1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за паметно пакување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Umbrella22, 28 јуни 2013.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Ако темава е дупла.. клуч :)

    Верувам дека секој од нас има проблем со пакувањето кога патува, колку и да правиме листи и списоци секогаш забораваме по нешто.

    1. Колку да спакувате

    - Запомнете ja eдноставната формула за паметно пакување: за секој долен дел понесете три горни. Поверојатно е дека не ви пречи да ги облечете истите панталони или сукњи по неколку пати, па за секое вакво парче изберете три можни комбинации. За просечен одмор доволни се едни долги и едни кратки панталони со по три варијанти на маички или кошули и еден фустан. Изберете го она во што се чувствувате најдобро за да не го вратите необлечено.
    - Доволни ви се едни патики, едни ниски сандали/апостолки и едни штикли/поелегантни чевли. Две пакувате, а со едни патувате.
    - Внимателно изберете ги комбинациите на бои и не пакувајте обувки и ташни што не одговараат со облеката што ќе ја понесете.
    - Не заборавајте да ги искомбинирате и работите што ги носите за секој случај. Ако залади нема да ви се најде џемпер што никогаш не би го облекле со фустанот што го спакувавте.

    2. Што да спакувате
    - Изберете облека што може да се носи во различни ситуации. Летото е идеално за тоа - долгите сукњи, фустани и туники од лесни материјали може да се носат и на плажа и на ноќни забави. Понесете маички што ќе ги искомбинирате и со сукња и со шорцеви и со панталони/фармерки.
    - Наместо неколку фустанчиња, понесете само едно или две и надоместете ја разноликоста со детали како накит и марами.
    - Најважно е да понесете облека што не се пегла и бои или материјали на кои флеките не се познаваат и/или лесно се отстрануваат.

    3. Како да пакувате

    - Наместо вообичаеното диплење, пробајте да ја мотате облеката во ролни.
    - Облеката од понежни материјали виткајте ја од внатрешната страна заедно со друго парче.
    - Чевлите ставете ги први во делот кај тркалцата на куферот. Наполнете ги со ќесички накит или чорапи за да заштедите место.
    - Над нив наредете ги другите потешки работи како полните несесери. Вака добивате стабилен куфер што нема да мора да го држите секогаш кога ќе подзастанете.
    - Ако пакувате каиши испружете ги по крајот на куферот, вака зафаќаат помалку место.
    - Најситните нешта оставете ги за на крај и со нив само пополнувајте ги празнините, ќошињата и џебовите на куферот.
    - Потрудете се да оставите барем малку место во случај да си купите нешто што ќе треба да се спакува на враќање.

    4. Не заборавајте!
    - Направете си список од најважните нешта, како и од ситниците што инаку ќе треба да ги купувате таму, па проверете дали сте ги спакувале:
    * Неопходните нешта како пасошот, парите/картичките, билетите и потврдата за платена резервација, очилата или леќите, апчиња за главоболка и дијареа...
    * Она што сакате да го носите, а не може да го купите таму: апарат, камера, полнач за телефон и фен. Не заборавајте да земете батерии.
    * Несесер: четка и паста за заби, стик/дезодоранс, ханзапласт, чешел.
    * Во ташната со која ќе патувате ставете ги антибактериските марамчиња, очилата за сонце, лабело и лосион со заштитен фактор, мапа или водич за местото што го посетувате, како и точната адреса каде ќе престојувате.
    * Задолжително понесете си нешто за грицкање и пиење за да се освежите по пат и не заборавајте да си земете книга.

