Од козметика обично носам крем за лице,крема за сончање,лабело,чупалица ако се појави некое непожелно влакненце,стапчиња за уши,млеко за тело,брич,дезодоранс,камен за пети и крема за стапала,прибор за нокти(не вклучува лакови и ацетон),чешел,шампон,маска и гел за туширање во мали пакувања,крема за коса,шнолички/стегачи,фен,четка и паста за заби исто така минијатурни. Долна облека,купаќи,пижами,пешкир за коса,за тело и еден за на плажа,апостолки,лесни обувки,балетанки ,сандалки и сл. ,еден пар патики. Чорапчиња ,хулахопки некој пар. И однапред смислени комбинации облека што ќе ги носам. Плус еден пар долги панталони и блуза по долги. *Ако одам со друштво и одморот ми е повеќе умор и забава,тогаш и некое вечерно фустанче носам,сандалки на штикла и нешто минимално од шминка. Наочари,шеширче обавезно, ташна за на плажа. Плус несесерче со лекови,парацетамол,линекс,аква марис за нос,капки за очи,витамин ц,б комплекс,кафетин колд,кафетин менструал(а,да и влошки за секој случај),завој,гази,фластер. И една ташна што ќе одговара со повеќето од комбинациите. Мислам дека ништо не заборавив. Тоа би било тоа. Обично ми треба еден куфер и еден ранец за да се спакувам.
Мене планирањето што и како ќе понесам, правењето списоци и пакувањето ми се всушност најзанимливиот дел од целото патување. Пред се, секогаш имам список на нешта кои ќе ги понесам со мене, од причина што според тој список се раководам на враќање, да не заборавам нешто, бидејќи без тоа сум прилично хаотична. Од аспект на средства за лична хигиена и козметика, ми нема разлика дали одам некаде на два дена, дали на две недели, затоа што секако го земам она што користам секојдневно, односно го празнам цело купатило, благо кажано. Облека, секогаш пакувам од прилика, си замислувам што и како би носела, планирам по денови, земам превентивно по долги за нели, ако е ладно и секако за навечер. Чевли земам најмалце - еден пар апостолки, еден-два пара старки за навечер и ми е сосема доволно. Купаќи имам два-три пара, од кои едниот е обавезно облечен на мене за време на патувањето, затоа што не губам време кога стигнувам, одам правец плажа. Секогаш ми стига една големка патничка торба/куфер, ама редовно си имам со мене еден војнички ранец, и во него има основно работи за по пат, лекови, вода, палома, влажни марамици и слично.
Мој најважен еден и единствен совет за кога одите на летен одмор е: Не носете шминка: не за пудрата, сенките, креонот. Да за крема за лице, перли може а и немора, карминче, сјај, лабело и маскара зависи. Секако морално да си носите четка за заби и паста, лосион за лице, интимна купка, шампон и обична купка за тело. Постелнина исто. Јас во глобала на одмор никогаш не ставам пудра за вечерно искачање. Мислам дека и нема потреба бидејќи нели сите не фаќа тој убавиот и природен тен. Од гардероба носам отприлика смислени комбинации за секој ден по две варијанти (ноќна и денска) - најчесто суќни и панталончиња кратки искомбинирани со маичка. Носам многу шешири, наочари и купачи. И многу апостолки. Штикли во вистинска смисла на зборот не носам. Си носам само еден пар од оние санадалите со полна пета.
