Само јас си ја полнам темава, дека обожавам цвеќиња Молам за совет, имам пилеа и неодамна ливченцата и стебленцата на врвчињата почнаа да црнеат, да се сушат. Што да и правам ќе угине, а несакам?
Татко ми обожава цвеќиња и секоја пролет двете тераси ги украсува со еден куп саксии со најразноразни цвеќиња. Не дека не се убави, прекрасни се, ама бараат многу одржување. Наводнување, чистење на сувите ливчиња, внимателност при изложување на сонце и слично. Ходникот ни е исто полн со саксии, ама во нив имаме насадено од оние зелени растенија, што немам поим како се викаат Големи зелени листови имаат, а цветови немаат. Од нив најубаво ми е едно што моите го викаат Христов венец - е ова има цветчиња, многу убави темно розеви, а целото е со боцки и расте во висина, не во ширина. Мајка ми пред некоја година на подарок доби една широка, земјена саксија со насадени неколку видови кактуси, а на средина има камен како украс. И наместо во земја, насадени се во ситни камчиња. Лесни се за одржување, а многу се интересни. И сите кога ќе ги видат мислат дека се вештачки. А јас си се грижам за мојот бамбус што неодамна го добив на подарок. Имав еден пред неколку години, ама ми умре. Сега овој го пазам како очите! Ставен ми е во стаклено шише што има многу убава форма, па личи на вазна. Само му додавам вода на некое време и ми стои покрај телевизор (читав дека така треба). Нормално не е директно изложен на сонце, а во водата има ставено малку храна за рипки (ова од интернет го читав, похранлива била водата, па поубаво напредувал). Кога го добив на подарок, веќе беше увртен и разлистен, ама еве веќе ги вади новите ливченца
Ги имаме доста и ги обожавам. Дневната малце ладно ни делува во црно-белите комбинации па цвеќињата стварно освежуваат. Имаме еден прекрасен огромен бенџамин, наскоро до таван мислам ќе стигне висина, тој ми е најубав Фикус, палма и уште некои ситни што не знам како се викаат имавме и љубичица сезонски. Значи зелени цвеќиња, не од оние што имаат цвет. За одржување освен наводнување и миење, не бараат многу, а даваат убав изглед на собата.
Да не знаете некој да откупува саксиско цвеќе? Имам дома еден куп Дифенбахии више немам кај да давам и кај да ги сместам а жал ми е да ги откорнам.
Ај јас да си прашам нешто...мајка ми за 8ми март доби орхидеја, бела и како ни е донесена така си стои, цветови си има, не сме и ставале ни вода.Треба ли некоја посебна нега за цвеќево, на колку време да се става вода, и гледам како коренчиња некои почнале да искачаат надвор, треба ли да ја пресадам? Ако знае некој нешто подетално околу цвеќево ќе му бидам многу благодарна, зашто преубаво е греота да ми се исуши. И уште нешто..колку пари би ме чинело да си купам бамбус и кактусче некое мало ?
Епа вака... Голем љубител сум на сите врси собни растенија особено на кактусите поради нивниот прекрасен изглед како и цветчињата кој цутат... Меѓутоа имам еден проблем . Првиот кактус го добив пред една година, но освен 2-3cm во ширина и висина ништо повеќе не се смени, ни цветче, ни да се размножи ништо на интернет гледам ист таков размножен е, има цветче и се, а мојов ништо... пред 2 месеци добив на поклон и пораснаа но сеуште не се умножиле меѓутаа ми рекоа дека од едно може цела соба да се поплави... БАРАМ ВАША ПОМОШ ОД НЕКОЈ ИСКУСЕН КАКО БИ МЕ СОВЕТУВАЛЕ ЗА ДА ИМА ЦВЕТЧЕ, ДА СЕ РАЗМНОЖИ или НЕКОЈ СЛИЧНИ КОРИСНИ СОВЕТИ.
за ова 2рото сликиче или да кажам за кактус број 2 ние дома имавме исти таков.. ко бевме мали со Брат ми постојано му скубевне од стеблото и си игравме со малите кактусчиња( а после плачевме за боцките по прстите) ама деца! после интензивни 15 години чуванје(лете на терасата која е постојано на сонце) а зиме во истата соба кактусот процвета со исто такво цвеке кое го има на сликава !! Незнам дали е карактеристично за таа сорта или е нешто др( јас и брат ми не се замаравме појке со него) ама има преубав цвет !!! може вреди да се чека ?!
