Еве една тема што се надевам дека ќе им биде корисна на сите идни студенти. Во темава може да споделуваме искуства за работи што треба да се направат или купат пред тргнувањето на факултет. Особено за студенти што ќе одат да студираат во друг град и при тоа ќе живеат во студентски дом или стан,но и за оние другите што остануваат да студираат во својот град. Кои работи се неопходно потребни,кои може да се купат подоцна и како да се избегне непотребно трошење? Општо темава нека биде за работи кои сте посакувале да ги знаете пред да тргнете на факултет и за тоа како да извлечеме максимум од ова ново искуство.
Од моево 4-ри годишно студирање можам следниве совети да ги дадам 1. Еден голем тефтер поделен на неколку дела за забелешки фаќање обавезно , полесно е псле кога ќе се листа низ материјалот 2. Наоѓајте скрипти , ем се смалени ем иста е содржината но извлечено е најбитното 3. Гледајте што е можно повеќе од предметите да ги давате на колоквиуми , што нема да стигнете гледајте во јунска сесија да исчистите да не ве боли глава цело лето да се замарате 4. Оцени земајте во декемвриска или јунска сесија обавезно , зошто се случува и да си отиде некој професор или во пензија , на др работно место , или пак да е на некое патување па да не можете да го најдете , па скраја да е да ви пропадне и предметот да го преполагате после 5.За таксена марка најефтина провизија ви е во ТТК Банка 25 ден , во пошта е 35 ден по другине банки стига и до 50 ден 6.Може уплатите за таксена да ги извршувате и преку тел ама некогаш на студентски прават проблем 7. Обавезно проверувајте дали сите оцени ви се внесени во електронско досие ! Во случај да изгубите индекс , пријавите во студентски по дифолт фалат ,ова ви е доказ за положен предмет , во спротивно ако нема ни едно од овие двеве пак си преполагате предмет 8.Обавезно да си заверувате / запишувате во дадени датуми да избегнете казни што се движат од 500 па до 1000 ден 9.За секое зимање на оценка ви треба пријава за испит и уплатница 10. За секој испит е потребно горе наведеното 11. Правете семинарски , есеји и библиографии , така собирате бодови за поголема оценка 12. И ако не и најбитно посетувајте ги предавањата ! Од нив највеќе се учи после многу полесно ќе ви биде за полагање , и се разбира плус бодови од присуство што влегуваат во висината на оценката Дружете се , само претпазливо бидејќи има многу што ќе сакаат лесно да си поминат па ќе ви се закачат ко стеници на грб додека не си положат ,давајте материјали на тие што ви даваат и на вас И на крај уживајте во овој период , искористете го до максимум , бидејќи овие се најубавите години и најнезаборавните дружења се случуваат токму на факултет Со среќа и со лесно нека им е на сите Бруцоши
Јас би сакала да прашам некоја од студентките кои отишле да студираат во Скопје од друг град или оние кои живеат во Скопје. Нешто повеќе за Скопје како град за живеење. Јас сум од Битола и последно време слушам некои совети, искуства, мислења како Скопје бил многу опасен за млади луѓе ( особено женски ), конкретно за регионот околу ПМФ се случувале тепачки, силувања, професорите не дозволувале студентите да бегаат сами, туку групирани во групи за да нема такви инциденти. Не ми влијае врз одлуката да се запишам на ПМФ но би сакала да слушнам и ваши мислења и искуства за тоа како се снајдовте и кои нови навики ви ги наложи градот Скопје од страна на безбедност и такви работи
Блек ангел одлично го опишала делот со факултетот. Да додадам уште нешто -Не се опуштајте премногу и не споделувајте информации со секој за вашето живеалиште,посебно ако сте од друг град. -Внимавајте со колегите,некои ќе ви станат пријатели за цел живот,а некои душмани кои ќе ја минат годината преку вас. -Слушајте на предавања и никогаш не се замерувајте со професор.Колку и да сте во право,молчете,бидејќи според мое искуство,можат да ве земат на пик и да дипломирате после 10 години. -Освен журки и шетање,организирајте си го времето и за учење,не оставајте се за последен ден. -Уживајте и пробувајте нови нешта,но внимавајте да не навлезете во лоши друштва. За живеењето во стан и трошењето,ова општо не само за оние што студираат во Скопје. -Гледајте да најдете стан поблизу до факултетот и пешачете,ем да не се мачите со автобуси,ем да не плаќате за такси. -Кога ќе одите да го гледате станот внимателно распрашајте се за месечните трошоци околу струја, вода,греење, одржување на влез во зграда, интернет и кабловска, бидејќи тоа се најчестите трошоци кои ќе мора да ги подмирувате месечно За интернет и телевизија препорачувам Близу,барем за нас супер испаѓа,10 месеци студентски интернет па престанува договорот и може да се обнови следната академска година -Ако живеете со цимери,да се има ред во извршување на обврските,за примањето на гости и слични детали.Правете дневни календари,и решавајте проблеми со компромис,а не со лутење или расправија. --Кога пазарувате за храна,одете во големи супермаркети,најубаво за 1 или 2 недели количина,поевтино е,а има и доста промоции на интересни производи -Не ги потрошувајте парите што ви ги праќаат уште првата недела,секогаш може да излезе ситница за која ќе бидат потребни.Правете список на работи што ви се потребни и колку пари за сите трошоци за да си имате увид што ќе остане настрана. Нека ви е со лесно и се најубаво во студентскиот живот,тоа се денови кои не се забораваат...
За учењето: Учете навреме. Уште подобро, внимателно следете ги предавањата, ќе впиете тогаш и после ќе ви биде полесно кога ќе дојде време за учење. Не одложувајте го учењето до последен ден, за една вечер нема да успеете да го совладате материјалот а вие ќе се исцрпите. Не ни помислувајте на препишување. Факултетот не е средно. Бидете дел од дебати и дискусии. Дополнителната литература е голем плус. За односот со колегите: Бидете љубезни кон нив, дружете се и излегувајте им во пресрет кога имаат потреба од ваша помош. Не ги игнорирајте кога ви бараат литература или ве прашуваат за нешто поврзано со испитот, материјалот за учење и слично, во поглед на тоа, сите треба да си помагаат едни на други. Секој има потреба од другиот, студентот не може да функционира сам и независно. За односот со професорите: Бидете опуштени, поздравувајте ги, покажете заинтересираност на предавањата но и посетувајќи ги во термините за консултации доколку нешто не ви е јасно или ви треба дополнителна литератира.