Совети за полесно породување

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.951
    Пол:
    Женски
    Ајде да дискутираме за оние мали "тајни" кои би ни помогнале во големите и долго исчкеуваните мигови во нашите животи.Зошто на сите нас,кога тогаш ќе ни притребаат, секоја од нас ќе биде мамичка еден ден.

    Многу пати сигурно секоја од вас чула:
    -Аууу за 5 минути се породив.
    -Лелееее како лесно,па вак 100 можам да ги родам.
    -Абе ништо ништо,отидов седнав, како олеснување за 10мин станав
    .....и многу многу други муабети од различни искуства на многу жени.

    Исто така знаеме дека и голема врска има генетика и конституција,нашите движења, но сигурно постои некоја ваша мала тајна,кажана од мама/баба. Нешто што ете можеби на некој начин ви го олеснило пораѓајот.Или пак сето тоа се заборава во тој моментот?
    Можеби предпородилните вежби,јога,предавања....

    Носевте амајлија на самиот чин, или пак ако саканиот бил до вас-и тоа можеби ви помогнало?
    Се подготвувате ли на било каков начин за тој чин, или си рековте се препуштам во рацете на докторите и Бога?

    повелете,мамички....
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    848
    Ваши совети за полесно породување

    Snow ептен активна стана во оваа категорија :D да не има нешто кај тебе за фалење? :lol:
    Извинете за офтопик и Snow немој да ми замериш, онака само прашав :*

    A онтопик, некаде прочитав, не знам дали беше овде или на рингераја, дека за да се отвориш побрзо помагало ако седиш на топло, до печка, радијатор и сл. Не знам дали е точно, така прочитав. Мое лично искуство немам ;)
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.752
    Ваши совети за полесно породување

    Нати, да не те лажи ѓаволот кога ќе си бремена да седиш на топло. Блиску до печка, на печка, со грб да се топлиш. Ниту многу топол туш не се препорачува, туку млак, накај ладен.
    И на сите идни мамички и оние кои ќе ја фатат зимата, никако топлење до печки и радијатори и туширање со мн топла вода. Дека напротив, може сериозно да се наштети и несакано се да заврши, не би да именувам многу примери.
    Инаку препорачано е бања за полесно опуштање и справување со болките,ама кој може да мисли кога дошол денот.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    848
    Ваши совети за полесно породување

    Noelle кажав јас дека немам искуство, дека само прочитав, а имаше коментари дека на некои навистина им помогнало топлото, ама се си мислам дека беше на рингераја, имаат и они форум. Баш ќе побарам. А инаку, фала за советот, сепак мене уште ми е рано за бременост :D а кога ќе дојде времето за тоа ќе видиме како ќе биде ;)
     
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Ваши совети за полесно породување

    јас лично искууство немам зошто рано ми е за дете но имам слушано дека жените кој пешачеле често за време на бременост полесно се пораѓале отколку оние кој се улежуваат дома и само седат
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    284
    Ваши совети за полесно породување

    Нешто мислам дека нема правила и тајни за овој процес. Мене ми рекоа да не слушам приказни од 100 места, бидејќи сепак е пороѓајот е индивидуална работа и не е ист кај сите.
    Јас би пробала кегелови вежби и перинеална масажа ( ова читав на сајтот твое бебе) и евентулно да посетувам часови за дишење и психички да се подготвам да не ме фаќа паника. Друго помош и тајна мислам дека нема, тој е патот, бебето мора да излезе од тоа место и мора да боли.
     
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    600
    Ваши совети за полесно породување

    Од мама и баба совети не знам ма ззнам дека кога братучедка ми требаше да се породи со првото дете си го подмина терминот и јадната веќе батали и страв и се едвај чекаше да излезе бебето.
    Докторите и рекоа да оди дома и да има секс со маж и. После неколку тури, фактички уште наредниот ден ја однесовме во болница да се пораѓа. После нејзе имам слушано уште за неколку жени што го добиле овој совет од докторите.
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.678
    Ваши совети за полесно породување

    Јас баш пак од мојот доктор добив совет да НЕ го практикувам сексот (поради здравствени причини-да не се пренесе некоја бактерија од мажот) и дека немало врска со отварањето. Јас си испробав и се покажа ова непишано правило како заблуда.
    Како што пишале погоре, кај секоја жена е различно. Зависи и од градбата на жената, од поставеноста и големината на бебето и многу други фактори. Многу велат на денот на пораѓајот да шетаат трудниците за побрзо да се спуштило бебето. Јас шетав 5 саати и изгубив сила потоа за давање напони. Затоа за наредно си знам, само лежење на лева страна и помалку шетање.

    Ова за топлово во зима, моја другарка си отседе дома цел процес (од пукање на водењак до 5 минутки пред пораѓај) со два радијатора околу неа. Се породи за 5 минути откако стаса во болницата. Нејзиниот заклучок беше дека демек до топлото било :?: . Не сум стручно лице да кажам дали е ова исправно или не, само споделувам искуство.

    Сума сумарум, ако бебето е големко, а ти со тесна карлица и/или не се отвараш, ако сакаш и на раце стој, тоа ти е.
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    72.705
    Пол:
    Женски
    Ваши совети за полесно породување

    Прочитав многу книги дури имав и касети со инструкции за полесно породување.Се заборавив кога ме фатија болките. :D Единствено нешто што ми годеше беше долгото пешачење .Не испуштав ниту еден ден да не ја препешачам замислената километража.Се породив релативно брзо.Со првото за 4 часа,со второто за 1 час.
     