Хммм, моја тема а? Кога започнувам да се пакувам, започнувам најпрвин од пешкирите. Пешкир за на плажа,два пешкири за туширање, пешкир за коса (по можност два ставам), и два пешкири за лице. Во посебна чанта од Орифлејм ми е, сива, прилично практична и голема, ставам паста, четка за заби, шампон, регенератор, два сапуни, едниот за раце, другиот за туширање, турпија за пети, грицкалка и турпија за нокти, два-три лакови, ацетон, памук, лосион за тело, масло за тело, Аутан против комарци, ханзапласт,креми за сончање со различни фактори, бикче, чупалица,депилаторот,( со се полнач, четче, и додатоците ),дезодоранси два, едниот антиперспирант,стапчиња за уши другиот со летен, убав мирис, карти, еден, или два пара обетки,крем за стапала, стегачи и шноли за коса, едно или две списанија, крстозбори и толку едвај се затвора. Во друга чанта и таа ми е од Орифлејм, како куферче е , црвена, тука ставам несесер со крем за лице, пудра, руменило, маскара, кармин, сјаеви за уста, креон, лабело, сенка во неутрална боја, восок за коса,маска за коса,уште еден пар наочари, овојпат друштво тука ќе им прави и дигиталниот апарат и Мр4, потоа во посебно несесерче парацетамол, аналгин, витамин Ц и една крема за после сончање, гел и дезодоранс за интимна хигиена, влошки, и секојдневни влошки. Едит: и полначи за мобилните Кога иди ред за да се пакува облека оваа година ќе земам помалку. Два-три пара купачи, долна облека, чорапи, неколку сукњи, еден или два пара кратки пантолони, околу пет-шест маички,една блуза на долги ракави,две-три фустанчиња, еден пар тренерки, едно џемперче,патики,апостолки, сандалчиња ниски, и едни на плута. Во друга торба ќе си носиме овошје, супи, некои чипсови, благо а другото ќе го купиме оттаму. Во раце ќе си го земам она сламеното што е за на плажа, имаме перниче за во вода и тоа. Се надевам нема списокот да биде дополнет..
Татко ми е експерт за пакување, ми се чини дека цела куќа може да ја спакува во еден куфер Од него научив како рационално да го искористам куферот или торбицата, па секое ќошенце да е потполнето. Пред да се пакувам, задолжително си правам листа што ќе носам. Листата ми е поделена на категории: прибор за лична хигиена, долна облека, чевли (ако одам на одмор категорија за облека за на плажа) и слично. Секогаш гледам да носам што помалку облека, особено ако ја знам временската прогноза. Сега кога бевме во Минхен, успеав целосно да се спакувам во обична торбица пуштена само на еден спрат. Мајка ми ми вика: Торбичево ти е полно како окце Вообичаено торбицата или куферот почнувам да ја полнам со пешкири, па потоа со останатиот дел од облеката, убаво здиплена. Некои мали слободни просторчиња ги потполнувам со чорапи, тенки маички или гаќи. Ако носам да речеме балетанки, ставам облека во чиста кеса, па кесата ја ставам во балетанката. На пат со мене секогаш си носам мали пакувања шампон, маска за коса, креми, лосиони и слично. Имам мали шишенца и кутичиња специјално за тоа, па во несесерот ги редам во шема Тетрис, за максимално да го искористам просторот Во прицип знам да се спакувам во многу мало куферче, а со мене да понесам се што ми треба
Сите кутичиња со креми и шишенца со шампони и лосиони ми се со различна големина, а несесерот ми е во правоаголна форма. Па гледам да ги наместам по шема тетрис, во смисла - целиот несесер да биде скроз исполнет. На пример, шишенцата ги ставам исправени и наредени во еден ред, па до нив доаѓаат кремите во најголеми кутичиња, па измеѓу кај што има простор ги ставам помалите, ги превртувам ако има потреба. Некогаш измеѓу ставам од тие кружните памукчиња за чистење лица, за да потполнам некоја празнина... баш како тетрис
Јас кога се пакувам за на одмор секогаш ставам и што треба и што нетреба за секој случај де. Посебно сега со две деца, да не им е ладно, па да не испотат, па патики, сандали.... и нема крај. Мм секогаш мрчи дека премногу облека носам, и купи човекот кола караван зошто виде со кого си има работа и немам вејќе проблем со пакувањето.
