Некој ако може да ми каже ова цвеќе како се вика, мајка ми го донесе, али незнам како да се грижам за него, незнам шо сака, влага сонце сенка... Исто така ми даде едни семиња, од некое декоративно дрво, и таа не знае какво е, како цути, како се одгледува...Ги засадив во саксија, ми излегоа неколку коренчиња, на пролет ќе ги насадам во дворот, али ако му е познато некому вака по слика, молам да ми каже какво е.
веќе 3-4 години го имаме цвекенцево,бабами ни даде едно гранче и еве го си пркна,но има усте мноогу за растење едвај цекам да стане голема грмушка
Домаќинки дајте предлог за некое собно растение со црвени листови. Најмногу би сакала да е нешто дрвенесто, не мора да е бонсаи иако и тие супер изгледаат, ама пожелно е да е со поситни ливчиња. Одржувањето не ми е толку битно, какво сака нека е ќе се потрудам да го тинтрам како што треба, ептен ми е мерак.
Како се одгледува бамбус,што му е потребно? На колку време и како му се менува водата? Сака или не светлина? Му требаат ли некои дополнителни додатоци? Исто имам и палма,па сакав да и купам нешто за потхранување,ама не знам што,барав во земјоделска аптека ама сите препарати им беа во преголеми количини за едно цвеќе. И да не биде ептен некоја јака хемикалија.
ние имаме бамбус и го чуваме уште од свадбата...бамбусот сака топло место не директно изложено на сонце...кај нас стои во дневна каде се грееме , ставено во стаклен сад ....вода му менува мм да го прашам на колку време како па ќе ти кажам а за палмата татко ми носеше едно средство за оззеленување купено од аптека во цг...сигурно и кај нас има такво нешто меѓутоа знам дека од тие средства се става по малку и се раствара во вода и после се полева цвеќето..ако е голема количината на таквиот препарат ќе ја имаш за подолго да ја користиш... мајка ми од овој препарат ставаше на сите цвеќиња по малку дури и на лимоните
Здраво waka-waka. Многу сакам бамбус, се уште немам, али планирам да си купам...Сум читала и знам по нешто за бамбусот.Еве малце инфо... Бамбусот на среќата е популарен меѓу источните култури како симбол на среќа и благосостојба. Но за да има таа сила, растението треба да е цврсто и силно. Според бројот на стебленцата бамбусот извршува различни желби 2 стапчиња носат љубов, од 3 до 6 - среќа, од 5 до 7 - здравје, 8 - богатство, 9-среќа за целото семејство, а 21 за благосостојба. Како да извием краевите на Бамбусот..Стеблата на "среќниот" бамбус обично се прави, но понекогаш се среќават и со извиени краеви. Овој ефект се постигнува вештачко на два начина: 1.Со помош на сонцето - како периодично вртиш саксијата или вазната спрема изворот на светлина. Не заборавај дека станува збор за индиректна сончева светлина, инаку растението ќе изумре. 2.Со помош на цевка или жица, околу која да се свртат бамбусот. Каде бамбус се чувствува најдобро?Бамбус на среќата се чувствува одлично во кујната, дневната соба, канцеларија, но најмногу сака да стои во бањата, бидејќи таму влажноста е повисока. Треба да знаете дека листовите на ова растение се слабо токсични, па ако имате миленичиња или мали деца, подобро ставете цветот на високо. Бамбус на среќата се развива бавно и не дава брзи резултати. Бамбусот не издржа на ладно и преферира температура меѓу 20 и 25 степени. Може да расте како во сад со вода, така и посадено во саксија. На лето растението сака многу вода и е добро да се тура вода два пати неделно. Во зима се полева помалку и тоа само кога површината на почвата е сува. Во периодот на раст, од април до август, бамбусот се храни на секои 2 недели со посебни комплексни адитиви за собни растенија, инаку листовите стават жолти. Во пролетта бамбусот треба да се пресади. Сака да е на светла и добро осветлена просторија. Потребна е висока влажност на воздухот, поради што се најпогодни за одгледување во влажните простории. Во летните месеци може да се држи надвор, но уште пред есенските магли треба да се внесе на топло. Во зима температурата на просторијата не смее да падне под 16-17 * C. Размножувањето се врши преку поделба на коренови издънки ( не знам како е на македонски ), но има и такви кои цветаат и плододават. Соодветната сезона за садење на бамбус е пролет. За да го посадиш во домашна средина, земи широка саксија и подели грмушката. Вкорени го нежно во влажна почва. Добро е почвата да е тешка и прехранбена - 2 дела глина-чимова, 1 дел листен, 1 дел изгорено ѓубриво, 1 дел тресет и 1 дел песок. Судот, во кој се сади да е просторен. За да не пожълтее бамбусот, не го изложувај на директна сончева светлина и внимавај водата да не е силно хлорирана или со висока содржина на флуор. Во таков случај пред да водениш растението, остави водата едно деноноќие да отстои во отворен сад.
