^^ Да не им ставаш многу вода ? орхидеите не сакаат мн вода . Јас имам 2 орхидеи , стојат на прозор добиваат многу светлина , одлично си виреат
Саксијата стои во една пластична кутија секогаш полна со вода, така ми рекоа да ја ставам уште кога ми ја донесоа И не е дирекно на прозор, малку потскриена е... Да ја тргнам водата и да ја ставам дирекно на прозор, мислиш тоа не и одговара?
Нема земја во кутијата? Само вода? Пресади ја во саксија, ако можеш во проѕирна, темната боја задржува топлината во саксијата и почнуваат да гнијат корените. Гледај корените да се до ѕидот на саксијата, ако има меки корени, исечи ги со ножица, стави земја во саксијата, но не згустувај пре многу, тие сакаат да дишаат, потоа стави и вода на наредниот ден. Орхидеите сакаат во земјата да има малце струготини од дрво, пепел или јаглен, а дури и стиропор (незнам како е на македонски, мислам дека е исто...она белото беко како топчиња, што се слага во кутиите со кршливи ствари), добро е тоа, затоа што задржува воздух во саксијата и има еден вид циркулација.... Орхидеите се поливаат еднаш во неделата. Една финта при одгледување на орхидеите-парна банја...затни го мијалникот, сврти надолу една чаша и наполни го мијалникот со жешка вода, стави орхидејата на свртеното дно на чашата и остави ја така дури се излади водата, пази да не допре жешката вода до саксијата. Ова се вика парна банја, која многу им се допаѓа на орхидеите. За торенето неможам да ти кажам ништо друго освен едно, затоа што неможам да преведам информацијата од која црпам, и тоа е...изгниени лисја 2 раце се доволни, стави ги во марлја или чорап, стави ја марлјата или чорапот во 4литри вода и остави ги така 1-2 дена да постои во собна температура. Потоа тргни ги лисјата и остави ја водата да постои вака 2 недели. После 2 недели се образува пена, тргни ја и нејзе и филтрирај водата и еве ти течна тор, со која можеш да ја прскаш и самата орхидеја кога е болна. Ова вода е богата на бактерии и микроорганизми, кои се максимално близи до храната, која имаат во нивната естествена среда. Чистење на лисјата...еднаш неделно или еднаш месечно...1.сок од ананас со леко водена крпа полека се чистат и полират лисјата или 2.млеко со вода 1 кон 1 се прска по лијата. Инфо од http://flowersnet.info/a241/orhidei-izi ... tglezhdane
Еве една убава идеја за кактуси. Ова го сликав кај вујко ми, а ваква иста комбинација ѝ направи на мајка ми пред некоја година за 8ми март. Ама едниот кактус ни скапа, бидејќи му стававме вода повеќе од потребното.
Еве го и мојот кактус без боцки. Првенче ми е, засега добро ми оди. На почеток беше само она топчестото во средина, потоа си пушти нови. Сега во план ми е да си набавам некоја помалечка бела орхидеја, многу ми се допаѓа тоа цвеќе иако ми изгледа доста комплицирано за одржување. Се надевам дека ќе ми успее.
Орхидејата воопшто не е комплицирано цвеќе, бара само многу светлина и многу малце вода. Мајка ми обично за време на викенд во саксијата им става вода да поседат пола саат и после водата ја истура. Имаат многу убав цвет и долго им трае, ама многу споро растат.
Поздрав до сите љубители на цвеќенца! И јас се подновив со ново љубимче - Crassula ovata, или уште го викаат Дрво на парите .Спаѓа во групата на сукулентни растенија, има убави месести листови, сака сонце а вода ретко. Летно време може да се чува и надвор, но претходно да се прилагоди на шарена сенка зошто ќе му подгорат ливчињата. После тоа ќе ужива на директно сонце. Прихранување скоро и да не треба. Зимно време се чува внатре. Исто така, се одгледува и како бонсаи дрвце, секако ако имате доволно трпение и вешти прсти! Изгледа вака:
Здраво.Добив поклон кактус од оние што растат мн високо како стуб личи.Е сега јас знам дека се чуваат дома а мене ми рекоа надвор да сум го чувала и да ја тргнам чинијата одоздола да се цедела водата.Ајде ваше искуство со кактусите како ги одгледувате?Што бара во зимо што во пролет лето...