    [​IMG]
     
    На kjukli, jolo, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Браво Чадорче, ни фалаше таква тема на форумот :)
    Мене многу ми се допадна.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Сум пробала алиштата да ги диплам и да ги мотам во ролни и дефинитивно во ролни зафаќаат многу помал простор. Чевлите обавезно одат најдолу :lol: и секогаш гледам со мене да имам ханзапласт и лекови, покрај другите неопходни работи за лична хигиена. Кој си носи, не проси :D
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не сум пробала да ги моткам во ролни, зарем не се гужваат така :)
    инаку и јас обавезно си носам цела аптека :D обавезно здраствена книшка, лична карта, најважните броеви :)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Се обидувам да се спакувам секогаш во едно куферче, иако задолжително се мавта уште една помала рачна торба или ранец со мене.
    И секогаш мислам дека - не носам доволно, а на крајот излегува дека носам и повеќе од потребно.
    Најмногу место ми зафаќа козметиката и шминките, значи ние жените сме ужас за тие работи, ама што да оставиш, ајде?
    Цел несесер шминка, шампон, маска/регенератор, гел за туширање, млеко/лосион за тело, дезодоранс, парфем, марамчиња, тупфери, памуци, отстранувач за шминка, крем за лице, тампони/влошки, средства за сончање, за после сончање, ацетон, лакови, чуда, четка за коса, леле ми се темни значи! :devil:
    Се нервирам, ама не можеш ништо да изоставиш, што ако ти притреба нешто?

    А сум рекла - а се пакуваш за 3 дена, а за 10 исто ти се фаќа, секогаш треба да понесеш се`.

    Најголема грешка правам со чевли, земам најмалку 3 пара, а на одмор си киснам во апостолки, не знам зошто упорно секоја година го правам ова. :^) И со чанти, носам 2-3, а користам една, или ниту една.

    Тргнувам уредно здиплена, а се враќам во тотален хаос. Седнувам на куферот и молам бога да се затвори патентот.
     
    На fashion.owl, rossonerka, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    И јас исто мислам дека се гужваат уште поише кога се мотаат во ролни, посебно кошулите и некои фустани кои не сакаме да ни се згужваат.
    Јас па викам кондурите никако најдоле, јас секогаш си носам посебна торбичка, или некоја голема ќеса каде си ги ставам сите папучи, сандали, и штикли што ги носам полесно ми е така за снаоѓање, не треба уште од прв ден да ги разроварам сите работи од куфер.
    Башка најмногу место зафаќаат штиклите, непотребно според мене за во куфер.
    Јас најдоле ги ставам пешкирите и пижамите, најодозгора несесерот со козметика.
    Плус посебен ранец со храна за по пат, јас и до Охрид кога идам ко за инат ќе ми се пријаде по пат, ко бебе сум, знам.
    Али посебно за долги патишта обавезно носам храна и ако ми остане првиот ден си дојадувам се што имам :D
    За аптеката е задолжена мајка ми не ни знам што ми става, али вечно претерува.
    А и обевезно си носам едно мало новчаниче со по едно апченца во торбата со мене, за по пат кафетин, аспирин, за повраќања, за пролив итн, за не дај боже за по пат.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Браво чадорче зза темава :clap:
    Многу ќе ни помогне :)
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Пред одење на одмор јас се спремам цела недала. |( :D , а се пакувам вечерта пред поаѓање.

    Прво двојам гардероба што мислам дека ќе ни биде потребна, ја перам, пеглам и ставам на закачалки да не се гужва.
    Обавезно имам и список со ставки
    -гардероба и обувки (чевли најчесто еден пар кломпи на штикла или сандали кои можам да ги носам со секое парче гардероба,апостолки за плажа, папучки за во соба-овие ми се потребни да бидат суви за да не се лизгаме по плочките во соба и тераса и да не се утепаме, патики обавезно по еден пар).
    -средства за лична хигиена (паста, четка за заби, шампон, регенератор, распрскувач за расчешлување, чешли, памук, стик, дезедоранс, лак за нокти-само еден најчесто црвен, ацетон, огледалце мало,влошки за да не се изненадам иако не ми е време за циклус :wasntme: , бикче и ленти за депилација за препоните, крема за бричење, лосион за после бричење,помада, млеко за тело, неколку пара влажни марамици, тоалетна-неколку рони за почеток....) спакувана во одделни несесери за мене,сопругот и децата да не не ни се мешаат и шминки за мене (најосновно-креон, римел, сјај и руж, по некоја сенка и чупалица обавезно)
    -средства т.е. креми и лосиони за сончање, шеширчиња
    -аптека-лекови за температура, чепчиња, аспирин и аналгин, носам и од оние фервекс кесичките, апчиња и сируп за алергии, дијареа за не дај Боже, сирупи за кашлање за децата, топломер....
    -носам секогаш и сјај, сунѓерче, течен сапун,виледа и 2-3 кујнски крпи-да ми се најдат за секој случај, плинче за кафе и резервна боца.
    -мобилни,полначи,апарат за сликање....тоа од прилика....

