Совети за идеална шминка за фотографирање

Дискусија во 'Лице' започната од LaraSolare, 19 ноември 2015.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.609
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам за да си даваме совети и трикови за шминка која ќе биде подложна на фотографирање, без разлика дали се работи за невеста,табло,туѓа свадба,матура.Многу е непријатно на такви значајни моменти од животот, кога ќе се погледнеме на фотографии да не изгледаме исто толку убаво и гламурозно како што сме изгледале во живо.

    За жал и на врвни мејк ап артисти им се има случено да потфрлат на ова прашање, сите имаме видено огромен број фотографии од познати ѕвезди, каде што им се гледаат бели траги од транслусцентна пудра, ''дух изглед'' или "cakey" изглед, па така и да решите некој друг да се погрижи за вашиот изглед, место вас, никогаш не сте на сигурно каков ќе биде исходот.Најголем виновник за ваквиот изглед нормално е блицот.

    Па ајде девојки да си дадеме совети што да се употребува , а што да се избегнува, photo friendly козметика која ни оставила впечаток и така натаму:)

    Ќе почнам јас прва, што од свое искуство, што од истражувања што сум правела по интернет :)

    1.Правилна подготовка на лицето за шминкање
    Се препорачува да се направи ексфолијација/пилинг на кожата со цел да се отстранат мртвите клетки и лицето да биде убава мазна подлога за понатамошно разубавување.Исто така многу е важно подлогата/кремата за шминка да не содржи SPF(заштитен фактор за сонце) или истиот да биде низок.

    2.Избор на пудра
    Kога сме кај SPF исто така треба да се внимава и колку заштитен фактор содржи пудрата која ќе ја употребиме.Се препорачува да не содржи воопшто, затоа постојат и оние HD пудри кои воопшто не се забележуваат на камера а прават лицето да изгледа перфектно(вакви пудри се познати меѓу звездите и го даваат оној совршен холивудски изглед). Некаде прочитав дека се препорачува за фотографии да не се користи пудра со SPF повеќе од 15, ама јас од сопствено искуство можам да кажам дека тоа е премногу и се добива оној изглед каде што си бел во лицето особено на професионални фотографии со блиц.Според мене без или со помал SPF најсигурно.Доколку вашата пудра содржи титаниум оксид и цинк оксид(состојки кои штитат од сонцето) има големи шанси да изгледате како дух на фотографиите.(види фотографија) APW_00342.jpg

    3.Внимателно со коректорите
    При работа со коректори, особено во пределот под очите , за да се избегне прикажувањето на два бели полукруга под очите, пожелно е да се измеша коректорот со малку пудра доколку е значително посветол, исто така да се изблендира до совршенство.Користењето на најголем број на бели транслусцентни пудри(види фотографија 5642247520_24c6000836.jpg ) може уште повеќе да го влоши тој ефект и се препорачува да се избегнуваат(иако постојат на пазарот и такви за кои се тврди дека добро изгледаат на фотографии).

    4.Мат изглед за подобар ефект на фотографии
    Мат руменила,бронзери,сенки,пудри кои давтаат мат ефект се сметаат за најдобар избор доколку планирате да се фотографирате.

    5.Избегнувајте премногу светли и пастелни бои на сенки VS појака шминка
    Познато е дека на фотографија боите не се толку интензивни, поради тоа премногу нежен избор на бои, може на слика воопшто да не се познава дека има сенка и да допринесе за уморен,избледен изглед.Бидејќи се намалува интензитетот на боите на слика, поради појако светло од блицот, се препорачува да не се плашиме да се нашминкаме целокупно(руменило,контурирање)појако од обично, се разбира сепак да изгледа убаво и да не се претерува.

    6.Контурирање на лицето
    Се смета дека контурирањето на лицето е must при фотографирање.Поради јакото светло од блицот, без контурирање на лицето, природните контури на лицето нема многу да се познаваат и лицето ќе изгледа како рамна површина.Контурирањето се препорачува за давање на убав тродимензионален изглед на лицето на фотографии и нормално се препорачува користење на мат бронзер за контурирање.

    7.Хајлајтери
    Се смета дека мала доза на хајлајтер (пример онаа линија над образите) изгледа убаво на фотографии, за ова не можам да кажам од сопствено искуство, бидејќи не користам многу време хајлајтер и не сум имала прилика да се фотографирам, но судејќи според иљадниците фотографии на инстаграм на девојки со хајлајтер, мене премногу ми се допаѓа како изгледа.

    8.Усни
    Користењето на моливче се препорачува за дефинирање на усните.Исто така се смета и сјај за усни над карминот дава прекрасен и здрав изглед на целото лице.Мене лично не ми стојат сјајни кармини, но имам пробано кармин со сатенски ефект прекрасна замена за мат кармини, изгледа мат, а сепак некако здраво и природно.

    9.Капки за очи
    Доколку не сте премногу толерантни и навикнати на шминка и имате осетливи очи кои добиваат заматен изглед или се вцрвенуваат се препорачува користење на капки за очи.