Јас не обожавам кактуси ама имам 20-тина некако лесни ми се за одгледување ептен. Летно време ги чувам надвор на тераса на југ да ги фаќа сонце. Тацните не им ги тргам ама штом ќе ги купам ги пресадувам во земја измешана пола со песок, па брзо се сушат и не ми скапуваат. Ги вадам летно време на 2-3 дена по многу малку вода, а зимно време скоро еднаш месечно. Ако сакаш кактусите да ти цветаат треба преку зима да ги оставиш еден месец без вода (да осетат сушен период) после на пролет или рано лето обавезно ќе цветаат.
Здраво. Јас имам моментално две омилени цвеќиња. Орхидеја и Бамбус. Ме интересира нешто повеќе за одгледувањето. Бамбусот е многу висок и сакам да го скратам. Дали ако го исечам над коренот,ќе пушти нови ливчиња. Читав по сајтови и никаде неможев да ја надам таа информација. Многу е висок и едноставно неможам да најдам соодветна вазна за него. Иначе стои во вода со камчиња. А за орхидејата ме интересира дали ливчињата треба да и паднат еднаш годишно. На моето и паднаа пред еден месец и уште нема потерано. Дали е тоа нормално?? Сакам помош и совет. Ви благодарам
Дали има некој малку поискусен со Anthurium andraeanum на форумов? Јас си имам мака со мојот. Листови колку сакаш, а цветовите само се намалуваат... Го чувам во доволно осветлена соба, до пред некое време го чував на прозор, директно изложен на светлина, па затоа листовите му се во таква позиција (свртени накај сонцето), вода му ставам еднаш неделно, некогаш и на 10 дена, но откако го имам, земјата не сум му ја сменила, само еднаш му додадов пасирана кора од банана за да ја потхранам малку. Не знам каква земја треба да му се стави, дали треба обичен хумус или пак треба да се додаде нешто плус? Во прилог ви праќам слики како изгледа моментално: P.S. Дали може од ова чепче да се развие ново растение? Го чувам во вода можеби еден месец и не скапува, живо е уште, па мислам да го засадам. Дали ќе пушти коренче, што мислите? Еве слика и од него:
Прилично здраво си изгледа цвеќево, ама сега на пролет може да го пресадиш, во саксија малку поголема од оваа. Јас имав исто вакво цвеќе и баш се опрчив скапо го платив... Проблем е што во цвеќариве знаат две работи максимум да кажат 1. Вода еднаш неделно и 2. Да не е изложено директно на сонце...Така почнав да го преместувам за да му најдам погоден простор се додека не се исуши на крај. Сега читкам на српски форуми за одгледување на цвеќиња и таму има баш вистински совети и идеи за „баштанство“ А иначе гледам на темава дека има љубителки на орхидеи па да ви кажам дека во парк има некој цветен фестивал, ништо преамбициозно но трае до утре (недела) и може да се купат поефтини орхидеи.
Здраво, Продавам бенџамин и шефлера во одлична состојба, високи над два метри и стари над 15 години. Цена по договор.
Ова второво е дрво на животот? Јас го имам бајаѓи време и едното никако да ми пркне...нешто не му одговара...можно е да е до земјата гледам ептен му е пресушена.
Сакам да си ставам некое големо убаво цвеќе во дневна што ќе ми трае. Ќе може ли да ми препорачате какво да земам и од каде?
Си сакам собни растенија, а дневни соби обожавам... мајка ми ги внесува зимно време внатре за не измрзнуваат, знаеш од кои?! Од оние "стави и вода, ако имаш Бога"... Инаку, кога ќе бидам јас газдарица, здравје, обавезно собните растенија ќе ми бидат во план
Имам бамбус веќе една година и најдобро ми успева од сите цвеќиња. Ме интересира дали вечно ќе стои во вода или се некако пресадува?