    Што се однесува до диплење, јас ги диплам сите алишта на две, т.е најшироко што може, пр. маици на сопругот само кај ракавите и на пола,моите и на ќерка ми фустаните исто само на пола и најшироко распостелени по куфер-така ем не ми се гужваат, ем ми зафаќаат најмалки место. Долен веш и чорапи пакувам одделно во кесички и тие ми се збутани по ќошињата на куферот. :lol:
    Прво пакувам најодоздола облека по долги ракави, па по кратки, пижами, пешкири и купаќи најодозгора се....доаѓаме во соба, брзо раскомотување и правец на плажа.
    А обувките па ми се во другиот дел од куферот, оној најнапред што е и одделен е со патент...а ако нема место таму за сите обувки, тогаш останатите се скрос најодозгора во самиот куфер во кеси спакувани.

    Пешкирите и чаршавите (носам мои заради децата) ги ставам во оние спејс бег што се собираат со усисивач и така штедам на простор. Носам и мали ќебенца за децата т.е до сега само за малата носев, а оваа год. и за двајцата.
    Ќе носам и количка-чадорче затоа што зафаќа малку место во багажник, резервен чадор за на плажа, кофички и др. играчки за децата.

    Оваа година за малиот ќе си носам и се` што јаде (веќе направив список за него :lol: ) и пелени за секој случај, не сакам да ризикувам. :!:

    Се` тоа иде во гепек, а напред со нас обавезно носиме и фрижидерче за по пат за вода, сокчиња, нешто за јадење,грицкање и по некоја играчка во кола за занимација. :D

    И да не заборавам,напред со нас и гардероба за децата за пресоблекување ако се испотат, истурат со нешто и така.

    Секоја година си го чувам списокот и го ажурурам по потреба. :wasntme:
     
    На Espadrila, ana-banana, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хипстер не си едниствена за храната за по пат :lol: јас за тоа си имам цел ранец си го полнам чипсови, смоки, некој сендвич, грицки, мицки и на крајот ќе изедам едвај пола чипс :tmi: и за аптеката исто..

    Јас помислив годинава ќе ја соберам козметиката во едно мало несесерче, амаа ништо од планот.
    Ама па кај во еден несесер ќе собере шапон, купка, лосион, маска, регенератор и уште 35452463 други дрнгалашки, еве на масата се наредени 3 несесери :tmi:.
    Мајка ми ме гледа и вели: А ти ќе се селиш од дома или ќе одиш 7 дена на одмор..
    За чевли и немам многу, едни сандали, патиките, влечки и балетанки, пешкири, 2-3 пара фрмерки, маички, неколку, тренерки еден пар, пижами, некое фустанче и изгледа пак ќе седнам врз куфер и два саата ќе се обидувам да затворам патент :^)
     
    На lolyta777 и Hipster им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Лолита еден збор ќе кажам само- МАЈКА!
    Абре како мајка ми да ја читам, се испланирано до детал, ништо да не промакне :D
    Инаку за козметика, јас пред некоја година си добив од офрејм една мала торбичка, специјално за козметика, со преграти за шампон, регенратор, креми за сончење(носам 5 различни фактора јас секогаш |( ), шминки и се и сешто што сакате да го носите за по пат, ја немам уште носено, планирам годинава да ја испробам да видам како ќе ми оди со остантиот багаж.
    Така куферот ќе ми се ослободи 1/3 празно место и ќе има поише место за облеката.
    Ама ќе бидам насамерана со 100 торби на мене, али ако, кога се ми е во куфер, јас не можам да го мрднам ни 5 метери, вака на секој муж по една торба и средена работа :rofl:
    Иста ваква имам, а собира доста, изненадувачки многу
    [​IMG]
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Hipster, јас носам посебен куфер за козметика и се` она што спаѓа под лична хигиена, да не ми се мешаат работите. :D Се нервирам кога се` ми е измешано и не можам да се снајдам во некој куфер....вака се поделено и мирна глава. :wasntme:

    Значи еден голем куфер за мене и мм за гардероба и обувки и пешкири, еден за децата исто за гардероба и обувки (таа шмизла од ќерка што ја имам секоја година ми додава и додава само по некој нов пар сандали, апостолки и балетанки, демек ќе и` требале |( :lol: , (па имаме тука мала кавга треба-не треба :D ) и посебен трет куфер за козметика.
    Секоја год. додавам по еден куфер или торбица и на мм му се темни кога ќе ме види спакувана, ми вика-добро бе, да не одиме да се селиме на Тибет :^) :D
    Маж бе, маж, што знае тој :emo: :D
     
    На Hipster и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Еве го список за годинава
    Нај прво го истражувам местото каде што ќе одам....Потоа го отворам плакарот и си правам список..
    1.Четка за заби,паста,купка,шампон,сапун си купувам од таму.
    Носам ваков сет
    [​IMG]
    Од нега на кожата носам:крем за лице,раци,масло за тело,четка за миење на лице,четка за коса.И секако млека за сончање
    Во ваков несесер ги ставам.
    [​IMG]
    Од шминка:сјај за уста,римела,сенка, ацетот и лак за секој случај.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Од парфеми
    [​IMG]
    [​IMG]
    2.Од облека.
    Однапред испланирани по 3 комбинации на ден.Плус 10 пара купачи,фустани за на плажа,долна облека,сако,џемперче,фармерки,тренерки,хеланки,пижами 3 пара,чорапи,2 блузи на долги ракави,шешир,марами,очила за сонце,ташни..во зависност од комбинации оваа година ќе носам 2 цела и шарена.
    3.Од чевли
    2-3 пара рамни сандали,апостолки 3 пара,римјанки 2 пара,1 пар балетанки,патики 1 пар.
    4.Од лекови
    За температура,за главоболка,и линекс.
    5.Лаптоп,полнач з алаптоп,телефон полнач за телефон,апарат и полнач за апарат.
    (овие се во ташната со мене.)
    Во ваков несесер си ги ставам шминките и парфемите.
    [​IMG]
    Најдоле чевлите и несесерите со шминки ,потоа купачите ги ставам со едно кесе и нив,па фустните,па сакото,џемперите,тренерките,хеланките,фармерките и блузите на долги ракави,после кратките панталони и блузите и најгоре пешкирите.
    Лековите и телефоните и сл.ги ставам во торбата со мене.
    Најчесто патувам во кратки панталони блуза на кратки ракави и римјанки.
    И секако со мене нешто за грицкање и пиење. :D
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    ^ 10 пара купаќи :o шо ќе ти се толку :?: јас носам два пара најмногу :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Секое пакување ми почнува со зборовите: Годинава помалце облека и полесен куфер.
    Никогаш исполнето! :!:

    Секогаш ме фаќа нервоза кога ќе видам дека пешкирот за на плажа, пешкирот за тело, пешкирот за лице, пижамите по долги, пижамите по кратки и една јакна ми се пола куфер :tmi:

    А каде е облеката и несесерите и фенот и чевлите? |(

    Сметам дека не носам премногу облека, иако стандардно секогаш враќам нешто необлечено.
    Притоа јакна и џемпер се задолжително бидејки некое лето кога ќе фати бура значи смрзнувачка е, мора да се има зимска облека а и затворени чевли, кои најчесто и ги враќаме необлечени, ама мора да се носат според мене.

    Имам неколку несесери. Еден за креми за сончање, едно несесерче аптека, еден поголем за козметика декоративна, еден мал за препаративна бидејки на одмор се трудам и моето лице да одмара :)

    Чевлите секогаш ги ставам во друга торба, носам апостолки, балетанки и сандали најчесто, во глобала носам рамни чевли секогаш, а и во последниве години во искачањата не ми спаѓаат дискотеки за да носам штикли дополнително, а и да отидам нема да ме вратат со балетанки ако сум :)
    Секогаш носам и дебела сунѓереста лежалка за на плажа, па и карти, тенис за на плажа, душек, апаратчиња за комарци и секакви глупости и оваа торба на крај е фул.