    10.Вештачки трепки
    Доколку имате пократки/ретки трепки се препорачува дополнителна поддршка со вештачки, може тоа да изгледа сосема природно со додавање на оние по неколку влакна на надворешниот агол од окото, ова е особено важно доколку вашите трепки не се многу забележителни и во живо, на слика ќе бидат уште помалку.Да не зборуваме колку поубаво и поотворено изгледа окото и колку се додава на гламурозност и драматичност на целиот изглед.

    11.Отстранете ја вишокот маснотија од лицето, доколку вашата кожа има тенденција да се масти по извесно време(никогаш не се сликајте со масна Т зона, изгледа ужасно на слики) со помош на тапкање на марамчиња за таа намена или едноставно со хартија, но немојте да користите други движења за да не ја избришете шминката.

    *
    Estee Lauder Maximum cover има spf 15 и мене лично ми изгледаше екстремно бело на слики, за да ја корегирам ставам Max factor creme puf камена пудра.Иако се смета дека пудрите во прав на слики изгледаат поубаво отколку камени,лично убав впечаток ми има оставено и оваа камена.
    *Make up forever HD powder транслусцентната пудра ми се прикажува како бела на слики и не ја препорачувам ако планирате да се фотографирате иако вака во живо убав ефект дава(на слики мислам дека поубаво изгледаат пудри во прав со жолтеникава пигментација отколку овие бели)
    *Мake up forever HD Fondation e пудра која е премногу фалена од врвни мејк ап артисти и заинтересирана сум да ја пробам.Што сум гледала фотографии изгледа преубаво, како природно лицето да ти е толку чисто и убаво.Доколку некој има искуство со неа убаво би било да сподели.

    Доколку имате други совети, а особено работи што треба да се избегнуваат, слободно споделете девојки :)
     
    Последна измена: 19 ноември 2015
    На КикиМаус, buttercup5, jovanovska94 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Ги имам испоробано скоро сите пудри на нашиов пазар (а и пошироко) и можам да кажам дека најсовршено на слики изгледа оваа пудра:
    [​IMG]
    Не се познава воопшто, а лицето е како фотошопирано.
     
    На КикиМаус, jovanovska94, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.609
    Пол:
    Женски
    А иста ли покривност има како обичниот ревлон? :)
     
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    17.438
    Супер тема :)
    Инаку кога сме кај пудрите искрено овде не сум читала рецензии за пудрите на Аура, но случајно ја купив и морам да кажам дека сум презадоволна од истите. Конкретно за Aura cover me, покривноста е неверојатна и мислам дека одамна не сум била така задоволна од пудра, затоа што или премногу ке ми е мат или многу течна па никако не можев да најдам баланс. Штета што не можам да ставам слика затоа што изгледа предобро на лицето, го изедначува тенот, дава природен и мат изглед. Дури изненадена сум колку ми изгледа убаво лицето на слики. И за смешни пари е навистина, цената и се движи од 330 до 400 денари а презадоволна сум, очекував за тие пари послаб квалитет ама се излажав. Топло препорачувам, на камера лицето - стакло.
    auracoverme103.JPG
     
    На КикиМаус, jovanovska94, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Да, повеќе покрива и потрајна е. Само не е мат, има како светки во составот.
     
    На jovanovska94, koritsaki, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. blondie100

    blondie100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како да да носам вештачки трепки како тука а моите да не се гледаат? Јас имам трепки прави надоле се и со виткач за трепки не можам никако да ги оправам и кога ќе ставам вештачки моите доле се познаваат, глупо изгледа :(
     

    Прикачени фајлови:

    • download (6).jpg
      download (6).jpg
      Големина на фајлот:
      580,6 KB
      Прегледи:
      63
  7. pashe2004

    pashe2004 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Да ми препорача некој крем за околу очи, во последно време така дости сини дамки околу очи имам.
     
  8. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Пробај со кокосово масло, мене барем ми ги среди капаците и подочниците. Многу мал количина се става, како пола зрнце грашок. Протриј меѓу прстите и нанеси насекаде околу очите. Плус ненормално големи трепки ќе добиеш.
     
    На КикиМаус и pashe2004 им се допаѓа ова.
  9. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Подолго чувај го виткачот и откако ќе ти ставиш вештачките трепки стави маскара, на видеата секогаш ставаат.
     
  10. blondie100

    blondie100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски

    Да, така и правам, но после 2,3 минути веднаш се спуштаат и исправуваат природниве трепки.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    51.932
    Пол:
    Женски
    Прво ќе ставиш минимална количина само на врвовите на трепките (откако ќе ги извиткаш). Остави малку да се потсуши, и потоа нанеси на целите трепки, ама повторно мала количина. Што повеќе маскара им ставаш, толку повеќе стежнуваат и се исправуваат. Со нова маскара обично е проблем, откако ќе ја користиш некое време полесно се нанесува помалку и трепките стојат навиткани.
     
    На blondie100 му/ѝ се допаѓа ова.