Мислaм декa би билo убaвo дa гo зaсaдиш, мoјoт стoеше целo време вo вoдa и пoсле гoдинa денa се исуши... Јaс сегa зa сегa имaм еднo мaлo кaктусче.
И јаас го имам ова и се мислев истото дали вечно да го оставам во вода....А не знам како би изгледал засаден. Ај сликни кога ќе го засадиш
Денес цел ден висам пред компјутер и донесов друга одлука.. На видеото е прикажано како да го размножувате бамбусот, и пресеков едно гранче се како на видеото, и сега треба да чекам два месеци да видам дали ќе пушти коренчиња, и дали нема да ми се исуши големиот... Се надевам дека ќе добијам два... Или ќе останам без ниеден
Девојки успешно е... Значи и малото пушти жили.. Инаку истото го направив и на бамбусот кај најка ни и таму пуштило жили.. Значи за месец дена добив дба бамбуси...
Ова растение никако директно на сонце немојте да го ставате, затоа му паѓаат цветовите и се намалуваат. Него му одговара светлина, ама не директна и тогаш совршено се развива. Јас имав прекрасен Антуриум со огромни листови и црвени цветови, лани пролетта го извадив на балкон и го заебав засекогаш, сите цветови му паднаа и никогаш повеќе не процвета. А предходно го држев до прозор, не директно на прозор туку на ѕидот до прозорот, доволно имаше светлина, а не гледаше во директна.
Јас го пресадив во поголема саксија со поголема количина на азотно ѓубриво и го изнесов надвор, демек фотосинтеза. Листовите почнаа да пожолтуваат и да поцрвенуваат (најверојатно од презаситеноста со железо и други минерали), па го тргнав под сенка и сеуште стои надвор. Ќе го внесам во соба и ќе му ставам и течно ѓубриво во минимални количини, па се надевам дека ќе се опорави, зашто сега е во жалостна состојба. На цветови не се ни надевам повеќе.
Ти верувам. Мојот Антуриум беше преубав нон стоп цветаше такви јадри и дебели цветови даваше во текот на зимата. Кога го изнесов надвор на балконот завршив работа од малце сонце што го фати. Пробував да го оживеам ама безуспешно, само полуовенати листови останаа ниеден цвет немаше. Го пресадував и чуда правев, ама никако, на крајот го откорнав и фрлив за да не се нервирам. Исто така ја заебав и спатифилиумот. И него го изнесов надвор и сонцето му пресуди, листовите потемнеа, а цветовите ги снема... Ништо, подобро купи нов, не верувам дека ќе го опоравиш... :/
Моментално имам само едно - црвена кала и си ја пресадив во убава саксија и ми стои на трпезариската маса. А сега сакам и дрво на животот и алое билка да си земам.
Имам пет кактусчиња околу кои веќе втора, трета недела ми се збираат мушички многу мушички. Што им е проблемот? Многу влага ли им се собира после еднаш во месецот наводнување и малку средство за потранување...до средството ли е? Да ги пресадам ли? Ќе се оправат ли? Живи ли се? @Viktorijaaa5 Инаку... Мајка ми им сипала некое средство за потхранување, ама не видов колку и каде..се надевам не ставила врз стебленцата. Ми збореше пред некој ден, како, сува им била земјата требала да им сипе вода
Како ти изгледаат? Како овенати или свежи се? Пресади ги во нова земја измиј ги коренчињата и остави ги да се исушат.Еднаш месечно ставај им прехрана само,мали се и не им треба многу влага. И нека бидат во помали саксии,кактусите немаат потреба од многу голем простор за растење Немора да е и месечно за вода провери кога ќе е земјата скроз сува како прав тогаш им стави
Ќе ги пресадам и помалку квасење. Ќе видиме што ќе биде. Живи се инаку, немаат сменето боја, ништо такво. Тенкју. Се надевам ќе исчезнат мушичките ц.
cveketo pocna na listovite da se zasusuva,neznam sto da mu pravam,ako nekoj ima isto,da mi kaze kako go odgleduva?
Имам мало стебло бамбус кое го зедов минатата недела но од пред 2-3 дена почна од горе надолу по стеблото да пожолтува и еве денес веќе половина од стеблото е жолто па сакам да прашам дали тоа значи дека се суши и што треба да се направи за да може да се спаси?
Многу сакам орхидеи па се решив да си купам..ќе може ли да ми каже некој откако ќе купам колку време треба да стои во вода? Кога да ја пресадам и како да ја одгледувам?