Првин да и одговарам на BurstBerry дека кактуси може да си купи во било која цвеќара, и веќе се расцутени нивните и има најразлични врсти по 150 денари се... Иначе вреди да се чува самиот кактус како појава е феноменален а уште повеќе за да се види цветот како и да е јас ке чекам хаха меѓутоа на YOUTUBE видов клип каде му ги вадеа боцките и наводно така растел и пуштал цветови, но немам храброст за тоа затоа прашав тука за совет
Мајка ми ги има двата вида катуси и и цветаат. За да ти цветаат треба да се постари ,најмалку 2 години ,зимно време треба да се чуваат на темно место и многу ретко да се полеваат ( 1 до 2 пати за три месеци ) На пролет се вадат на светлина и тогаш цутат. Кај мајками обично цветаат околу 1 мај . Едно цветче трае еден ден . Пробај догодина да го примениш ова па можеби ќе процветаат и твојте .
Ова навистина ме израдува Иначе јас зимава го вадев еднаш во месецот, ете сега и то го знам хаха... Добро е да се побара совет од поискусни Ти благодарам многу
Јас имам шарен фикус, и Калатеа. Калатеата поим немав како се одржава а преубава ми е, па најдов на интернет дека сака секогаш влага, т.е. земјата секогаш да е барем малку влажна, скрз сува никако, и дека сака потемни места. Пред да прочитам и ставав вода еднаш неделно во тацната исто како што ставам на Фикусот, и ливчињата и се собраа и клапнаа. Кога почнав поредовно да ја наводнувам се исправија листовите и оживеа Фикусот машала да не го подречам, преубав е, едвај чекам да се стопли поубаво, па и двете да си ги пресадам.
имам кактус http://plantuhod.ru/uploads/posts/2013- ... tija_7.jpg нешто слично на ова , само моето е мало, значи му треба вода - да го заборајш . ама незнам како со светлината? дали сака сонце или може така во сабоата негде кај што не го фаќа многу сонце?
и ние имаме исто вакво кактувче дома...мн е убаво и мн бргу се размножува ...сега е на тераса изнесено и не е изложено на директно сонце вода еднаш неделно но не ладна туку одлежана вода
Мајка ми даде семинја од Олеандар и ми излегоа 82 коренчинја. дел пресадив во посебни саксии, но имам уште 50 кои седат во 2 саксии, морам и нив да пресадам во посебни...пуштат долги коренја...сега се големи колку големиот прст на раката од прилика и прашав во една цвекара, од каде што купив и гјубриво дали можам да најдам некаде олеандер (за да добијам колку горе-долу пари се, дали да ги продавам или да ги поклонам по лугје) и ми кажа дека никаде не може да се најде олеандер во продажба, ни во Охрид, ни во Скопје....само имало в Грција, Бугарија, Хрватска и др во околноста но во Македонија не се продавало... Вистина ли е? Во Бугарија на интернет видов дека се продават таму по 1000 денари големи веке, па си мислам да ги зачувам да пораснат малце па така да ги продавам на интернет ваму-таму... незнам...некој дали знае некаде да се продаваат олеандри и колку пари се...кај можам да понудам моите цвекинја, премногу се...80 саксии на зима кај ке ги редам...во дилема сум што да правам...совет?
А зошто нема вистина... се и сешто има, олеандер нема...како никој не му текнало да го множи ова убаво цвеке и да го продава...или има некоја друга причина...дека отровно или зошто...?
Олеандрите (Лиандри, зокуми) се продаваат на пазар, по цена од 50-200 денари за корен, ама просечна цена им е 80-100 денари(големина 20-30 цм во канче од кисело млеко насадени). Поради преголоемата застапеност на овие растенија цената од 1000 денари е преголема, освен ако не продаваш џбун со големина од 2 метри.
Цената која ја кажав е во Бугарија... дури и по 1500 има и се 60см..интересно, тука се доста евтини...
За 1000 денари два пати ќе појдеш до Гевгелија или Дојран и ќе си набереш гранчиња од зокумите. Со гранчиња многу брзо и лесно се фаќаат. Мој совет: Ако имаш некој близок што продава на пазар, расади ги во канчиња од кисело млеко и нека ги продава по цена од 100 ден. Инаку листовите од зокумот се многу отровни. Чај од 2 ливчиња е доволно за мажот да остане стерилен, две ливчиња во материцата доволно за да го умртви плодот (а многу често и мајката).
Девојки да не знае некоја како се размножува дрво на животот и дали можам да најдам сега бамбус и која му е цената?