    На ines.h и tessie им се допаѓа ова.
  10. ladydi1

    ladydi1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ваши совети за полесно породување

    zdr do site molam za sove bremena sum vo 8-mesec i imam eden problem :worried: vaka problemot e so malce poslabo slusam i ako imam normalno poroduvanje dali moze da mi postane pogolema maka so sluhot ili da odam na carski rez nz so e naj inaku ovaa mi e prva bremenost pomognetemi cao

    [mod-kirilica:xtodazo4][/mod-kirilica:xtodazo4]
     
  11. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Ваши совети за полесно породување

    Не би требало да биде никаков проблем, слушала не слушала тогаш и така нема ништо да ти се слуша во тие моменти :D Добро е ако можиш сопругот да си го понесиш како подршка.
    Ако си од Скопје оди на часовите за трудници што се ке ти ги кажат техниките на дишење и опуштање ,кои се многу важни.Јас кога одев ни кажуваа дека начинот на дишење е многу битен, треба да си опуштена.
    ДА знаеш, се ама баш се се заборава кога ке ти го стават бебушот на гради, ни болка ни ништо нема да осекаш и јас сум се чудела кога ми велеа така ама стварно е така. :)
     
  12. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    Ваши совети за полесно породување

    А јога за трудници, не помага тоа? :^)
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Ваши совети за полесно породување

    Ауууу не, не, не, не се заборава :tmi: ....така се изнамачив со второво што ако случајно одам на трето, со царски ќе се пораѓам, нема никакви теоретски шанси пак да се осмелам да ги поминувам тие болки. :!:

    Он топик...кај секого е различно и нема правило.
    Со првото бебе поминав ептен лесно. Се породив доцна есен, ладно беше и не пешачев ама баш нигде, улежана до немај каде :D , поправена 23-4 кг. мечка, слон, теретњак.. како сакаш :wasntme:, никакви вежби, ни кегелови, ни за трудници никакви јоги, нада...а се породив со 2 напона за неполни 2 часа.
    Со второто-летно време бев бремена, така што приквечер секоја вечер кога ќе заладеше вртевме кругчиња со мм или ќерка ми низ населба по мин. половина час, се поправив 12-3 кг., пазев и на исхрана, правев и од оние кегеловите вежби (читав на рингераја за нив), а поминав ептен тешко, многу напони, многу напрегања, 4 саати болки, а бебе немаше абер да излезе :x (а викаат дека второротка поминува полесно. :!: )
    Да додадам дека второто бебе по килажа беше поголемо од првото, може и тоа има врска за полесно породување. :?:
    Ете ме мене, две бебиња-две различни искуства. ;)
     
    На Espadrila и DeMelo им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.533
    Допаѓања:
    132.544
    Пол:
    Женски
    Ваши совети за полесно породување


    Нема зошто да имаш проблеми со слухот при породување, таман работа. Единствено можеш да им кажеш таму на докторот и сестрите да ти зборуваат малку погласно, ако има потреба. Природното породување нема да има никакви негативни последици за твојот слух. Ајде, не се оптоварувај за тоа воопшто, уживај си во последните недели и со лесно да ти е.
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Ваши совети за полесно породување

    Ај ја да се убацам ко џокер у покер, ама само колку да си разјаснам сама на себе нешто.
    Една моја пријателка имаше проблеми со видот ...нагласувам со ВИДОТ, а не со слухот т.е. ако дадела напон постоела опасност да и` пукне нешто таму, некој очен притисок :?: ....да не биде сега рекла-казала муабети :!: , ама женава и при двете бремености се породи со царски. Што е работава.... :?:
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.136
    Ваши совети за полесно породување

    При нап може да дојде до откачување на некој тромб и да погоди некој центар во мозокот НО само ако не се баш ок резултатите од крв (незнам како стучно да кажам).
    Сепак во зависност од резултати гинеколог кажува дали има некаков ризик од нормално породување.
    По моја некоја си логика што се однесува до слухот сигурно имаш некои проблем со притисок во ушните канали што најверојатно се здебелени и затоа ти е намален слухот - сепак стручно лице ќе ти каже најубаво јас ова од искуство на др. мајки кои имале проблем со децата со нивен слух (па као да не плачат затоа што од напињане нели кога плачат можат да направат поголем проблем).
    А со видот, сигурно е пак проблем тој очен притисок, ама пак ќе кажам стручно лице пак да се консултира.
    ...како и да е се е поврзано со напот и зголемен притисок при породување
     
  17. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Ваши совети за полесно породување

    Јас искрено до сега немам слушнато за некои тајни или тактики за време на породувањето :) секо породување е приказна за себе и сите имаме различно искуство! докторот ми препорачуваше да се движам и пешачев доста со оглед на тоа дека бев качила 25 кила :lol: ама едно мое искуство сакам да споделам со вас бидејки се чувствував како тенк а и терминот ми беше поодминат одвај чекав да се породам и на на ништ веке не мислев вечерта непосредно пред да ми пукне водењакот имав односи и за 5 минити ми пукна водењакот на клиника отидов без болки таму за 2 часа се породив :inlove: Е сега може е од секојдневното пешачење а мислам дека и сексот имаше влијание : :P
     
  18. ladydi1

    ladydi1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ваши совети за полесно породување

    fala na site za vaseto mislenje sepak ovaa mi e prva bremenenost i zato samo na toa mislam pa si mislevdeka nekoj ce mi pisi so ima vakov problem kako mojov inaku pak ginekologot ce si go prasam za negovo mislenje kako i da e bebeto mora da izlezi nekako samo da e toa ok :D:D
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    4.895
    Труднички муабети

    сакав да прашам дали некој има одено на некакви предавања во државна во врска со начинот на пораѓање, разгледување на салите и слично. Порано имало некој предавања секоја среда.. Сега незнам па се мислам дали да поминам да се распрашам. Некое искуство од трудничките мами :?:
     
  20. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    582
    Труднички муабети

    арно ти текна :) баш да ми кажеш и јас сакам ;)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.