама неумеењето да се справам со него го доживуваам како голем личен неуспех. Требаше да придонесе да се чувствувам поубаво кога го гледам, а не бедно.
Спојлер Бенџамин (лат. Ficus benjamina) Најпопуларен вид на фикус со мали листови е бенџаминот. Ова растение може да порасне во големо разгрането стебло, ако ги преживее првите три месеци на прилагодување. Не му одговара секој простор, и мора да се внимава додека е растението младо. Никако не смее да биде на провев, а потребно му е повеќе светлина, бидејќи листовите ќе почнат да пожолтуваат и да паѓаат. Треба да се внимава на правилно залевање. Во зима залевајте го секој десетина дена, а во лето од прилика два пати седмично. Никако не дозволувајте да стои во вода. Петнаесет минути по залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Во текот на пролетта и летото прихранувајте го еднаш месечно со течно ѓубриво за собни лисести растенија. Повремено оросувајте му ги листовите. Пресадувајте го секоја година. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно тргнете го горниот слој земја, и заменете го со нов. Ако сакате да му го ограничите растот, обрежувајте го, и тоа најдобро да биде во пролет. Одрежаните врвови може да ги користите за размножување. Земете резница од околу 10 см која има два пара на листови. Стебленцето одрежете го косо веднаш под долниот пар листови, а потоа и нив отстранете ги, така да остане само еден пар листови. Оваа резница насадете ја во земја до листовите. Чувајте ја на топло и светло место и редовно полевајте ја и набрзо ќе има нови ливчиња. Еве овој совет можеби ќе ти помогне. Изгледа многу го тинтраш Јас колку го сакам толку и го мразам. Многу тешко се прифаќа и ако му се погоди некој ќош ќе го биде а ако не му се погоди ќе се исуши за брзо време. Еднаш кога го померив за некој метар ми угина - му испадаа листовите а толку беше убав
Си купив неколку кактусчиња и ги распоредив низ домот (во кујна, дневна). Кажете ми кои се основните услови за кактусиве? Сакаат сонце? Вода знам дека не им треба многу. И не знам точно кај да ги чувам. Едното ми е од оние што растат високите, едното ми е од оние како топка што се, а другите неколку се како јајчасти. Исто така, поназад во темата зборував за Јуката, имав надвор едно стебло и замислете ми родило уште неколку од страна. Па ги пресадив во саксии, и ги ставив во салон. Малечки се уште, не знам кај да ги чувам есенва и зимава? Некој идеја да ми даде? Нејќам да ми изгинат-ги обожавам.
кактусите не бараат посебни услови напротив многу се прилагодливи...само вода од време на време (отприлика на 1 недела по малку) и тоа е се
Јас сум голем љубител на собни растенија и имам огромна желба да засадам љубичица и кинеска ружа тие ми се најомилени ама еве 2 години по ред како се трудам,но не ми опстаниваат кој ги има одгледувано овие прекрасни растенија ве молам нека ми каже како ги одржува и кој ритуали им се потребни.
Јас имам многу љубичици дома до душа мислам дека тоа е единственото цвеќе што нааајуспешно ни се развива имам темно лилакови, светло розеникава и бели Спојлер ваква е темната ама ова не е моја слика, иста е инаку имам уште неколку собни цвеќиња ама посебен мерак имам на бенџамин-от Спојлер http://i780.photobucket.com/albums/yy88/pepuska_2010/Ljubicici/IMG_4262.jpg едвај чекам да ми порасне во дрвцуленце
Купив една драцена поодамна и плус уште едно друго неидентификувано имам, ама чек сега да ве питам нешто, на двете растенија листовите ми се сушат, значи врвовите баш се сушат, кога ќе ги допреш се ронат, а остатокот од листот си е убав зелен и после некое време се суши целиот лист. Тоа неидентифукуваното само пушта нови листови и тие младите исто се засушуваат и уствари растениево никако да порасне две години исто си е. Драцена пак ја гледам вчера пуштила ново ливче уште не израснато само што под излегло врвчето се исушило. Ме нервира што младите листови вака се сушат, да беа старите ај ќе речев се регенерираат ама па новите не до раснати уште, од што вака им се прави, м? Ги наводнувам еднаш неделно и двете, одвреме навреме листовите им ги чистам (премачкувам) со мајонез и пак ми се огрдуваат а толку мерак им имам.
^ За таквите растенија слични како драцената, јуката, дрвото на живот итн. се премачкуваат листовите со пена од пиво, пресади го во друга саксија со нова земја, се пресадува на две години, а да, споро расте. Спојлер Еве ти линкче, корисни совети за одгледување на драцената. http://www.kafepauza.mk/zivot/soveti-za-odgleduvanje-sobni-rastenija-drvo-na-zhivotot/
Мноооогу голема желба имам за бонсаи ... не сум разгледувала кај нас кај ги има и по колку пари се од прилика? Бидејќи некој погоре спомна дека му се исушило, од она што имам читано мислам дека можат да се исушат доколку не се сместени во соодветен сад. Бидејќи имаат специфичен корен потребно е да се засадат во плиток но широк сад За опчеток имам познавање, сега преостанува уште да си набавам едно
јас сакам едно вакво бонсаи Спојлер инаку од стандардниот тип на бонсаи имаш во цвеќарата во веро џамбо долу, во мр.бриколаџ , цвеќарата во буњаковец и др..а други и многу различни типови на бонсаи имаш во бонсаи центарот спроти александар палас...овие стандардниве коштаат околу 1000-2000денари а другите многу многу повеќе...зависи од типот , и староста на бонсаито.... јас го терам мм да ми направи бонсаи од лимонче па да видиме да кај ќе стаса
Mrs. Bass Колку е убавооооо и големоооо Фала ти за податоциве, ќе видам кај прво ќе ме однесе патот за да си го разубавам домот со едно бонсаи. And good luck with your bonsai