    И на крај секогаш зимам ранец со мене за храна и испаѓа дека без 1 куфер, 1 торба и 1 ранец јас неможам да тргнам на одмор.
    Дечко ми стандардно вика по мене, смета дека ќе дојде денот кога ќе искилави од мојот багаж.

    Секоја им чест на мажите, облека, чевли, козметика, пешкири се абе СЕ спакувано здиплено во едно куферче, уредно се тоа. Мојот куфер секогаш е похаотичен. Посебно во сите прегради има дал кесе со долна облека, дал кесенце со купачи, дал книги, дал чорапи.

    И нешто што секогаш носам на одмор се и минимум 10тина закачалки. Кај се носам уште и тоа :lol:
    Ама неможам, навикната сум облеката секогаш да ми е на закачалка, ако ми е само здиплена се нервирам заради рабовите :)
     
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас се спакував, се ми собра во еден куфер, не од најмалите туку оние малце поголеми, а имам доста, сукна кратка, долга, долг фустан 3 фустанчиња, кратки панталонки 4-5, маички повеќе, долги како шалвари, кратки пантолони за излагање, тренерки, 23-4 пара купачи, пижамки нормално, и сигурно има уште нешто. Козметика во посебно куферче мало. И уште место имам во куферот а мислам дека и премногу носам. Сепак идам само на 8 дена.
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јас сега се пакував за на планина, затоа и земав 2 пара тренерки, 2 пара фармерки, некоја маичка на кратки ракави, пижами на долги, пижами на кратки, едно потанко џемерче, пешкир и во еднен несесер ги стиснав :D најопходните работи шампон, балсам, дезедоранс, маска, четка, паста, сапун...
    планирам да си земам и 10-тина нес кафенца, шеќерчиња, карти, монопол :D
    другарка ми ќе носи плинче и турско кафе :)
    од таму се враќам па за 3 дена одам во Струга и на крајот на Јули одам во Охрид кај Hipica на гости :P :D
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Заборавив списокот да го споменам ]:) обавезно си правам список, па после се пакувам, макар и да одам на еден ден само. Што да правам кога не ми текнува се одеднаш :D
    Инаку, козметиката и јас ја пакувам во посебен несесер :)
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  18. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Ај кажете ми јас што да понесам? Зошто само мене ми се слуцува ова? Што да понесам јас? Имам само 4 пара фустани,3 се свецени,еден за на плажа,еден пар фармерки,4-5 маици и толку. :(
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Теди ... многу си огорчена и агресивно настапуваш.

    Ако одиш на одмор ќе си понесеш тоа што имаш. Еден фустан (оној за на плажа), едни фармерки и 4-5 маички.
    Немој и тука да колнеш и скокаш безврска.
    Сега ќе ти раскажам една случка...
    Пред некои 10-тина години, тргнавме преку една агенција на одмор во Грција. Тоа што го памтам од тој одмор беа две девојки кои беа со нас во тој автобус. Додека ние ги мкневме куферите, тие дојдоа на закажаното место со по еден еден зелен ранец (оние војничките од ЈНА, со два џеба напред) на грб, од кои штрчеа сламени лежалки за на плажа. Ми паднаа во очи и неможев, а да не ги прашам каде им е багажот. Рекоа, па еве го (покажувајѓи на своите ранци). Мммм...па добро што носите ги прашав? Купачи, пешкир, по две маички на кратки ракави, шорцеви, гаќи, четка за заби, чешел, апостолки,заеднички -паста,крема за лице ... и ова што е на нас - патики, фармерки, маичка и дуксер.

    Од тогаш секогаш кога се пакувам помислувам на нив и се обидувам колку толку да ја применам нивната рационалност.
     
    На bertold, Mikako, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    списокот не ми е подготвен сеуште .. но јас многу работи носам со мене :x