Кај нас го знаат како украсна детелина. По цвеќари немам сретнато досега, јас имам вакво меѓутоа многу се нежни како растенија бидејќи ако не му се условите погодени одма се суши, а ако му се тогаш на два-три дена пушта нов лист. Прашај по комшивки, роднини, така побрзо ќе најдеш или во поснабдени цвеќари.
Дали ова е собна палма ? Ја добив на поклон пред недела дена ама многуу виткани конци почнаа да и се појавуваат ? Има некој ваква палма да ми каже како да ја одгледувам? Фалааа
Дефинитивно Sansevieria Trifasciata , не бара посебен третман и полека со наводнување. Воедно може дури и во спалната соба да ја сместиш со оглед дека, за разлика од повеќето растенија, во текот на ноќта испушта кислород. И немој да ја купуваш од цвеќара пошо ќе те репнат, иди си на пазарче Sansevieria Cylindrica според мене е прекрасно растение, кое исто така опстојува во темни услови. Исто така, и Драцената (Janet Craig) е убаво растение за дом каде нема доволен извор на светлина, но сепак постои разлика во однос на нејзиниот развиток. Пузавец (Pothos) обичен или неон боја, ем брзо се размножува ем го прочистува воздухот. Палма (chamaedorea elegans) до сега најдобро се покажала во било какви услови, но за неа е потребна зголемена влажност на воздухот, или барем редовно прскање на листовите. Бамбусово стапче (Lucky Bamboo) кај и да го ставиш ќе си вирее, сепак треба да се внимава многу на водата во која опстојува или навадува, најдобро со флаширана, бидејќи нашава вода е премногу тврда. Chlorophytum comosum или Spider Plant е исто некој вид на пузавец, кој многу убаво стои во висечки саксии, бидејќи формира мали растенија како снегулки. Исто така и пеперомија, аглаонема, дифенбахија, замија итн. Во глобала тие се тие, али мој совет во летниот период убаво е да се извадат надвор на балкон под сенка, секако, не директна светлина, бидејќи било кое растение сепак си бара одреден извор на светлина.
Купив ќерамички мали сакции за кактуси, арно ама немаат дупчиња. Дали е во ред и нема да им штети да ги пресадам во нив иако немаат дупчиња?
Од лично искуство те советувам да не го правиш тоа. Со сигурност ти кажувам дека коренот на кактусот ќе почне да скапува и после нема оправање. Секоја саксија мора да има дупки за дренирање на водата, а воедно и да се овозможи аерација на самите корења. Наместо, можеш, пластичната саксија во која е насаден кактусот да ја вметнеш во керамичката. И секако внимавај на наводнувањето, поубаво е да заборавиш дека постојат
Чувам бамбус во вода веќе 3 години. Водата не ја менуваме туку само додаваме 1-2 пати неделно. Не вода која што е директно од чешма, туку устоена. Има околу 80 cm можеби и метар, треба да го измерам. Во цвеќара ми кажаа понекогаш и малку шеќер во водара добро би му дошла, но одамна не сум ставила. Во просторијата зимно време температурата е од 17 (ноќе) до 276 степени (преку ден). Бамбусот е супер и горе има две гранчиња со листови. Е сега имам прашање. Од многу арно, никнал нов никулец. Односно на големиот бамбус од страна ниско има ново гранче високо околу 20 cm. Дали треба да го скршам тоа за посебно да си расте и да не му ја зема силата на големиот или да стои така . Барав по гугл, но не најдов ваков пример. Се надевам ќе се најде некој одговор од полза.
Можда е доцна веќе, ама има бамбуси во Бриколаж околу 150-200 ден. е парче. Имаш и аранжмани од повеќе бамбусови стапчиња исто во Бриколаж и Green Planet кај АБЦ тениското, мислам дека од 400 до 600 се движи цената.
Јас имам прашање, мислам дека ја погодив соодветната тема за да прашам. Палма која почнала да се суши, како можам да ја вратам во живот?
Вие што имате спатифилум, ви цвета ли? 2 год го имам и не ми е цветало никогаш. Имаше повеќе коренчиња, ама го чував во дневна и оваа зима ми се исушија и само едно остана. Го ставив во купатилото на влага и гледам си потерало убаво. Ама никако не сака да цвета. И уште нешто. Предлог цвеќиња кои сакаат светлина?
Мојата беше надвор пред неколку год. не ја покрив да ја заштитам и ми се исуши. Чекав многу време, но не се поврати за жал. Купи си нова, најдобро така.
Предлог за собно растение за поклон? Да не е многу нежно за одгледување па да се уништи после подарувањето Собата има еден прозорец така да не е многу сончева.