И јас дојдов да прашам нешто за бамбусов мој Пред точно една година ми го подарија, досега стварно многу порасна, целиот се разлиста. Убаво го чувам, онака како што имам читано на интернет. Е сега, две ливчиња видов дека почнале малку да се сушат. Сосема мал дел на крајот од листовите, ама страв ми е да не се исуши (затоа што еден бамбус веќе умрев, па ова ми е втора шанса). Не стои на директна светлина (до душа, немаме ни сонце периодов), не е премногу топло во собава, башка до телевизорот ми е ставен (читав дека така повеќе растел наводно). До сега тераше супер, немам ништо сменето во однос на одгледувањето и затоа немам поим што му е...
^ Да не го грее телевизорот? Преоден период од годината е, многу растенија реагираат. Прво со каква вода го наводнуваш? Директно од чешма што е може да му пречи, можеш да наполниш шише и да ја оставиш да отстои некој ден па со таква да ги наводнуваш (ова за сите цвеќиња важи). Ако си во можност најдобра вода е дождовницата, баба ми бидејќи живее во куќа на пример, кога врне си остава садови и после со таа вода ги наводнува цвеќињата. Или пак можеш да зовриеш вода па откако ќе се излади со таа да ги полееш. Ако целото ливче почнува да пожолтува мој совет е тие ливчиња да ги отстраниш, кога имав јас бамбус вака ме посоветуваа.
Не би требало телевизорот да го грее Сега вака кога ќе си размислам, можно е да му пречи сијалицата од аквариумот. До душа, аквариумот е под полицата на која ми стои бамбусот, ама сигурно има влијание. Сестра ми стави појака сијалица пред некое време. Го ставив на друго место сега. За вода, отстојана му ставам + во неа ставам храна за риби (уште една информација од интернетов, за похранлива да била). За ова со дождовницава е добра идеја, следен дожд кога ќе падне, ќе си изнесам кофичиња надвор Ако продолжат ливчињава да венеат, одма ќе ги скинам. Сега за сега само малку се потсушени. Ама пусти страв од претходниот бамбус што ми стана како исушена дојранска трска...
Ептен им влијае вештачка топлина и светлина. Ние имаме една замија во дневна, под ламба ко луда расте, и тоа не ни е некоја јака неонка онаква обична подна ламба. А ја тргнеме на другиот ќош, веднаш престанува да расте.
Јас имам дома драцена, таа е од родот на бамбусот, имам финикови палми...најдов многу интересна статија долга и широка за палмите, прочитав дека многу сакаат влага...над 60% влага, тоа нема како да го обезбедам дома, беа веќе пожолтени лисјата и на драцената и на финиковите палми, али ми текна нешто...им најдов чаре...купив прскалка за коса и со нејзе ги прскам сите цвеќиња секој ден по 2 пати. Финиковите палми ми се кренаа, лисјата добија блесок и здравина, драцената почнаа да се гледаат нови лисја кои сега излегуваат, дури и цвекинјата, кои посочив по горе за помош некој дали знае како се викаат, за да знам како да се грижам за нив, дури тие ми зајакнаа. Еве ова е драцена Сега сите ги прскам, и орхидејата, и алојата, палмите, олеандрите,драцената и сите останати, а ги поливам еднаш неделно со превриена вода.... Така да ако не можеш да ја ставиш во влажна просторија, то тогаш прскај... editracaena sanderiana – въпреки, че е известна като Щастлив бамбук, това растение е член на семейството на драцените. Често се продава потопено във вода и ще расте отлично, стига да сменяте водата на всеки две седмици. Избягвайте силно хлорираната вода, ... или наличието на прекалено пораснали корени. Този вид драцена може да бъде отглеждана и в почва, но за тази цел трябва да се използва почва с високо качество. В някои магазини може да срещнете Щастливия бамбук като аквариумно цвете, но това не е естествената му среда и най-вероятно бързо ще загние.
Со гранче т.е. изданок. Дури да се фати земјата треба да е влажна. Потоа се вади само кога ќе се исуши земјата. Летно време може и повеќе. Сака светлина, ако се остави во темно голема е веројатноста да загини.
Значи можам слободно од страничните подникци да си извадам? А можам ли да измешам хумус или само во обична ровка земја да го ставам? И има ли штета ако се скрши едно „ливче“ Милион собни дрвја имам, за едно алое се уплашив Ама многу сакам, едвај чекам да ги ставам на ред
Мислам дека нема потреба од хумус, сепак е сукулен. Кога сме кај ливчињата сигурно и сама знаеш дека в земја не треба да ти остане ниедно ливче. Па секако долните треба да ги искинеш. Можеш да го оставиш алоето и неколку часа да се потсуши па после да го садиш.
Мхм, фала ти, одамна сакав Алое билка, утре ќе рассадам гранче, на човек како мене никогаш не му е доста од саксии и зеленила Ај сега надвор ги чуваме, ама досега беа дома, нема простор да се движиш, се осеќам ко во прашува, со големи гранки и лисја насекаде, Алоево ќе ми биде најмалото дефинитивно
Имам една орхидеја, убаво цветаше и и паднаа цветчињата, па почна пак да пушта ново гранче. Е сега, почнуваат да се формираат пупки, но пред да се оформат, уште такви мали се сушат и паѓаат листовите се темно зелени и не е на сонце изложена, иако е светла собата... Помош???