Јас си имам едно помало куферче во кое се пакувам,обично доволни ми се тоа и една торбичка од средна големина. Во куферчето прво,најдоле ја ставам бањарката,па си ставам 2 пара купачи,десетина маички по кратки,неколку по прерамки,три четврти панталончиња,2 пара фармерки,и едни шорцеви,и обавезно марамите за на глава Ставам и 2,3 летни фустанчиња за до плажа,и дуксер за секој случај.Во кесичка ставам чиста долна облека и во торбата за плажа ставам пешкири. Потоа,во друга кеса ги ставам старките(без нив не тргам),апостолки и 2 пара рамни сандалки. Во торбичката ставам крема за лице,анти-перспирант,влошки,парфемче,маскара,сјај и креон.Пошто имам уште место,тука ги ставам и кожните алки и ланчињата што најчесто си ги носам,и секако,турпија за нокти,лакови во неколку бои,памукче и ацетон,чешел и неколку стегачи. Си имам и едно онакво мало ташниче за преку рамо кое си го носам со мене и во него имам телефон,слушалки и апарат за сликање. Тоа би било тоа Спојлер Дубровник,чекај ме и годинава,се надевма дека ќе дојдам!
Мојот список и начин на пакување е прилично сличен, да не кажам ист со на Лолитка. Кај мене со разлика што имам торба за на плажа- попролично голема и таа ми стои така спакувана цела година. Во неа се 2 пешкира за на плажа, + свечената бањарка за на плажа на синко, , со се моите купачи и со се несесер за на плажа (со средствата за сончање, чупалица и мало огледалце). Една торба е за мене мене и маж ми, една за детето и една со пешкири, крпи за во кујна и некоја навлака за перница. Ранчето на синко во кој има комплет за менење пелени, 2 блузички и 2 пара панталони, и 1-2 мали ризички- пешкирчиња. Тоа ми е во кола до мене, за секој случај ситуација.(имавме лошо искуство со повраќање при возење...) Може заборавив нешто, ама Лолитка кажа се. А да...мм не носи за себе пена, брич и лосион за бричење. Обожава да се забради на одмор.
Ова мама да не го пишувала Се зезам кај мене мама не пакува јас имам една торба мама и тато друга торба и брат ми друга торба во торбата за на плажа стојат тие крпи за на плажа бањарка за брат ми и купачите.И во друга торба пешкири за после туширање и крпи за во кујна и така
Еве уште некој совет плус, летово добро ќе ни дојдат http://www.ladybook.mk/mk/post/5236/13- ... atuvanjeto
Лето е.. совет плус нема да е на одмет Како да се спакувате? 1. Запомнете дека сите работи кои ќе се најдат во куферот мораат да си одговараат меѓусебно за да можат лесно да се комбинираат. Помалку време покрај огледалото = повеќе време на плажа. 2. На меките парчиња (тренерки, маички, џемпери) при пакување им треба помал простор, а на оние со погруби материјали (блејзери, фармерки, јакни) им треба повеќе место. За меките е подобро да се во долниот дел од куферот, завиткани во ролни, а погрубите здиплени во горниот. Така ќе имате повеќе исполнет простор, а и облеката нема да се изгужва. 3. Најлесен начин за пакување на шапките е ставањето на предмети кои би спречиле нивно кршење. Најдобро место е во најдолниот дел од торбата. Над неа внимателно е најдобро да се стави меката облека околу рабовите на капата. 4. Искористете го просторот во чевлите – балетанките и патиките имаат многу место кое што може да се искористи за чување на полнач за телефонот, чорапи, лакови за нокти, па дури и очила за сонце. 5. Малите предмети како долната облека и пижамите можат да го пополнат празниот простор меѓу околу облеката. 6. Блузите, фустаните и другите нежни парчиња облека треба да бидат на врвот од куферот. 7. Избегнување на незгодни ситуации – при завршување на пакувањето ставете пластична кеса преку облеката и особено внимавајте да бидат покриени рабовите. Ако нешто се зафати кога го отворате вашиот куфер тоа ќе биде ќесата, а вашиот нежен фустан ќе биде целосно заштитен. 8. Никако не заборавајте ги вашите креми за нега и маслата за сончање.