1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за паметен шопинг

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ocila, 29 јуни 2013.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Доколку има иста тема....се извинувам :bow:
    За да не ве понесе повторно шопинг грозницата и за грешките во купувањето да бидат поналку, ви донесуваме правила за паметен шопинг за кои треба да се држите.
    - Секогаш кога купувате ново парче облека, размислете со што од вашата гардероба можете да го комбинирате.
    - Не купувајте премногу парчиња облека со слична боја.
    - Никој нема да забележи десет различни црни маички.
    - Одредете колку ќе потрошите и држете се за тоа.
    - Не купувајте гардероба само затоа што е на распродажба. Размислете дали тоа навистина ви треба.

    - Немојте да го купувате она што веројатно никогаш нема да го облечете. Нема смисла да купувате свечен фустан и да чекате посебна прилика за да го облечете. Подобро причекајте некој важен настан и купете наменски.
    - Водете сметка дали новото парче ќе може да ги преживее модните промени или дали ќе може да се вклопи со новите стилови и трендови.
    - Доколку нешто навистина ви се допаѓа причекајте неколку дена и ако и после тоа размислувате за тоа парче облека, тогаш купете го.
    - Купувајте од понеделник до петок, а не во викенд. Продавачите ќе имаат повеќе време за вас, а и вие самите нема да бидете под притисок.
    - Држете го својот орман уреден, бидејќи повеќето луѓе забораваат што имаат.
    - Купувајте квалитетна и класична облека која може да издржи повеќе години и која ќе ги преживее трендовите.
    ------------------------------------------------------------------
    Може да се облечете и за мали пари
    Ако имате мал буџет не значи дека не можете да бидете модерни. Кога има распродажба можете да најдете мошне интересни креации кои одлично ќе се вклопат во вашата гардероба.

    Иста облека може да се носи и во различни прилики
    Кога купувате определена облека размислете за сите можни комбинации во кои што можете да ја носите. Доколку немате барем три различни идеи уште еднаш размислете дали таа облека воопшто се вклопува во вашиот стил.
    Облекувајте се согласно приликата, но и според чувството
    Ако се чувствувате заводливо, тогаш облечете се така. Тоа не значи дека треба да покажете се, туку да пронајдете парче облека кое ќе ја истакне вашата заводливост.
    Облекувајте се уникатно
    Правете се за да изгледате поинаку. Тоа вклучува забавна облека во весели бои надополнета со многу стил.
    Не морате да бидете совршени од глава до пети
    Се разбира дека треба да сте уредни, но тоа не значи дека секогаш треба да сте на висока потпетица. Одлично ќе поминете и во спортски и лежерен стил.

    Фустаните не се само за вечерни излегувања
    Многу мажи се одушевени од жени кои и преку ден носат фустани. Еднаш кога ќе се навикнете на фустаните се е поедноставно и попрактично.
    Прилагодете ја облеката на своето тело
    Истакнете го најдоброто, а сокријте го најлошото. Ако немате инспирација, земете ги за пример ѕвездите и нивниот стил и обидете да изберете нешто што ќе ви прилега.
    ----------------------------------------------------------------------------------
    СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ ГРАДНИК
    Вистинска големина
    Вистинската работа која треба секоја жена да ја направи е да го измери обемот на градите на две места, таму каде што се најголеми градите и веднаш под градите. Дури и 85% од жените не ја знаат големината на своите гради, па носат погрешна големина на градници. Бројот на гардникот е еднакво важен како и бројот на чевлите. Големината на градникот може да се смени во текот на бременоста, менопаузата, пубертетот, со вежбање, а со тоа и промена на телесната тежина, што подразбира и промена на гардникот. Кога тежината ќе ви варира горе или долу за 10%, време е за нов градник.
    Позицијата на градите
    Кога ќе го пронајдете вистинскиот градник, важно е да изберете градник кој обезбедува поддршка на градите, но и да одговара на позицијата на телото. Градите треба да стојат на висина која е на средината помеѓу лактовите и рамената.
    Прилепен за телото
    Градникот треба да биде цврсто залепен за градите, иако некои жени уживаат во опуштена форма. Ако е премногу широк градникот, градите во него ќе се поместуваат, може да се врти, а вие нема да се чувствувате пријатно. Затегнатоста подразбира додека е на вас, можете да ставите два прста помеѓу него и вашето тело во висината под градите.
    Еластичност
    Повеќето градници направени се од флексибилен материјал. Во текот на времето, еластичноста ќе попушти и најверојатно ќе се растегне. Вистинскиот гардник е оној чија големина ви одговара и кога еластинот е максимално растегнат и закопчан на последното копче. Подоцна, кога малку ќе се растегне, можете уште некое време да го подесувате на копчињата.
    Модел
    Иако не влијае многу на поддршката, градникот е кроен за убав изглед на вашите гради. Во зависност од различните модели, градите ќе изгледат полни или подигнати. Многу жени избегнуваат градници кои се со пресечен крој затоа што мислат дека се одсликува преку облеката, но ваквиот модел им дава поубав облик на градите.
    При купување одете во облека што ви одговара
    Иако купувате нешто што се носи под облека и самите сте свесни дека повеќето работи што ги носите потребен ви е соодветен модел на гардник. Затоа, кога ќе одите на шопинг, изберете деколтирана блуза или фустан од тенок материјал или некоја кежуал облека која е потребна при изборот на градникот. Така најубаво ќе видите дали сте го пронашле моделот што ви одговара и со кој вашите гради и облека изгледаат прекрасно.
    Градник без прерамки
    Градникот без прерамки исто така треба да биде цврсто залепен за телото, посебно затоа што нема додатна поддршка. Ваквите модели обично имаат силиконска лента која спречува „паѓање“ на градникот.
    Бирајте квалитетни градници
    Можеби ќе потрошите многу пари, но купувањето на кавлитетен градник ќе ви се исплати за подолго време. Повеќето жени имаат потребата да носат гардник кој што им одговара и добро ќе им стои. Квaлитетниот гардник ќе трае многу подолго.
    Следете го упатството за одржување
    Правилното одржувањето на гардникот ќе овозможи подолго да трае. Перете го рачно или користете програма за перење на чувствителна облека.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Секогаш го купувам тоа што ми треба. Секое парче гардероба ми е облечено повеќе пати. Секогаш гледам тоа што ќе го купам да ми одговара со дел од гардеробата што ја имам дома.